@Charlotte* кога и да одмарам си уживкам додека мрткаат едното онаа што е од десна страна повисоко е поставено а со грбчето е на надворешен дел така го осеќам на моменти некои негови пози често ме оставаат без воздух го чешкам да помине побрзо и длабока воздишка еднаш или повеќе пати ми е од помош колку толку да се спасам
Исто лелее. На последен преглед беше отидено од десно накај желудникот кон лево како месечина свиткано. Го клоцаше братчето. Секој преглед ги фаќаме среде борба во ринг. Вчера ме затекна така во движење, ептен незгодно мислев ќе се струполам без воздух. Се надевам после 28ма кога се поголеми не шетаат вака низ цел стомак.
Мешиња дали се плаќа кога одите на цтг кај матичниот доктор? Додека чекав ред кај матичниот дојде трудница, 38ма недела и и наплатија 150 ден за цтг, им подаде 200 ден и не и вратија кусур, сестрата и рече утре ќе платиш 100 ден, сега немам да ти вратам уште 50.. Мислев дека бесплатно е цтг-то кај матичен...
Дали е нормално да се има менстуални болки ги осеќам ама најмногу во грбот така боли што мислам секој момент ќе добијам прв пат вакви болки издржливи се поминуваат ама пак ги има планирам овие денови да одам на контрола кај матичната па ќе видиме 32+5
Се е бесплатно за трудници, па дури и оние што немаат осигурување. За таквите матични веднаш да се прати инспекција од фонд за здравство и барајте фискална доколку ви наплаќаат услуги...да се види што уствари плаќаш и за да можеш да пријавиш. Јас денар немам дадено, знаат тие зошто, но имам гледано како им наплаќаат на трудници за банални работи..што е казниво..реагирајте.
Ц,ц,ц,...јас верувај ни за ехо, ни за сликичка (и за тоа по 100 ден им земале), ни за боцкање (за тоа по 50 ден им земаат), чашка за мокрача без пари ми даваат зошто крв кај нив проверувам и мокрача (не плаќам зошто авицена има договор со фонд)...а кутри жени ги дерат..макар што и јас џабе зборам за скриен шеќер во приватна лабараторија што има договор со фонд ми следува бесплатно, но ми побараа 100 ден...а зошто еве не знам ни јас..си поќутев..не ми беше ден за расправии...
А искрено да ти кажам денар не жалам . Во Систина плаќам 2400 или 2200 не се сеќавам, а чекам минимум 20 до 50мин. Скрининг втор таму идев, само 20мин траеше, исто како и обичен преглед. Матичната ме гледа еден час и 30мин. Ама битно се поклопуваа мислења, ќе ги прежалам париве. Дерење на суво е ова.
Одамна ми е се прежалено за бебе. Само да биде се во ред. Тоа е ајде ќе не подерад уште малце, ќе се издржи.
Несакам да те плашам јас сум 29 недела се потешко и потешко ми е но љубовта ми дава сила и позитивно гледам на макава
Дали некоја од вас користела вагиналети на база на пробиотик во бременост. 35 недела сум и др ми препорача да ставам про баланс лејди за секој случај ако имам некоја инфекција бидејќи на секое му се жалам за зголемен исцедок иако до сега сите брисеви ми се чисти. Во упатството нишш не пишува за во бременост. Ни дали смее ни дали не смее.
Јас моментално ставам Видермина пробиотски вагиналети, зАради тоа што пиев сумамед. 31 недела сум. Позз
Jas stavav na pocetokot vo bremenost laktogin zamena za linex lady momentalno gi nemase vo aptekite zatoa