За мерак за купување збор да нема. Можеш да си направиш крвна слика а и во мегувреме почни да пиеш фолна киселина или витамини за трудници ако веќе не пиеш. Следно ќе треба да ти земат брисеви и во 12та недела да го правиш првиот скрининг. Ова ти е битен преглед и го прави специјалист. Мислам јас кај матичен никогаш не би го правела и плус приска се прави но неа сите не ја сметаат за задолжителна во последно време, тоа ти како сакаш.
Штом ти кажале за 6 недели, најверојатно тогаш ќе го правиш првиот скрининг и приска, тој се прави до 14 недела и брисеви. Јас сум 22+6 па до сега ми немаат отворено мајчина книшка. Единствено мерење на килажа ми беше на клиника за приската кога ја правев во 12/13недела. Оттогаш па наваму редовно на 1 месец контрола кај матичен гинеколог, за тоа време ми даде упат за испитување на гестациски дијабет во 17 г.н. и ми даде упат за на ГАК за втор скрининг во 21/22 недела. Сега последно бев на контрола ми повтори еднаш месечно кај него за следење раст и развој на бебето и еднаш месечно комплет крвна слика и испитување на урина. и ако добро се сеќавам во 36 недела последни брисеви.
Јас последни брисеви правев на 24ти септември и беа чисти,тогаш ми требаа за ваучер за ин витро.Уринокултура пред една недела правев зашто крај на август имав ешерихија па проверив за секој случај.Ми пиша Ивановски проверка на крвна слика,серумско железо и урино култура кога ќе одам на контрола.Значи да не се плашам пошто ми се виде вечност 6 недели мислев треба почесто да се оди.Ќе и досаѓам и на матичната другата недела кога ќе одам за боледување Фала ви ,вие да не сте незнам што ќе правам
Јас користам различни дезодоранси некогаш дове рексона нивеа а во моментов бу користам а имаше период некогаш кога ќе заборавев да купам од на мм ставав машки нивеа рексона.Нели сите се исти? Како може да му наштетат на бебо? Знам хемикалии се ама и се др купки шампони парфеми лак за коса лак за нокти итн па и шминките шо ставаме и тоа нели е хемикалиа? Неможам да замислам да бидам без дезодпранс посебно сеа у бременосва мислам повеќе сд потам подмишки ако не ставам нешо вакво ќе спопудалам..
Душо јас одам на ехо секоја недела кај можам да издржам 6 недели, и мене не ми дадоа никаква книшка, секој пат и килажа и притисок ми мерат, 2 пати имам правено крвна слика, на 12 +2 бев за приска а прв скрининг ми направи матичната, сега сум 13+2 ама еве на ехо ке одам тек во понеделник си мислам како ке издржам до тогаш ке бидат 10 дена без ехо, а брисевите ми рече нема потреба ама јас ке инсистирам за понеделник дда ми ги прави. А за утрогестанот кас знам имат ист ефект ако ги пијеш или ги ставиш како вагиналети, јас ставам киренон гел и пијам фолна, обавезно да пијеш фолна. Поздрав
Истото и мене ми се случи кај 10 недела, ме извади од памет. Но кога подобро се видов, имав едно мало брунче, кое пукнало па од него беше точката крв. Сигурно има некое мало брунче, штом нема ништо од вагиналниот отвор.
За ова нема логика, ама 8 години по болници и со 5 ивф и 8 инсимици има логика да одам секоја недела ама имам матична што ме разбира и ми рече ако сакаш секој ден дојди нема проблем и еве мислев да одам малку поретко на пример на 2 недели ама не можам да издржам и очекувам кога ке почне бебето да клоца можеби ке одам поретко така ке знам дека е тука. Поздрав
Зашо секоја недела на ехо? Прв пат слушам вакво нешто. И јас во првата бременост ставав утрогестарон ама не одев секоја недела на ехо. Имаш некој проблем па мораш или од шо си сакаш?
Сега прочитав дека имаш пишено. Те сфаќам се грижиш, ама пробај да се опуштиш малку.. ако ти каже докторката дека се е во ред со бебе уживај, не си стварај сама стресови. Со лесно мајка, да си го износиш до крај со леснотија.
Нема проблем фала на Господ, одам од што сакам не можам да издржам на пример ако 2 дена не повраќам веднаш лоши мисли на глава и дирекно во ехо. Тоа е Фала многу, сите до една со лесно да го носат бебето до крај. Поздрав
Душичка јас те сваќам само што јас за 6 години имам 2 инвитра и 2 инсеминации,оваа бременост е спонтано постигната и стравот е ист и присутен кај мене.Ден еден ко вечност ми се гледа,се радувам на секоја вртоглавица и нагон на повраќање ама тоа ни е.Да се живи и здрави овие срциња што чукаат во нас ,па за друго не му ја мислам
Зошто толку стресови ? Не уживаш во бременоста.. јас само 2 пати повраќав на почетокот 6 месеци сум. Немора да значи дека бебето е живо само ако повраќаш ако ти се лоши ако бебето те клоца 24 саати без престан и уште какви се идеи прочитав. Мајка јас изгубив бебуле во 13 недела и сите тие недели бев нешто ке му се случи живо ли е сега што се изнервирав што ли ке му биде, бев однесена само со негативни стресувачки мисли и кога се случи тоа што се случи си викав зошто не уживав .. плачев беспотребно. Сега со оваа го гушкам мешето и знам дека за брзо ке го гушкам и во раце. Само позитивно мисли срцка, ти најубаво знаеш колку е мачен патот до тука. Сега кога го изоди преплави го бебо со позитивни мисли и гушкај меше, и не мисли на лошо. Со лесно
Od sto se plasi zenata mnogu maki istrpe kako mene I ona I jas sum seuste takva iako 33 nedeli sum veke
Која недела си? Не се оптеретувај премногу се ќе биде како што треба, издржувај барем по 2 недели психата е најлошо нешто, опуштисе.
дечки дали знаете каде точно се наоѓа вашето бебче? ја кога одам на преглед нели го гледаме ми кажува ама тоа си се врти секој ден... како и да е со главчето надоле нели треба да е дека веќе сум 31недела,и стомакот кога ми се движи незнам што точно се движи ми е страв да го пипкам само го галкам...а мм коа ми го држи стомакот кога мрда беба вика еве ова му е ноџето ова му е грбчето,викам од кај знаеш вика се осеќа,а мене ми е страв да го пипкам цело време некако незз хаха...вие знаете ли точно каде му е ноџето главчето рачето ? и кумашинката кога ме пипкаше знаеше каде е раче ноџе дека она лани беше трудна па демек знаела a и многу ми фали да ја видам...ја одам на 4 недели на преглед така ми рече докторката дека треба немало потреба од почесто...па бевме на 1ви сеа кој ќе чека до следен 1ви... и последниот пат ништо не се виде убаво, скриена беше бебка само видовме дека се е ок и некако брзо помина прегледот...ми фали
Така душо, да се живи и здрави сите бебиња, знам дека сите мајки имат страв за нивните бебиња како и да е патот што е дојдено до нив ама ете некој може повеќе да трпи некој помалку така, јас не ти кажав тебе дека треба да одиш секоја недела само го пишав јас што правам. Се извинувам не сакам некој погрешно да ме сфати бебе е тоа нормално е да се плашиш. Поздрав
Знам дека грешам ама се трудам да не паничам, не мислам лошо ама ако го гледам еднаш неделно на ехо и тогаш сум смирена зошто да не го правам тоа, знам дека од пишаното нема бегање и јас имам изгубено бебе од природе пат останата бремена на 7 недела рано било ама и тоа бил бебе. Ако е пишано да биде ке биде ама јас ако сум смирена и бебето е смирено затоа одам. Поздрав 13+2 сум, рано е многу