Да а зошто да нее штетна.. 8 месеци јадам и ништо не ми се случило досега дури и докторот го прашав за ваквите муабети во форумот неговиот одговор беше"А да не се замараш многу со муабети и да си јадеш што ќе си посакаш ти ништо нее штетно освен да не биде живо месото или јајцата не варени јади и уживај" сум пишувала ли некад да ли смее ова да се јаде или она не се замарам чим докторот ми потврди дека нее штетно си јадам што душа ќе ми посака..
Јас јадам се, апсолутно се што јадев и претходно, со исклучок на некои манџи од кои имам киселини и ненормални болки во желудникот. Значи јадам печурки, сувомеснато, пици, брза храна, купечко сирење и јајца, јајца од препелица, се разбира и многу овошје и зеленчук. Откако останав трудна особено уживам во колбаси, не признавам скара без колбаси. А сега сум обавезен дегустатор на сите зимници Фала му на Господ и јас и бебушка сме супер, јадете си се од што ви е убаво на душичката и на бебушките
Све што нее дома е штетно се разбира а поготово кога сме бремени. Секој си знае за себе и нека јаде што си сака. Секој си носи одговорност за себе и за своето дете. И она веќе е досадно: За среќа и јас и бебето сме супер,на среќа во бременост не се оди.
Ехее, Шампињоми, Буковка.. Смее, зошто да не. Купечки, иначе берени од некој и онака не јадам. Јас така ги јадам издинстани па после потпржени со зеленчук или во Бешамел со пилешко. Еднаш неделно обавезно. Инаку со риба слабо стојам. Многу јадев ама сега не можам да ја помирисам. Манџи никако. Се лажам потпекувам боранија за замена да не сум на месо цело време. Многу ме тера на нездрава храна. Посебно тост, пирошки, бурек, торти, колачи, значи се што е најмрсно. А уште потешко е што не можам да се воздржам. Волку глупости цел живот немам изедено.
И јас на крај се опуштив и си дозволувам по некоја глупост да изедам. Инаку јас цела бременост немам каснато торта, колачи, сувомеснато едвај неколку пати термички преработено. Сите ми велат дека претеруваам. Најмногу се нервирам кога некои постари жени ме тераат да изедам некоја глупост и кога одбивам демек лошо сум правела бебето нема да ми јадело од се Пица јадам ама вегетаријана, најчесто дома подготвена. Ама и во пицерија понекогаш. Сега тоа е реткост, ама ми се случува и обична 1 парче да каснам. Скара, освен пилешко или динстано телешко немам каснато. Салати само дома од мене подготвени. Зелена немам ич, освен кога се уште не знаев дека сум трудна што јадев. И ова јас што го правам не чини, и полошо си правам. Ама таква сум по природа и им завидувам на оние што не му ја мислат многу.
Мешиња користам средатво Арф скоро секој ден со него мијам тави мијалници и др мрсни работи сметајќи дека арфот не е силно средатво како Доместос Полирапид.. го користам арф без нараквици се надевам не му штети на бебето додека со сите др појаки средства немам никаков допир последниве 20 недели од кога останав бремена..
Јас не би користела толку многу. Не ни користам .Искрено, се избегнувам, арф немам чепнато 4 месеци, арисот исто го баталив кога дознав, немаш потреба толку често да се изложуваш на средства. Па што толку мрснотии вие правите дома секој ден ?! Јас доместос два пати имам ставено во шоља(инаку све мм) и тоа со маска нараквици набрзина четка и врела вода и пријатно.
Па го корисатм за садови мрсни како тави тенџериња со него ги мијам и сметав дека не е јако средство како други. Мијалници чисатм со него шпоред додека пред да останам бремена ги чистев со полирапид ама од коа останав само ск арф бидејќи не го сметав за јако средатво. ама сеа ме фана страв нешто да не му наштетам на бебето...посебно денеска чистев мијалник и шпорет со него и малцр главата почна да ме боли и како дишните патишта да ми се раздразнија малце се исплашив и сеа уште повеќе паника ме фана...
Епа и ја така мислев и затоа само арф или циф користев бидејќи сметав не е како доместост полирапид арис итн др средства што знам дека се штетни..
Изначитав се што сте напишале и сега пред да се исклучам се прашувам какво ли дете ќе родам со се што имам изедено и со сите чистења по дома што ги имам направено...
Ова ми е втора бременост ама првата за жал ми заврши во 24 недела имав предвремено породување и затоа за ваа бременост на се паничам не сакам така ама кога еднаш ќе настрадаш од ништо после на најмало нешто страв ти е.. кога ќе ми текне дека во шрвата бременост толку мн опуштена бев и не пазев мн ни знам и чистев вц со појаки стедства како полирапид и мн др работи сеа на ваа ама баш на се ме фаќа страв и ја не сакам така...
Значи вака, не дека е све смртоносно штетно,не дај боже но треба сепак да се пази. Има жени што имаат доживеано разни работи и едноставно се пазат. Овие коментари (како твојот што личи на циничен)се сувишни.
Во право си @Adeline секој со својата мака, како што се вели кој еднаш се изгорил после и на јогурт ќе дува..поззз И после сите коментари што ги прочитав денес, мислам дека е контрадикторно да се потценува сечие мислење! Ниедна од нас не кажува нешто од памет туку или има искуство или слушнала од некого или прочитала. Секој доктор ни дава различни мислења и совети и затоа сме тука да го споделиме тоа. Имајте убава вечер
Исто. Претходно сама си готвев леб со семки со све, строго црно брашно органско, зелена салата, овошје, риба...Сега у 21 часот стискам тост со сланина и задолжително мајонез и кечап!