Уффф исто неможам ни да подлегнам се гушам целата а и малку да сум физички активна после едвај се враќам во нормала.И на левата страна ребрата ме откорнаа од болка.Ама ајде ќе се издржи уште малку.После ќе стигне новогодишното пакетче.
Цело време имам различно чувство во стомак, некогаш како да тегне, некогаш како да нема бебе, некогаш сум подуена, но никогаш неможам да најдам положба што ми одговара за лежење, се некако ми е неудобно, како да имам огромен стомак а јас сум само 9+3. Два дена и карлицата како да ме подболува на моменти, поливината исто. И имам кошмари навечер два вечери со ред, незнам зошто. Лудница сум, има некоја како мене?
Зашто си трудна затоа е така И хормоните лудуваат плус, до кај 12та ке си дојде при себе организмот, па ке функционираш поубаво. Болки ке си имаш повремено до сам крај и нормално е, се додека расте бебе, ке заболува и карлица, кичма, стомак, се што може да се издржи е нормално, не се грижи.
Да, знам за тоа, втора бременост ми е но некако се е поразлично, а и сега сум по исплашена, па секоја мини промена ја анализирам и си помислувам, вака ли беше минатиот пат ќе пукнам додека го дочекам скринингот знам јас
Јас обратна бев, па дека многу потешка ми беше првата, во втората уживав... на крај не се осеќав дека ке раѓав за брзо, мислам можев уште 2,3 месеци трудна да останам
Утрово се разбудив со црвенило на лицето, поточно на образите на јаболчниците..баш како изгорено од сонце и ме пече..мислев температ.е ама мерев двапати немам, што може да е, дали е поврзано со бременоста 6ти месец сум?
мамички 18та недела сум осеќам како стегање во градите дали може уште еднаш витамин б6 од алкалоид оној да се напијам ? и колку е дозволено ? пијам еднаш мг со б6 ама не ми помага ..
Може плус Б6,мене до две ми рекоа е ок зошто во магнезиум е многу мала концентрација на Б6. И магнезиум можеш до 1000 и тој малку ќе те олабави
Тоа е нормално и мене така ми се направи тоа е од хормоните ништо страшно но што и да ставам ништо не помага тоа е хормони
Чекам мачнините да поминат е тогаш има да се изнауживам, посебно кога ќе почне да клоца,мераци. Кога го осети за прв пат второто?
Порано од првото колку што се сеќавам, како пеперутки ептен рано осетив накај 12-14нед, а и ниско поставена беше прво и цела бременост ниско цел стомак ми висеше и многу повеќе ја осеќав од првото... иако можам да речам мирни беа во стомак, не беше екстремно никогаш клоцањето
Како да распознаам кога ика бебето а кога прави движење? еве веќе 15 минути во едно место ми чука така нежно ама цело време без престан,на 2 секунди...ме фати малку страв да не и е нешто
Печурки јадете ли? Јас направив многу убав сос од свежи печурки(шампињони) ама ги испржив многу скоро ги загорев намерно. Не верувам да е штетно, на пример пица како јадеме, јас без пица неможам
А не смее ли да се јадат печурки? Па јас цело лето јадев свежо собрани, оние шумските, сега јафам шампињони. До сега не сум имала проблем. Читам не се јаделе јајца. Јас домашни јадам, а и сирење домашно јадам
Опушти се, уживај и не ја користи енергијата за непотребни работи Ќе има моменти кога ќе ти треба вистински