Не, Fero Folic 500 е железо плус фолна. Може да ги пие секој, читам многу се задоволни, и јас се мислам да ги земам последниве месеци.
Супер, значи безбедни се и за трудници? Дека и ги дале на трудницава, но дека грчки, грчко упатство и збунета беше... да не не смеела да ги пие.
Плодовата е баш жешка како да те попари нешто тоа знам. Многу почна да клоца да се превртува се поткрева цел стомак,после ке ти презентирам Ваљда многу притиска и кога ќе кивнам сум лом,ама што само читам и помислив плодовата да нее. Нормално е често мокрење бебе притиска а и плус јас пијам по 5 литри вода на ден плус чаеви и лимуни па затоа е.
Мене сеуште ми се случува, а 1год ке ми полни малава При кивање обавезно.. Почнав да вежбам и на секој поголем скок, ми пушта бешиката сама Нз дали ова може некако да се среди, но ми рекоа дека од бременостите ми било...
Пробај со кегелови вежби. Има на нет инструкции како правилно се прават со стегање и опуштање на мускулите кај вагината. Јас па чудно еве 35 ја ситнам, а се уште можам цела ноќ да ја преспијам. А голема мочла си бев по природа инаку.
Два пати обавезно ноќе станувам за WC и спиење ич само 3-4 саати, подочници секој ден, енергија 0, страв ме фаќа, со бебе уште поќе ќе биди ова сигурно
За спиење и јас се будам по неколку пати и тоа онака свежа наспана. Маж ми вели од сега се спремаш ти за бебе. Ама среќа призаспивам и гледам максимално да се наспијам сега. Утрово си го сонував бебе, си го облакав во алиштата што му ги купивме. Куќаваа ни беше полна луѓе сите блиски мои и на мм (макар што местотот ми беше сосем непознато не беше кај нас ама како да било кај нас). И мн убаво ми падна дури не ми се стануваше. Се стопив како бебе мирно си спиеше во мои прегратки такво малечко и црно. Хахах Па баш ќе видам дали ќе си личи кога ќе се роди. Јас сум мн црна родена, после сум обелела и затоа сега и ќерка си ја замислувам таква.
Здраво девојки И јас се будам обавезно во текот на ноќта, обично накај 1 и си седам до 4ипол 5, и после пак до 9-10 си поспивам Сакав да Ве прашам како се справувате со неодење по вц, јас мислам ке пукам, пијам Баланс, јадам суви сливи ништо не ми помага. Прашав и доктор и други трудници и на нив така од Добрестонот
Мене балансот повеќе ме дуе и запек ми прави. Јади јаболка, киви и суво овошје. И пробај со провен за трудници.
Јас имав проблем со несоницата некаде во 5 и 6 месец. Сега си спијам. Еднаш до два пати станувам за во тоалет задолжително. Во однос на "пуштањето" кај мене почна многу порано,прашав, ми рекоа без паники и така и се обидувам да го сфатам тоа. Јас имав и секрет и претходно,а сега во 8 ми месец посебно. Убедена бев дека имам некоја бактерија,ама еве вчера добив резултати и за последниот брис,во ред е се,сите брисеви досега ми беа негативни. Мојата постелка е на преден ѕид. Го осетив бебе околу 22 недела,а матичниот ми рече дека е исто дали е на преден или на заден ѕид. Инаку ми е втор степен на зрелост,на преглед така ми кажа др,но рече без паники може уште вака да тера. Има и лакуни појавено. Јас сум 34+2 и ноќва останав будна од болки во половината. Тоа ми се истите болки како да ќе добивам. Не се во правилни интервали,или ги има постојано или се јавуваат во различно време. Што да правам? Магнезиум можеби по две дози да земам? Има ли некоја да ми сподели искуство? Заборавив на преглед да го прашам др... Јас цел живот имам проблем со запек,но откако останав по два пати дневно ако не и три одам задолжително. Внесувам повеќе млечни производи за разлика од претходно и многу овошје. Мислам дека тоа си врши работа. Очекував контролите сега да се почести,др ми закажа преглед за две седмици. Ми вели нема потреба порано од ова што го гледам.
Мене ми се случува секогаш кога ќе кивнам, секогаш со влошка си сум, мислам затоа што матката ми е малку спуштена и сега плус бебе тежи па така да не ме плаши тоа
Дали сте користеле канестен маст за надворешна употреба? Смее да се користи во бременост нели? Имам некоја иритација на "срамните усни"по самите краеви малку црвенило и чешање, сигурна сум дека е реакција на депилација,се мислам да ставам канестен. Мислење????
Јас користев по препорака на гинеколог. Инаку во упатството пишува да се избегнува само во првите три месеци иако не е докажано дека има штетно дејство.
И јас мочкам на секои 5 минути ми се смачи веќе сон неможам да направам како што треба стани легни така цела ноќ јас си мислам дека бебушка ми е ниско ептен ниско ме удира со глава што понекогаш и во гаќи ќе се помочам многу силно удира се приметува
@monik55 ти го кажав тоа зашто потенцираше дека мокрењето е на 5мин, кај сестра ми се случи одеднаш да иде на секои 5мин кога отиде на преглед беше отворена 2цм во 6ти месец без никакви болки. Затоа јас паничам сега за секоја ситница али не мора да значи дека не е нешто во ред
Жени,знам дека паничам ама какви се тие болки што треба да ги чекам? Каде се јавуваат? Во стомакот? Пишав и во претходниот пост дека имам болки во половината,точно во крстот... Прв пат ги осетив во саботата. Некој ден ги има,некој не ... Сега еве пак ги имам... Кога лежам ги има повеќе,кога одам се намалуваат. Исплашена сум,не знам кога е време,рано ми е 34+2 сум ама не ми е јасно ништо. Многу ми е страв. Правев цтг и др рече супер си е...
Породилните болки се како менструални, грчеви во стомак, половина, чуство како да ти се оди по голема нужда... НО, не престануваат. Не може еднаш ги имаш, па ќе прилегнеш или со магнезиум ќе минат. Сеедно дали лежиш или седиш, не мине. Ако те фатила таква болка на 15 минути, по некое време истата ќе се појави на 10 минути, со поголем интензитет, па после на 5 минути, со уште поголем интензитет. Помага правилно дишење, но сеедно што правиш, не мине. Се следи временски интервал и интензитет. Сите бремености ме болела половината и крстот. Уствари се укочував и бев парализирана.