Болките и неспиењето тек во 8ми месец ќе видите како ќе биди, рано ви е уште еве 33та недела се потешко ми е, нема спиење, нема дишење, се боли ама се ближи крајот и се ќе заборавиме кога ќе си ги земиме во раце бебенцата
Vo vtornik sum na kontrola. Pa togas ke se dogovorime. Vo 36ta bev ama bese rano, postelkata ne bese zrela. Ama uste trkalam. Nemase potreba za panika. Zgolemen iscedok koj bil normalen. Pozdrav
Нормални се болките, јас ги имав до крај на трети, и секој пат ме вадеа од такт. После 13 недрла се ќе се нормализира. Гледај само повеќе одмарај ова прво тромесечие и се ќе биде во ред
Јас па обратна сум, 5-6ти месец имаше така неколку ноки кога ми беше потешко спиењето и вртењето од една страна на друга во текот на нокта. Еве уште еден ден 32 недела полна мака немам со спиење, како легнам така се будам сабајле, плус настината со болно грло и затнат нос, така да и болките и неспањето е индивидуално. Повекето викаат од 7-8ми месец бебето стиска и на желудник, ама еве да не се подречам и со тоа немам проблем, најнормално си јадам. Нормално е тежи стомакот, ама тоа е, се тешам уште малку дека остана. Еве јас да дадам утеха дека и не е толку страшно
Слично и јас туркам 36. Не дека ништо не ме боли. Навечер едвај се вртам од една на друга страна. Кога половина ми се вкочанила, па најново сега од вчера ципата почна на десната нога да ме боли. Бебе си тежи и тоа си го прави своето. Ама се трпи и се издржува. Се надевам нема до крај да се влоши.
Јас сум 9+3. Мене ме чуди зошто последниве неколку денови се чувствувам баш добро. Многу помалку ми се гади и помалку ме болат градите. Дури се плашам дали е се во ред со оглед на тоа што ете тие симптоми скоро и да ги немам моментално. Освен што ми горчи скоро се друго нешто различно не приметувам. На преглед сум тек на 30ти и тие испитувања што ти ги дале за рубела, цмв.. мене уште ми ги немаат ни предложено ни закажано.
Си ги гледам работите купени за бебе и се уште не ми се верува дека за неколку недели ќе имам бебе и ќе станам мајка. Колку истовремено сето тоа ми буди пријатно чусвтво, но и неизмерен страв. Како се ќе помине околу порајѓајот, па се до како ќе се снајдам во новата улога потоа. Никогаш не сум била некоја мн самостојна личност и фактот дека сама треба да се грижам за некое толку кревко и мало човече комплетно зависно од мене ме заплашува. Се повеќе сонувам околу пораѓајот и искрено од тој дел најмалку се плашам. Колку и да е болно за 1-2 дена ќе помини и ќе се заборави се. Ама одговорноста и обврските кои треба да ги превземам до крајот на живото се она што ме плаши. Свесна бев за ова и бременоста ми беше планирана, но сигурно на крај секој се соочува со овие прашања, старвови и незивесност.
Истата сум и скоро пишав баш за ова. Иако имам уште време, ама лета брзо некако. И јас само си ги бацувам алиштенцата, правиме планови што каде да стои. Теши се со тоа дека мајчински инстинкт водел и се ќе правиш како веќе да си имала бебе и се да знаеш . Ја се потпирам на помош на домашни, кога ќе ми викнат две да плачат, од страв ќе избегам. Еднаш братучетка ми ја остави внуката, немаше ни 40дена, отиде да испазари. Плаче бебе, плачам и јас. Ќе се снајдеме некако. Баби наши во никакви услови раѓале и чувале, денес кога има се лесно е. Да се тешиме барем што не вриеме пелени со Биљана.
Тоа што нема да има помош ме плаши. Се надевав на мм да земи некои слободни денови, ама на работа се хаос и секој ден се по 12 часа па тешко дека ќе може да го ослободат и него. Да имам некој покрај мене сигурно ќе сум 100 пати по мирна. Па ако треба уште и со царски да се породам ств не знам што ќе правам. Јас не можам да спијам од вакви мисли, не од друго.
Вака што добивам совети од други е дека подобро никој да немаш, нервирало. Како и да е, мора сами да се снајдеме. Ќе нишкаш, ќе пееш, ќе рипаш ... Ќе упали нешто.
Скоро сите се плашиме од истите работи што ти ги наброја погоре. Има жени што не се плашат, им се дивам искрено, јас не сум таква. Нова улога, доживотна, но немаме друга опција освен да веруваме во себе и да негуваме позитивни мисли.
Мене бидејки воопшто не мие уживање бременоста,едвај чекам да се породам и да ми се роди здраво и право,па после ќе се снаоѓаме некако.
Најчесто ги даваат околу 12 недела ,но мене докторот ми ги даде порано,можеш и сама да ги побараш незнам дали сите ги даваат, на пример матичната моја не ги дава, и ред други работи и затоа одам на приватно кај многу подобар доктор. Јас искрено жива ненаспана сум и мислам дека малце ми се намалија мачнините но сеуште ги имам, едно време ич не ми се спиеше ,сега еве пак. А што осеќаш на стомакот? Некоја блага болка, тегнење ,притискање, нешто такво?
И јас секој ден го минувам во страв. И од породувањето се плашам. Не знам од што не се плашам веќе. За понатаму не ни размислувам... Не сум стигнала до тоа ниво. Еве денес сум 35+5. Уште ми е страв во коски од тоа предвремено. Не спијам од таа помисла. Само да биде добро бебче сакам. Сакам некоја искусна мамичка или трудница да ме поучи... Стомакот цел ден ми е камен тврд,делот над папокот,под градите. До толку да болка ми предизвикува,особено кога ќе земам воздух. Немам десет дена отидено на контрола,во среда сум сега. Се плашам многу
Е веќе не си предвремено. Денес пројде веќе. Зошто страв??? Секоја болка е нормална во таа недела. Верувај дека породилните болки нема да ги утнеш. Бебе мрда и стврднувањето е нормално. Уживајте девојки додека ви се во меше. Без нервози, смирено, спремете си се за пречек на бебенце. Цел живот доаѓа нов набрзо. За се ќе се снајдете, сакале неќеле ќе морате. Не дека е лесно со бебе, ама кога ќе ве погледнат очињата и кога ќе се насмее се ќе заборавите. И се ќе добие смисла.
Теди со мерки е една недела наназад,а еден дел од телото му е на долна граница,за цели 14 дена поназад. Затоа сакам повеќе да издржи. Постелката уште на 5 октомври ми беше инаку со калцификати во 2 степен