Наутро кога станувам прв пат и после ставање на утрогестан на пладне. Два пати ставам, а исто ми кажаа дека и зимно време е нормално зголемен исцедок. Инаку многу ми е тешко кога едново бебенце се врти најверојатно . Без воздух останувам, многу е незгодно. А од другото па осеќам удари ниско доле. Ќе си одам издишана и подмочкана. Како знаете дека бебе се тегне?
На 3,4ч ми истекуваше кога ми пукна високо, без разлика дали сум лежела, седела си протекуваше локва убаво и ме правеше лом како измочана. Ако до толку те прави утоп до хеланки, пижами, тренерки, трк до лекар, ако е исцедок само на гаќи, не би требало да е водењакот. Сум пишувала неколку пати и може и додадна сум, но јас така седев неколку саати дома, мислејки не е ништо, па анализирав кога ми протече, ставив секојдневна, и на неа имаше нежни тенки бебешки влакненца, така сфатив дека е плодовата, а на лекар со еден тестер потврдија.
Девојки дали ви се има случено да чувствувате како пулсирање долу ниско на интервали под матката како во каналот? Не знам дали е од денес што се раздвижив малку и дали е нормално? Инаку 31 недела сум
Девојки. Вака, веќе 2-3 пати забележувам дека после голема потреба во ВЦ, кога ќе се избришам на хартијата има црнки точки многу како бибер. Онака бојата е нормална, само малку потешко одам, бремена сум тоа ми е асно што сега имам проблем со варењето. Се чудам од што вака. Оваа недела единствено што јадам повеќеод порано се бананите. Друго не ми текнува. Дали некој имал вако искуство? Да не е од претеран внес на Прегнакер? 5ипол месеци без престан ги земам...
Фала ти многу! И кај мене се појавува 3-4 пати до сега ама дека не е баш пријатно чувство па затоа прашувам
Мислам дека треба да се опуштиш и да не анализираш ситници. Нормално е дека има промени во организмот, и јас одев еден период почесто, сега пак се вратив во нормала. И јас сум со прегнакер еве веке почеток на 8ми месец, тоа се само витамини не може да е од нив
Така е ама не сум имала вакво нешто порано. Личи баш на црн бибер. Онака бойата е нормална. Се надевам дека е од бананите или витамините...
Мамички едно прашање.... Јас сум 20+5, но многу ретко го осеќам бебчево да мрда. Некогаш дури со денови не го чувствувам... Ве молам, споделете искуства ....
Уште е мало, за 2-3 недели ке го чувствуваш убаво. 24та недела почна наймногу да мрда. Не се плаши. После ке не прашуваш зошто мрда долу па горе ко йас што ве замарам тука секой ден хахаха. Немам мк фонт на телефонот, користам бугарски затоа имам вакви чудни букви.
Рацете ви отекуваат? И колку дена трае тоа? Еве втор ден ми се отечени, притисокот ми е супер, нозете не ми се отечени. За ова се иде на лекар или е нормално?
По тоа што го имам читано и анализирано за отоци, кога внесуваме помалку вода од потребната на организмот, самиот организам прави задршка на вода, да не му снема и така настануваат отоци... затоа во лето и кога јадеме сол дупло вода бара... пробај денес пиј повеќе вода од нормално..
Сигурно испитале, вака специјално немам испитувано. Кога се испитуваат? Како камила пијам вода уште пред бременост под 3 литри на ден не сум. Ќе покачам денес ќе пробам.
Vidi dali ti imaat ispitano vkupni proteini albumini globulini mene posledniot pat ne se mi gi ispitale koga pravev krvna slika
И мене почнаа пред една недела. Не многу ама доволно да ми се познава исцртана бурмата и едвај да ја извадам. Инаку и јас пијам преку 3л вода. Имам и болки на виткање на прстите малку. На сабајле ми се најотечени. Мисла дека е нормално, ама за недела до две ќе правам секако уринокултура и крвна. Протеини преку мокрача се испитува, не мора уринокултура да плаќаш, само урина испитај.