Здраво мешиња, сакам да ве прашам како спиете? Цела лева страна ме убива од болка да не зборам за трнење, рацете и левата нога не ги чувствувам, не помага ни магнезиум ни ништо, некој совет? Исто ме интересира како поминуваат неделите цервиксот треба да е намален или зголемен? Инаку сум 22+2 и на последната контрола ми беше намален т.е помал пд претходната. Поздрав
И мене исто цела лева страна ми е здрвена посебно ногата се будам и немпжам да се свртам од што ме боли ни магнезиум не ми помага. А и неколку ноќи кога ќе се разбудам сум свртена на грб а знам дека не е убаво на грб да се спие ама во сонот несвесно се вртам и само така нозете не ми се здрвуваат послр пак се местам на страна и исто одма нозете ме болат. А и на страна кога сум некогаш се изместувам и на пола стомак и кога ќе се разбудам мн се нервирам паника ме фаќа нешто на бебето да не му направам и останувам не наспана неможам никако да се наместам. Сега ќе си порачам од сомина перница за трудници па се надевам ќе ми помогне
Јас најчесто на грб се будам, а и во таа положба изгледа најубаво спијам. Штом се свртам на страна бебево одма почнува да клоца без оглед дали на лево или на десно се вртам... А зошто не чини на грб спиење? Ја мислев не чини на лева страна спење, ама па како да го контролирам тоа кога спијам? несвесно се вртам... а перница и ја ќе си порачам, еднаш се јавив, требаше да дојдат до кај мене да ми ја донесат, ама не се погодив дома баш тогаш. Пак ќе се јавам, оваа беше 1600ден. А има едни и од 1200 ми спомнаа, ама не знам кои се тие. Во MotherCare во рамстор се 3800ден. - а многу се слични. Ја би ја купила најефтината, не знам ни дали ќе ми брка работа...
Тие од сомина шоп се по 1200 јас од кај што ќе нарачувам. Инаку за на грб матичната ми рече немој на грб да лежиш само странично ама не ја прашав зошто после негде прочитав дека на грб кога се лежело се намалувало протоко на кислород инаку и мене најубаво ми е на грб така кога ќе се разбудам не ме болат нозете. И јас незнам како да го контролирам хахах сепак у сонот никој незнаеме како спиеме ама кога ќе се разбудам паника ме фаќа и после неможам да презаспијам неможам да си најдам позиција
На грб не е препорачливо баш поради протокот на крв и кислород до плацентата, тогаш целата тежина на матката притиска на вените што ја хранат плацентата, затоа пак кога сме на лева страна плодот добива повеќе кислород и во таа положба за него има најмногу место и тогаш се најактивни. Јас немам перници за трудници ама обичните ми помагаат. Една меѓу нозе и една позади грб и нема шанси да се завртам без да се разбудам. Ама мислам дека и не е толку страшно колку што ние се оптеретуваме, на пр.мајка ми има родено четири и сега прв пат слуша за многу работи треба- не треба.
Добар ден мајки Ве читам коментирате за перницата од сомниа , јас и во првата бременост а и сега ја користам и незнам искрено како би лежела без неа. Стомакот ми тежи а така си го потпирам на неа и полесно ми е. Него јас оваа бременост ич неможам на лева страна да лежам, а обично се на таа страна си спиев. Таман се свртам на лево одма како кислород да губам и ајде пак на десно. Јас мислам како се осеќаме убаво така, ваљда кога ни е нас убаво и на беба и е. @melani@ ако не грешам твоето бебче беше понапредно така? До која килажа стаса, си била ли скоро на преглед?
Богами за машала сме, само јас на секој преглед плачам пред 1 недела кога бев беше 3670, плачев зошто е толку големо што не е во ред, по една недела само 50 гр напредната, па плачев зошто не напредува, хормони Др. Зоран Илиевски вика со оваа килажа да чекаме природно.
Во врска со тоа што повеќе се жалиме дека имаме исцедок или "сме се помочале" ако може да споделите во кој период од денот ви се случува. Мене два дена по ред кога лежам ништо, а станам истекува, посебно на сабајле и тоа многу што пижамите ми ги топи. Дали да зимам торбата и за Скопје да идам?
Кој нејќе напредно бебе? Туку нека се здрави и живи само. И синко ми беше понапреден, а сега ќеркичката уште од сам почеток си осеќам дека ќе биде поситна, ама тоа и не е најважно. Зборот ми е да си уживаш, најважно е да е се во ред со нив. Во врска со исцедокот...Мене пак од кога ќе се измочам после 5мин некаде ми истекува како да не сум домочана ама ако е водењакот ваљда нон стоп по малку ќе тече.. незнам не сум имала искуство со пукнат водењак, нека споделат искуство искусните
Леле луѓе колку сум уморна, цела заспана немам сила за ништо, крвната слика ми е одлична а јас сум жива смрзната пред да дознаам дека сум бремена заспивав секаде како пијана бев, после бев ок, сега за ден два влегувам во трет месец(9недела) и сум утепана скроз. Е сега наутро осеќам блага мускулна болка во стомакот и понекогаш преку ден . Апетит сеуште немам нешто посебно, имам гадење уште. Ве поздравувам сега одам да дремнам
И јас утринава станав со трнење и потечени раце. Задникот не го чувствувам на лева и десна страна од здрвеност. Половината боли. А сум како наспана, чудно. Ајде уште малку девојки уште 11 недели до 36
Лежев 15 мин кога станав пак утоп, ај сега филм си направив дали е можно високо да е пукнат па кога лежам да истекува по малку и кога ќе станам утоп да ме прави.
Оди во болница подобро нека те прегледаат иначе никој не може да знае тука дали е пукнат или не оди да те видат подобро..
@Adeline исти сме и јас од почеток сум таква спијам по цели денови еве денес спиев од 11 до 17ч и сега за кратко пак ке си прилегнам со болките сме исти едино сега во 17гн почна да ми се враќа апетитот и гадењето престана. Дај боже вака цела бременост да си ја поминиме
Мамички бидејќи цело време само нешо ми светнува у глава и си правам паники така и вечерва отворив и читав за хигиена на интима во бременост и ме фана паника на бебо да не му имам нешо наштетено додека се средував вечерва интима ја средувам како и пред бременост со бикче и обичен гел за туширање и млака вода само шо сеа поспоро ми оди средувањето мешко расте па подолго време бев со скама и одма паника ме фаќа? Никогаш не сум користела посебни интимни гелови обично со нивеа купка за туширање и не сум имала проблеми ниту чешање ни нишо и брисеви пред бременост чисти ми беа и сеа у бремноста у 3 месец кога правев чисти. Може ли да му наштетам на бебо нз шо да користам зш имам мн вагинален исцедок и примам утрогестан два пати вагинално. Се надевам не му наштетив на бебо? Може ќе се смеете ама мн паничам за се ми светнува а воа добто ли е може му штети нз шо да направам
Исцедокот ти е од утрогестанот, знам по мене зошто и јас го користам. А за ова хигиена мислам дека не ти требаат никакви посебни интимни гелови.
Па не ни користам посебни интимни гелови никогаш не сум користела. Секогаш сум се мирла со гелот за тело и така си продолжив и у бременоста ама нз шо ми светна у главава да не се штетни за бебо
Јас интима исто сама средувам и по препорака од една членка тука на тема интимната нега во бременоста почнав да користам бејби џонсон гел за туширање од лаванда. Уште пред да останам бремена почнав да го користам и од тогаш никаква инфекција ме нема фатено, ниту мене ниту сопругот. Ако ти е мисла земи си од овој гел за бебиња. Брисеви сега кога правев беа чисти...ок, кандида може да се добие и од други фактори, но тоа се средува со вагиналети, антибиотик и сл...општо земено јас сум презадоволна од овој гел.