може ли многу смеење да штети на почеток на бременост? знам глупо е ама јас денес и вчера многу јако се смеам, цела снага ми се затресува, такво неконтролирано...сеа извинете ама си праиме муабет нели?
Мешиња,бев денес на контрола и ми кажа др дека постелката е веќе со лакуни. Протоците рече во ред се. Прашав дали тоа значи да чекам во секој момент ми рече,не,само треба почесто да се следи,бебето нема да напредува така лесно сега. За пет дена ми закажа преглед повторно. Аспиринот ми е прекинат,клексани не сум примала. Што може сега да се случи? Да се одлепи постелката? Да прокрварам? Може ли нешто на бебето да му се случи?
Која смена си и во која болница? Да дојдам упат да земам! Уште не разликуваме очигледно искуство од некој кој патот го има изодено и непромислено создавање на тензии. Па мајку му стара и ти си трудна,пред нешто да напишеш размислуваш ли што ќе предизвикаш кај некој со твоите "стручни" коментари? Јас кај мојот др си бев. Ако требаше нешто ќе ми дадеше упат. Прашав за ИСКУСТВА. Потенцирам искуства од други кои можеби исто поминале. А и да се прават димери и хемостаза,аспиринот и клексаните ги прекинуваат пред крај,а лек се тие. Еден аспирин ми прекинаа,а не па ако има потреба клексан допрва да ми даваат.
Ne gi prekinuvaat pred kraj kleksanite kaj nekoj gi prodolzuvaat I po poragaj Tvoe si e mila sto ke praves I mene mi go prekinaa Kardiopirin ama fraksiparin ne prodolzuvam dokraj so niv
Женски кога најрано се дознава полот на бебето? Претпоставувам дека е индивидуално, ама од прилика ме интересира. Нели ние жените трпение слабо
Па може и 12та, ама некогаш она што ке им заличи на куре може да испадне дека е дунде понатака кога ке се оформи убаво бебчето. Мене првото рекоа 12та дека е машко, машко и бидна. Второто рекоа машко 12та, бидна женско накај 18та нед, женско и си родив Најточно после 16-18нед значи
Богами е многу индивидуално, другарка ми уште во 14 дозна што носи, може поради тоа што и е втора бременост или пак добро било завртено. Ние сме 18+4 и сеуште незнаеме, ни води инат некеше да се сврти бебушот. Д-р додека чекавме да се сврти ми објаснуваше ако се гледа по старо женските се со поголема карлица а машките помала ама вели денешно време тоа не е баш веродостојно. Исто спомна дека ако е машко тестисите се спуштаат во 18гн и тогаш најдобро можело да се види, пошто кај нашето во 17 ништо не висеше ни советуваше да почекаме до скринингот каде најдобро се гледаат сите органи а и најважно било да види 4 коморчиња на срцето како и добри отчукувања. Е сега што ние сме многу радознали и сакаме се да знаеме тоа е друго, ние треба да течаме цел месец за да дознаеме ама брзо ке мини времето верувам ти која недела си?
Не е ништо страшно јас требаше да сум 14гн а испадна 12+4 си знаев јас поради нередовниот циклус дека не сум на 14 ден останата. Ајде важно е добро да напредуваат ке почекаме недела плус минус
А колку беше кај тебе нухалниот набор? Кај мене 1.30мм ми рекоа дека е супер, а првата бременост беше 8.80мм и од тогаш си имам трауми
Ништо од ова од што се вадиш од памет Ти веќе беше влезена во 9ти така? Јас од 34та недела ради тие протоци правев контроли по еднаш неделно, не одев во болница на цтг туку си одев кај матичниот на ехо и доплер. Лакуните си се нормална работа при крај, плус и нормално е бебето да забави со раст на крајот. Доплерот кај мене до сам крај покажуваше нормален проток на крвта, се породив ден пред термин. Така што ако сѐ си е во ред тераш до последен ден
Јас не сум се замарала за тоа не ги ни прочитав поради тоа што таму и ништо не ни кажуваат, а и гинекологот ништо не ми објасни рече ок е се, затоа јас и ги покажав на сестра ми која е доктор и тогаш ми објасна дека нухалниот набор кој кај мене е измерен 1.7мм е одличен и дека до 3мм е нормално. Значи и кај тебе е нормален не се замарај се е во ред
Незнам шо ми е денес два пати се удрив со дебел ластик од хеланките по стомакот т.е под стомакот ама цело меше ми се затресе болки немав. После тоа со патентот од тренерка додека го закопчав ми се сврте и у папок ме мавна дека таму најчуствителна сум не ме здоболе мешето ама сепак у оваа главава моја ми се врти нешо да не оштетив или бебо да не му направив нешо. Нз зш сум толку несмасна ме фана паника инаку сум 6 ти месец и мешко ми е топка веќе чуствувам движења како бранчиња во мене валјда бебо е тоа ама денеска нешо слабо и од коа се ова ми се деси ме мавна психа не бебо нешо да не му се деси од мојава несмаснот