Само вагинално мерење е точно. Незнам што им е толку тешко да направат вагинално мерење. А каде правеше?
ГАК Др. Лазарова Морам да ја пофалам женава, ме гледаше 20 минути и се ми кажа, секој орган го гледаше, го мереше, ми одговори на секое прашање што го имав. Здравје ако она пораѓа, сакам кај неа да одам, така смирувачки ми делува што Бедоксинче ќе си ја викам нагалено
Мојата докторка,но незнам зашто не ти измерила мене на секој преглед ми мери. Јас се кај нејзе одам кај матичната не сум била од 17 недела. Она пораѓа да ама незнам како би ја темпирала за она баш да те пораѓа,ако ја начекаш само на дежурство.
Нема правило. Може крај на 20та, може почеток на 30, може на крај....кај некои се наместило па во последен момент пак отишло карлично, кај други во последен момент 38-40 ќе си се намести.
Денес сум под притисок,цел ден ме боли чудно стомакот доле ептен доле осеќам како да ми тежи и како да неможам да го додржам па седам и лежам цело време.од време навреме осекам како со нож да ме боцка нешто во матката..,беби е активна доста си мрдка онака најнормално...е сега си викам или почна доста да ми тежи дека од утре влегувам во 30 недела па пораснала и тежи па затоа или пак се ми е до психа,вчера пред да заспијам прочитав на еден другар од малта жена му се породила предвреме а само 10 дена разлика бевме она е 28 недела ама ете решило бебето да излезе и се исплашив ептен одма мислам и мене ќе ми се случи истото па денес сум под притисок... Ама сварно ме боли стомакот како менеструални болки на 1 саат неможе тоа да си умислувам кога ме боли... Кажете што да правам сама сум дома и само мислам
Ништо и јас истите болки ги имам по цел ден бодежи силно ме фаќа понекогаш па ќе помине е па така цел ден дури и скрос доле може да се каже кај јајниците ме боли што неможам да станам но поминува стомакот ноќе ми се згрчува едвај станувам до вц многу тешко е но сето тоа поминува јас мислам дека е нормално дур мрда бебушка не се плашам малку да не мрда е тогаш кревам паника 32+3
И јас така осеќам веќе цел месец тоа се лажни контракции си се спрема матката така што не се плаши нормално е се што е издржливо е нормално ако не можеш да ги издржиш болките тогаш веќе мораш да одиш во болница а до тогаш уживај и не се стресувај нормално е да осеќаме боли се шири матката имаме човече во нас притисок прави и тоа е тоа мора да се издржи за убаво е
Нормално е да боли тежат бебињата, моево е 2кг ос утре 32 недела, неможи да не боли матката, денес изгорев од половината ама цел ден имам работа сега легнав нз како да застанам секако ме боли, па не паничам ноќе кога станувам за тоалет неможам да мрднам од што ме боли бешиката, немојте толку се при срце да си земате. До сега за цервикс ништо не ми има речено докторот вагинално ме нема гледано, читам тука сите мерени од 20 и некоја недела, другаркиве мои никој не биле мерени па здрави живи бебиња родија.
Цервикс се мери обавезно на контрола,мора да се води сметка на се а да не се остава на случајност. @Bella* Какви моабети се изнаслушав деновиве што без спиење сум ама мораме позитивно. Не се плаши написе магнезиум и легниси.
Мене првпат ме боли вака затоа малку испаничив ама и можно и до психа да е,во секој случај издржливи болки се ама дека цел ден ме приболува и секакви мисли ме изјадоа... Ајде ќе се држиме тоа е
Мене прва бременост никогаш не ми измерија, а втора на мое инсистирање ми измери вагинално матичната и остана запрепастена Грло километарско... Ваљда не утна до толку, ама 6+цм цервиксот ми беше, вонсериски И на пораѓаите не можеа да дофатат да видат дали сум отворена
Ако имаш можност викни некој близок, или појди кај некоја другарка малку, ќе си помуабетите и ќе ги тргнеш мислите. Мене тоа најмногу ми помага кога ќе ме нападнат мисли што ако.
И јас денес сум цел ден со мали болки, тешко станувам цел ден одмарам дека кај мене на сето ова што ти го пишуваш плус стрес мк прави и полипот кој еве и вчера и денес пак се јави со неколку точки крв колку само да не сум раат Ама се трудам да мислам само позитивно иако цел ден дома лежам, а надвор сонце ми се шета ми се плаче ама мешко е побитен, инаку за некој ден 31 недела ке сум
Мешиња ја сум 20+3 од пред некое време можеби од пред две недели стомакот почна од време на време да ми се стврднува и го чуствувам затегнат и тврд и тогаш ми е отежнато дишењето немижам убаво да се издишам и да земам воздух така ми се случува обично после јадење. Ви се случува ли и вас?
Овие два дена ми се случува нешто чудно. Кога одам, седам, значи кога сум исправена, бебето си мрда нормално кај папокот, над него повисоко, ама кога легнам почнува да ме удира долу...Еднаш докторот ми рече свртено ти е накај р'бетот. Па дури чувствувам како пулсирање кај анусот, а беебто кога ќе легнам клоца баш кај што стои ластикот од гаќичките. Знам дека не е некоја причина за загриженост, но е малку непријатно. Инаку стомакот ми е баш горе, долу дури ми е сплеснат, што мислам дека високо ми е поставено бебето, е сега почнувам да се сомневам дека е карлично. Во среда сум на доктор па ќе видиме. Сакав да прашам дали на некој друг вака му се случува. Инаку 27+4 сум. Добра ноќ
Нема потреба од паника, детето се врти во стомакот до 37 недела. Моето е со главчето надоле и јас некогаш чувствувам мрдање доле тоа најверојатно се истегнува или со рачињата мрда, а сум 38 полна.
Добро утро. Јас доручкувана,капучино пиена и маж испратен на работа сега ќе удрам прва преспиванка од денов Бејби цела ноќ скокаше се тегнеше мислам дека ребрава ми ги искрши Едно време осетив на маицата мокро жива вода станав цела утоп бев кај ракавот кај градата од млеко. Од претходно искуство знам дека ќе имам многу млеко само незнам од овие мали гради кај искача толку