Јас не успеав досега да најдам начин да си помогнам. Едино мм кога ми го масира грбот не чувствувам болки. Туку моево бебе танцува во стомак. Два часа веќе постојано лупа. Денес бев изложена на стрес,претпоставувам од тоа е
Ти потекоа нозете или само како мравки да те лазат? Ако не ти се некој нерв ти стиска малото. Јас сум две недели после тебе 26та па ги имам истите симптоми од 28 недела, се тешам за две порано ќе испадне плус девојче не мора да седи до крај оти ќе останам без половина.
Ако се роди пред полна 37 недела се смета за предвремено родено, по сите стандарди, затоа не ја викај многу рано да дојде
Моево дека е две недели понапред одговара на 30 и јас мислам дека околу 37 недела дека ќе искочи. Не ми се потечени нозете само како мравки ме лазат,а и метаболизмот мие катастрофа со столицата неможам да ја регулирам две недели,преку еден ден течна имам.
17+2 сум јас и последниве 2-3 дена ме боли горе како топка ми се прави по левото ребро. Прееска бев излезена абе ми идеше дома да си заминам од што ме стегаше. Можеби горе ни се бебинава и тука притиска,дека растат.
Здраво мешиња. Да се пријавам и овде, со првата бременост ова ми беше најомилена тема. Сега 17+3 сум, тоа 5ти месец ли е или со полна 18 се влегува во 5ти? Сум заборавила, а и немам многу време да сметам. Гледам со @m.i.g и @***Bony*** сме ептен блиску, друга некоја има ли во овој период од бременоста.
Не ми се верува дека е од бебушите јас бев пред некој ден на преглед и сеуште си беше долу, синоќа со помош на апче заспав еве денес на работа имам тапа болка ама се издржува некако. Почнав да пијам вода повеќе се сомневам на антибиотиците што ги примав, ти имаш ли нешто примано? Ке одиш ли на лекар или ке чекаме само да помини @Lolipop23 мило ми е што не има повеќе со овој период, според мојата апликација од 18 та се влегува во 5 ти месец
Немам ништо примано досега,општо не пијам апчиња(додуша сум немала потреба) еве и сега пак ме боли,јас па си мислев дека или е од бебето или од овие прслуциве да не ме стегаат тука,некако полесно ми е кога не носам,иако не можам да си дозволам и низ дома да шетам без прслук. И да појдам на болница само за јаки болки и крварење,недај боже,би ме примиле. Вака многу тешко. Инаку,колку кила се имате поправено со @Lolipop23 имате меше да ви се познава и дали уште спијате на меше? Јас ослабена сум 2 кила ,нозеве и рацете ми намалија на тежина,меше имам многу мало,дури не се ни познава,освен ако носам ептен тесна блуза и спијам демек странично ама пак сум на пола меше скроз различно од првата бременост. Инаку,ви имаат кажано за пол?
Од 36та натаму не е страшно. Барем овде од 36та е сосем нормално и можеш да идеш во болница без педијатриски дел. Пред 36та идеш во комплетна болница со детски дел. Кога сака нека дојде ич не се плашам од предвремен, само нека дојде
Јас со нервите оваа недела имам плус проблем. Нервозна сум, а не знам оти. Уште малце ајде два цели до крај и нешто ситно.
@m.i.g Ајде со позитивна мисла белки ке ни помине поскоро А за килажата сеуште не сум се поправила на почеток ослабнав 3кг и тоа до пред некоја недела а сега сум си нормално како секогаш. Колку сакам да спијам на мешеее омилено ми е ама неможам моето е сознам не е големо ама се познава незнам колку е правилно, ама одвај се движам со него како успорена снимка сум мм ми вели вака секогаш се движиш и ми се смее а јас неможам побрзо а за пол толку многу чекав како идеше терминот ама ни сврте грб и некеше да се сврте пола час го молевме а јадев благо пред преглед ама ништо последните два прегледа само спие се надевам ке биде мирно и кога ке се дружиме Многу сум долга извинете ама се занесувам кога пишувам кај вас @Lolipop23 i @m.i.g како е осекате ли движења?
Чуствувам како пеперутки веќе една недела мислам,пишав и овде колку што памтам ама многу заборавам,тоа е трудничка заборавеност хаха пред една недела купив неколку алишта за женско,денеска начекав намалени за машко па купив и за машко. Е сега шо ќе излези,уште не се знај . Јас сум на 7ми ноември на преглед,тогаш ќе бидам 20 недела и се надевам нема да се крија и ќе ми кажат какво е
@m.i.g јака си ми ајде уште малку и ке дознаеш што и да е нека е живо и здраво тоа е најважно јас ке почекам до 23 ноември тогаш скрнинг треба да правам а ке бидам 22гн тогаш сигурно ке знаеме што е. А пепрутките колку често ги осекаш?
И моево ќе биди скриниг,ама некако рано е според нашиве доктори а овде ми го закажаа како скриниг,не обичен преглед. Јас за првото имав огромна желба за женско и така испадна,сега ми е сеедно,само да е се во ред. Пеперуткиве ги чуствувам малку,1-2 дневно,а се случило и цел ден да помини и да не сетам ништо,можи дека со малава сум во движење цело време па не можам да сетам баш. Само ко ќе легнам можам да сетам,а тогаш сум од нејзе преморена па и за 2 мин сум заспана. Ајде овие месеци се лесни,крајот е најтежок ама мора да се издржи
Мене оваа бременост ми е скроз различна од претходната, единствено заедничко е што не ми се лошеше ни претходно а ни сега. Мешето многу ми се познава, имам меше ко за во 6ти месец, баш ќе ставам слика во темата. Имам качено околу 1-2 килограми досега со оглед на тоа што јадам како буре без дно. Движења почнав да осеќам уште во 15та недела, кога мирувам или лежам ги осеќам пеперутките, ама не секојдневно. Синко претходно многу слабо мрдаше и често паничев и плачев поради тоа. Ова бебе мислам ќе ми надокнади и за него. За пол нема уште ништо официјално, ама мислам моме е, со матичната гледавме заедно минатиот пат и навистина не му се гледаше ништо меѓу ножињата. Во понеделник сум на преглед па се надевам ќе се види подобро.
Ах јас пуста желна за движења а многу ретко ги осекам до сега само три пати и тоа преку ден два или може па ги преспивам ајде со лесно нека ни е чекам да пишете како ќе поминете на преглед
И еве ме мене пак со мојта паника и мисли ама шо да направам кога се нешо и некои мисли ми се вртат у глава па полесно ми е овде кога ќе пишам и ќе ми дадете некое мислење. Утрово додека облекував тренерки нз ни самата како рака ми се лизна и го чукнав стомакот од доздола не ме заболе нишо ни па сеа ме боли ама мисливе ќе ме мрднат на бебо нешо да не му направив иако знам дека е заштотено ама ете пусти мисли не ме оставаат
Не се плаши ништо нема да му биди, неколку пати така се имам удрено, исто во врата се имам запнато итн.. заштитено си е бебенцето