Ве исчитав сите па да се пожалам и јас. Од денес 37+ 3 , спиење навечер никакво, по 2-3 пати станувам за во тоалет и стомакот само ми се стврднува и останувам без кислород. Од денес официјано останувам дома, неможам повеќе на работа, не се иседуваат 8 саати на стол, почнаа половините многу да ме болат. До скоро синко ми беше се во раце и го бањав и се тоа ама веќе неможам. Мајка ми го гледа, го шета надвор, го заспива, а јас само му готвам,го ранам, го занимавам.. тоа што можам.. Маж ми кога си иде од работа игра со него и му го препуштив заспивањето и туширањето на него. Се чувствувам некако неспремна за уште едно дете. Синко е 14месеци и е толку хиперактивно детенце што ни 1 минута не седнува, но ќе издржиме некако, нема да сме ни први ни последни. Така и вие мајки што ќе ви е прво бебенце, ќе ви биде напорно но верувајте и нема поубаво нешто од тоа да се гледа едно толку мало невино душиче. Времето толку брзо минува што додека да трепнете ќе наполни годинка. Ете не ми се верува како толку брзо летна времето та синко ќе стане и батко
Овој сега не беше гаден, како сируп и не беше толку благ. Се држеше три саати без вода. Кај гинекологот беше вода и шеќер тоа не се издржуваше ни еден саат. А чекањето... крај. Плус и клиникава напикана во шума нема мрежа никаква, абе остај.
Го видовме бебе супер е одлично е се. Но јас имам некој исцедок и ми рече докторката за брисеви но матичната нее тука а утре не работи дури среда а заборавив и да прашам што да земам превентивно овие денови. Што користите вие?
Ах Моник и јас имав исцедок и те како па и ден денес го имам и брисевите сите ми се негативни. Сакам да ти кажам,не мора да значи за да се потсмириш ако можеш.
Како водлест исцедок е и мокрам на 5 мин. Кога ми мереше цервикс одма рече за брисеви да направам одма.
Јас имав таков исцедок кога се отворив во 8ми месец и ми дадоа Lactogyn вагиналети една недела се ставаат..
И јас имам водлест исцедок, до сега сите брисеви чисти. Матичниот ми рече дека се додека нема мирис, боја и немам чешање дека е нормално. Сепак на мое барање почнав да користам про баланс за секој случај да не имам кандида. Користев една недела и сега само на утро ми се жива вода гаќите веројатно од вагиналетата, а потоа имам по малку во текот на денот. Но како што се наближува денот за пораѓај нормално е тој исцедок да се зголемува.
Не немав бактерија ми ги препорачаа дека отворена па полесно се закачувало инфекција незнам што да ти кажам јас не би на своја рака :-/
Lactogyn не се страшни. Јас имав бактетија пред да останам трудна, сега во бременост ги ставам преку една недела превентивно за да не ми се врати.
Мене ми рекоа ако приметам такво нешто може одма да земам полигинакс вагинални, тие се ок во бременост
Ќе почекам до среда ваљда нема ништо опасно. Мене нноќеска жива вода гаќите дури и на пижамите малце сали од утругестанот беше незнам,се исплашив бодењакот да нее но не се сие во ред со тоа. Нема мирис ни чешање кај мене само што мокрам често.
А урино култура си правела ли? Можеби бебе притиска на бешика. А за исцедокот и од утрогестанот е да знаеш. Јас кога ставав на почетокот 2 недели имав многу. Едвај чекав да го прекинам заради тоа.
Денес имам некој густ исцедок светло зелен, а и како да ме пече малку доле, преглед имам дури за две недели..не знам дали да ставам канестен на своја рака, надворешно, ? некој со такво искуство?
Кога откривте дека сте бремени, бевте ли претерано возбудени, јас мислам срцево ќе ми излезе, неможам да се соземам, многу сум возбудена,испаничена...се плашам да не напраам некоја беља не дај Боже! Сама сум дома, ќе скренам.. денес имав официјални бета резултати и се одлични и од толкава среќа ќе се мрднам... на секое пецкање на стомак си мислам ете од нервоза ќе зафркнеш смири се ..
Само опуштено душо, стресот е најголем непријател. Не може ништо да му направиш. Ако така ти паниш што ќе правиш до крај. Еве јас во 9 м сум влезена и цело време сум сама. И што ако паничам така? Што ако сум сама кога ќе добијам болки и сл? Само смирено, се ќе е ок. Честитки за позитивните резултати и имај си лесна и школска бременост.
Така е, во право си, ајде со лесно и на тебе на големиов финиш, ти на крајот јас тек на почетокот, C'est la vie
јас вакво купив мнг ми е слатко,и ми го препорачаа демек цуцето имитира како мајкина града па затоа демек најдобро било.па ќе видиме ова е за 0+ ќе треба да купам и за поголемко
Одлично е шишенцето,го користев и јас,за чајче,вода пошто се доевме,ама го загубивме негде.Сега пак планирам да земам вакво за бебево. Инаку и јас сум сама цело време,не не сум сама со две деца нон стоп,35 г,н. и се чудам што ќе прават децава ако ме фатат болки а да нема никој,ќе биде трчаници.. Денеска имам некои болки во кичма и по некоја во долниот дел на стомакот,но пратам,гледам и ко да се спушта мешко.Ајде нека издржи бар уште една недела. Само позитивно.