Zdravo mamicki samo sakav da vi se pofalam deka posle neceli 3 godini se vrakam povtorno megju vas TRUDNA SUM Se nadevam na dobra druzba
Многу често навечер ме убива од болка желудник, не можам да се стабилизирам со јадење( не дека не јадам-јадам ) немам апетит сеуште,ништо не ми е вкусно, понекогаш повраќам,но зошто толку ме боли желудникот
Здраво, Сакам да прашам што употребувате за хемороиди?Јас сум катастрофа, ги добив уште од првата бременост, пред 5 години, но сега пак исто имам крварење и болка на дебелото црево зашто и седим цел ден на работа уште полошо ми е, болка нон стоп, матичниот гинеколог ми даде факту чепчиња и маст ама не ми помагат ич, а сеуште е рано имам време до породување 26 недела сум .Вие што имате ваква мака што употребувате што ви помага? Поздрав,
И јас имам таков проблем и трудна и нетрудна. Ајде додека не бев трудна се испостави дека ми е од кафе/цигари. Еве сега ниту пијам кафе, нит пушам. Желудникот си го осеќам како празен со болка. Чај од маточина и ГастроГард или Гастал па ми се средува. И леб знам да си каснам пола кришка, колку да врти во стомак.
Јас никогаш сум немала таков проблем а вчера буквално неможев да станам на нозе и каснав банана зошто друго неможев. Се надевам ќе се стабилизирам, и притисокот ми беше многу низок вчера
Утрово на контрола докторката ме исплаши. Ми рече дека бебуш е многу ниско и свртено со главчето надоле. Ми рече строго да лежам и одмарам,зошто може да дојде до предвремено раѓање,а сега сум само 32 недела.. А навистина одмарам и тоа многу,дури и работата ја откажав се. Наредната недела пак имам термин,па ми рече дека е можно и во болница да ме прати да лежам. Не разбирам зошто,толку ли е опасно? Не знам што да правам,само за јадење и до вц станувам. Некој нешто слично?
Јас со желудникот немам проблеми ама и пред бременост и сега некој пат мака мачам со киселини. Кои ми се појавуваат ако сум гладна.. Ме гуши и грлото ме боли страшно нешто Дозволени се Гастал ама гледам колку можам да ги избегнам.. Мораш да јадеш по некој залак барем оти не се трпи болката знам.
Не се плаши и кај една моја пријателка така бебето беше мнооогу ниско, и рекоа повеке мирување и си ја истера бременоста до крај. Позз и со лесно
Цервиксот колку е? Затворена си претпоставувам. Одмарај целосно до наредниот термин, додека не знаеш нешто повеќе. Мажот нека те разгали и без стрес, и ќе го надносиш.
Мене уште од 30 недела мо беше наместен надоле ама докторот не ми кажа дека мора да мирувам јас така патував до мк и во мк направив контрола се беше добро сега сум 38 недела и се е добро не се плаши докторите знаа зашто треба да одмараш уживај сега немаш уште многу ќе помине одма
Мереше денес,ама не ми рече ништо,не ја ни прашав од што се исплашив. Истото и таа ми рече,лежи одмарај,гледај филмови,читај книги,а се останато маж ти. Инаку ја прашав за чајот што пишувавме пред некое време,само се насмеа и ми рече пиј си го слободно ако сакаш. Ако мислиш дека ќе ти помогне,така и ќе биде. Убаво е било какви течности да се внесуваат ама таа не верува дека помага.
Ах ние жени што не ќе истрпиме. Се трудам колку можам да јадам се надевам за брзо ке се стабилизирам , најверојатно за месец дена. Се некој метален гаден вкус имам, ништо не ми е вкусно, на секое мијам заби и бонбони ама џабе ништо не помага
Јас дојдов да ви кажам дека по кратка консултација со Мила991 констатиравме дека сме со ист термин и дека од утре влегуваме во деветти и јас почнав од денес "терапија" со суви урми. Си ставив во тањирче 100 грама и еве им се сладам. Пуста жена,се ќе проба. @Minnie 1 штом така ти рекле,слушај,одмарај,број си ги деновите,исполнувај си го времето да немаш време да мислиш на "тоа" и да паничиш. Јас од утре влегувам во 36-та и умирам од страв секој ден го молам Бога барем во 37-ма да влезам. Те разбирам совршено,мисли само позитивно.
Тука прочитав дека помагале за полесно отварање,што не докажал никој. Не можам да изгубам,а можеби и ќе ми помогнат,затоа решив да почнам да ги јадам.
Ти благодарам. И ти опушти се,пробај да си смирена,денес докторката истото ми го рече смирени и опуштени жени имаат полесен пороѓај.