Мислам дека можеш колку сакаш да јадеш тоа било минимална бројка инаку нема штета од нив посебно за трудници имаат многу железо и други потребни витамини и минерали. Јас не знам дали од урмите ама веќе две недели сум отворена 3прста се си правам нормално си пешачам си работам по дома и еве веќе последна недела сум осеќам си се ближи крајот.Муабетот ми беше дека убаво е кога омекнувањето и отворањето иде така постепено неколку недели пред пораѓај.Па пробајте јадете си урми па ќе видиме дали од тоа ќе да е
Идни мамички јас денес се олеснат, и вистинска тоа исцедок бил водењакот. Ви посакувам на сите лесна бременост и без нервози мојот мал буцко се роди 4200
Гордана Петрова од систина на сите што ги порага, а бебушите се поситнички им дава задача по 8 урми да јадат секој ден веќе при крај, бидејки бебето многу растело од нив.. а дека се за отварање не сум чула.
Јас од второ тромесечје јадев урми, па не се отворив,а и пораѓајот ми беше тежок. Нема врска тоа дека ќе се отвориш ако јадеш урми. Јас читав дека ги препорачуваат за тежината на плодот, а и здрави се.
Еве доказ од науката и докторов што кажува https://nutritionfacts.org/video/best-food-for-late-pregnancy/
Таман се израдував дека конечно ќе јдам урми, а ги избегнував досега од страв од предвремен пораѓај сега пак ме предомсилувате. Мене ако ми порасни бебе повеќе од 3200-300 грама ќе ме прават царски. А едвај чекав да си јадам урми А барем ананас смеам ли сега да јадам? Омилено овошје ми е, ама од пусти страв ич не си каснав. Инаку за полесен пораѓај планирам да почнам со перианална масажа, ама прво да го доставам про балансот кој најмногу го барав за нормализирање на пх вредноста и зајакнување на слузницата. Демек ако имаш кандида кожата била тенка и пукала при природен пораѓај или требало да се прави епизотомија. Се правам за природен и на крај ако треба царски мн ќе ми е мака. А и да не заборавам дека по цел ден сум на нозе, по 100 пати по скали се искачувам, шетам по 1-2 часа. Уште со секс ми е страв да почнам, ама да влезам во 37, па ќе се почастам и со тоа задоволство после 8-9 месеци.
Да првите се околу 12, а вторите околу 35-6 недела и се испитува за други бактерии од првите ( стрептокока од тип Б и листерија) кои може да се пренесат на бебето при природен пораѓај и да го загрозат здравјето на мајката. Инаку сега кога ќе правиш први брисеви се проверува и и ХИВ и хепатит како и ТОРЧ тест.
Девојки, дали некоја боцка Прогестерон Депо? Јас ставам по една неделно ама ме интересира до кога обично се примаат ако има некој искуство да сподели?
Јаа примав до кај 13 недела по 1 неделно и после снема ризик и ми ги прекинаа. И во првата бременост исто до крај 13 недела (заврши со прекинување на бременост)
Јас сум 22 недела, хив, хепатит и торч не правев, само стандардните 3-4 што се прават. Може не ми рекол др. да правам бидејќи сум редовен крводарител?
Не знам. И јас сум крводарител. Додуша неколку год немав давано, ама мислам дека е задолжително за хив и хепатит. ТОРЧ го правев по моја желба, ама мн др го даваат како задолжителен.