Devojki posle edna nedela sto ne go custvuvam kako redovni po mirno mi bese eve od fcera luduva vmatre ne me.ostava da dpijama ama mn cesto mi se stvrdniva stomakov 30+1 nedela
Прво добродојде во форумот и мило мие Многу ми се допаднаа твоите видеа само така продолжи.. ме интересира чајот како се вика и од кој месец/недела почна да го пиеш и како?
Браво за тебе. Многу ми е мило кога ќе прочитам дека некоја почнала веќе да се отвара а нема никакви болки ни потешкотии. Која ли е тајната? Се надевам на ваков исход со второво За првото кога добив веќе појаки болки отидов на Гак и ми рекоа дека сум 3 прста отворена. А веќе болеше поприлично
Јас многу сакам урми и ананас исто ама ко прочитав дека не требало во бременост ич не каснав. Сега сум 32 недела и многу ми е се потешко, не спијам неможам положба да си најдам а да не ме боли колк или половина ми се затега многу стомакот и ме боли ама гледам кај сите е исто. И долу повеќе ме притиска ваљда се спушта си фаќа положба за раѓање. Напати ме фака филм за предвремено породување ексик нека помини уште 1 месец
Кај мене е скрос истата ситуација како што опиша, 32 недела, боли се, се будам по 1000 пат, стомакот ми е топка, ме мачат гасови ненормални.. Боли глава дење, затоа што навечер не спијам.. Колковите расштрафени, па и некоја болка во карлицата силна од време на време.. Се ми се чини дека порано ќе се породам, па и ме фаќа страв од породување.. Се на се мисловни експлозии, додека не ни дојде денот да се изгушкаме со бебчињата..
Леле јас сега ја почнав 32 и пу пу да не се подречам колку цврст сон имам, ниту еднаш не се будам навечер, како легнувам така станувам, само маана станувам во 7 без аларм, а легнувам касно накај 1 и баш сакам да поспијам ама толку е. Е преку ден не спијам ич Проблеми со гадење со храна немам. Сега малку поинаку е мрдањето на бебето веке повеке како да се тегне и цело време ми го поместува стомакот Инаку јас вчера бев на мерење цервикс, 40,8 е, значи мирувањето си го прави своето. Ајде полека ке си ги износиме до крај Инаку @mamaJana, @Meckicja и @lackygirl ние дме тука некаде со термините ке се дружиме
Незнам за доење ама мене во оваа бременост секаков прслук ми смета така најдов од помпа во сара фешн со гаќички комплетче. Премек преубав преудобен
Најдобри се од стружанка турските ем и со супер цена 500и нешто денари. Уфф кој знае што е тајната секое тело а и бременост се различни.Јас ниту сум физички активна ниту имав и правев некои вежби ама ете така телото ми реагира ќе видиме до крај како ќе биде Немам јас болки освен што ми тежи многу стомаков веќе тешко е за движење иако имам доста енергија.Ајде одлучи се за второто и лесно ќе ти биде барем сите што родиле второ ми рекле дека е многу полесно со второ
Исто со тегнењето нема сега многу место и само се тегни, пушта ножиња, рачиња де во желудник де во бубрези секаде кај што стига, овие се слатки маки само нека се во ред бебушките да ни се родат здрави и живи се ќе издржиме
Второто е на пат Се надевам ова полесно и побрзо ќе излезе. Мислам дека си во право, секоја е различна. За првото многу внимавав на здрава исхрана, бев активна, одев на јога за трудници- кратко зошто не ми се допадна, и пешачев мноооогу посебно последниот месец, а да и урми јадев. Џабе беше се. Ни тоа што бев опуштена и не бев исплашена не ми помогна на пораѓај Таква ми била среќата викаат. Се надевам ќе поминеш лесно како песна. Чувај ја енергијата ќе ти треба
јас се чудев во последниов месец дека ги качив килцата...ама сега пак стагнирам и си викам дали е океј... нит сум ваму нит сум таму...зошто качувам зошто не качувам до 4 месец само 2 кила качив а сега до 7месец плус уште 6...вкупно 8 ама еве веќе 10 дена стојам во место,па си викам да не не расне бебка... се надевам ок е се,тек на 1 ноември на ехо сум.. докторката ми рече немам потреба од трет скрининг,што ме советувате вие ? да идам или не? вака се ми е најнормално со бебо Друго со спиењето почнаа тешкотиите додека најдам положба е маката,после ќе заспијам па само 1 станувам за до вц...ама скоро секој ден ми тече водичка доле по малку и денес и вчера многу ме чешаат непцата,можно е од бременост ?
Јас сум 33 и најнеподнослива болка ми е онаа со желудникот, ништо не ми помага. Си заспивам седната ама ајде уште малку и после се ќе заборавиме, ќе се гушкаме со бебушите
И јас од денес сум 33та недела дунде фала му на бога денес се утепа од мрдање не престанува да мава.. менстуални болки чуствувам грбот ме уби ме боли многу неможам ноќе да спијам све ме боли..