мамички д аве прашам мене нешто мокрачата ми е чудна... кога се бришам на тоалетната бојата е многу жолта дури драчлива можам да кажам ... пред една недела испитував крв и мокрача се е во ред... да не е можеби од витаминските шо ги пијам???
И кај мене е така..Јас вчера влегов во 27ма недела и исто како и ти движењата и клоцањата ги осеќам само долу....Ќе си се сврти нагоре ко ќе и дојди времето ...Си знаат убаво бебушкитее..
Ама мислев да е внатре во собата додека се пораѓаш,знаеш,има многу полемики околу ова, кај нас во болница дури и не дозволувале никако да влезе мажот во соба за тоа време дури и да сакаш.. што е многу примитивно според мене, секој треба да си има право на избор,а не они да кажуваат кој да присуствува а кој не..Јас има уште пред време да ги "опоменам" дане им текне тогаш да му бранат па да има проблем Инаку за бактеријава мислам дека се наоѓа само во изметот на мачките, не и кај кучињата, барем така имам слушнато. А знаеш колку си ги обожавам, си имам стар дебел мачор шо ќе пукнам од желба да го стиснам силно цревцата да му ги извадам од гушкање, ама се воздржувам.. кутра јас ..
па за внатре и пишав овде смеј кој сакаш да е со тебе додека се порајгаш (черками се смеј вели че снимам мамо па да се гледаш после)
ме насмеја али знам како ти е пошто сум и јас ептен по животинчината бетер и од дете мало ги гледам стисниго таму дебелучко еднаш и од мене....
Хаха,интересна идеа има ќеркичката, ама мене па би ми било многу по незгодно пред дете..барем така мислам. Јас кога би можела и болничарките би ги избркала од таму хаха, да бидеме само јас и маж ми ,пошо некако тоа ми е интимен момент и имам желба само со него да го споделам.. незнам може сум луда шо вака размислувам,ама .. Леле и јас и идниов тате сме такви исти.. едвај чекаме здравје и добра мисла да имаме наш стан па да собереме еден куп мачорчиња и куциња и дечиња па да има по цел ден галама )))))) Па комшиите да мислат дека сме ненормални
желбава е нејзина а и нее мала (14) плус то имаат часови на школо по ова тема па да види и практично (како изгледа ).секој момент ако не сака да глега можи да си излези
добар ден мамички ние не наспани со бебушката.....синоќа бевме излезени на вечера си се најадовме едно убаво и кога се вративме неможевме да заспаме до 5.30 сабајле само се вртевме у кревет.... сега ќе дремиме ,, ај може напладне да се испружиме пак... инаку понеделнички некако ми е глупо дали од шо сум ненаспана и скисната сум.. ај ако излеземе на воздух можеби и ќе смениме расположение.. поздравче и убав ден
За мене е веќе добар ден Спојлер (па будна сум 4-5ч.) Јас вчера роденден,гости, дружење. Касно си легнав и сабајле ко навиена очите ококорени, не ми се пие. Си седам до мажето,он спие јас читам Иначе да се пожалам, на задникот ми се појавија стрии. Вчера ги приметив. Неколку се, црвени. Се мачав се пустев, ама задникот мн мн не го пазев ( а ми порасна бајаги ) И сега, прашање, ако почнам да го мачкам со овие кремиве, маслата и путер од какао има шанси да се повлечат или не?
ами да ги ублажиш да спречиш да не излегуваат мачкај масирај.. а тие шо ти се излезени дури на крајот ќе видиш дали ќе ти се повлечат... јас многу не обрнувам внимание на мачкање со креми стомакот си го премачкувам кога ќе ми текне... ама треба да си фатам сериозно работата мешето ми се познава ми расте а како шо сум слаба.... не знам дали ќе ми излезат треба да спречам ваљда
Здраво мешиња, како сте? Ние сме денеска на контрола. Можно ли е да ми го кажат полот во 15+5 недела? Минатиот пат (кога бев на првиот скрининг) ми кажаа дека околу 17-та ќе можат да го видат полот. Докторот ми го покажа делот на бебенцето каде што треба да му биде половиот орган, ама рече дека ништо не може сега да види, зошто е рано. (тогаш бев 13-та недела) Не дека ми е кој знае колку важно што е, ама ете пуста радозналост! Едвај чекам да го видам бебенцето, едвај.. Туку сакав да ве прашам нешто. Јас пијам Магнесол од 150, никогаш не сум сакала да ги пијам шумливите таблети и истите ми се одвратни. Има ли магнезиум во облик на апчиња? Да ги потрошам и овие 3-4 што ги имам и да ги сменам. Ги пијам на секои 2-3 ден (забушавам) а ако не се напијам подолго време, во спиење почнуваат да ми се јавуваат грчеви на ногата (до сега само при протегање) а никогаш не сум имала проблеми со грчеви. Морам редовно да ги пијам а одвратни ми се, соодветна замена за шумливите има ли?
Мене на часовите во ГАК ми кажаа дека сопругот можел да присуствува на пораѓајот но тоа по договор со докторот кој го врши пораѓајот. Незнам колку е точно затоа што до сега немам слушнато нечиј сопруг а присуствувал на пораѓај. Јагода123 можеш да си ги земеш овие Магнезиум 300 директ Спојлер Јас ги пијам цела бременост и сум задоволна.
Јаготке има замена на шумливите магнезиум....и мене ми беа одвратни па ги сменив во таблети магнезуим од 250мг како овие на сликата... Спојлер инаку јас другата недела ќе одам на контрола па едвај чекам да мi го кажат полот да почнам да купувам ...
Mене докторката прв пат ми го каза полот во 16 недела,ама ми реЧе не купувај усте нисто розево бидејки не сум сигурна сеусте е многу рано,јас не ја послусав поЧнав да си купувам розеви работи потоа во 21 недела ми го потврдија полот тогас веке беа сигурни и срека сто не погресија
Здравоо и од мене ... Јас сум овој петок на преглед 15 недела плус некој ден ... Се надевам дека ке се покаже бебето ,што е како е Него мене ме мачи нискиов притисок , сабајле неможам од кревет да станам , вртоглавици имам, плус ова го имам скоро цел ден ... лошоо Малово почна сите да не вика Ана , Ана да не предосеќа дека можеби ке добие сестриче Поздрав и имајте убав ден
мамички поздрав и од мене , само што си дојдов од котрола, вака среќна од дамна не сум била, докторица ми потврди со сигурност дека е девојче ееепптеннн ми е кеиф а маж ми пустиот „ти кажав јас„ убеден уште од сам почеток дека ќерка му доаѓа оффф циркузи сме жими се поздрав до сите имајте убав ден
Јагода, ти одговорија за магнезиумот ( и јас го пијам два пати по 250 мг. како апчиња), а за полот мене уште во 14 недела ми го кажаа и ете на сите следни контроли си остана првичното дека е девојче.
добар ден мамички најубави лелеее девојки мислам дека синојк го осетив бебушот лелееееее душаааа тоа мала,колку се возбудив кога го почуствував мммм преубаво чуство душичка