Ке ти пушти грлото до крај, ке си истераш до термин, ке се договорите со докторот, само ке треба да те следи и вагинално 38+ колку е цервикс, да не се подотвориш итн. Така и другарка ми во Чаир беше, си ја породи нејзината докторка природно, со вагиналетка, на термин баш мислам
И јас сакам нормално да ми дојда болките прашав само посто заден термин ми е 31 октомври грлото на матката ми е 2,4см ако добро сватив отворена 2 прста докторот ми рече ако не се породим до термин уште една недела плус оставаат ако и за таа недела нема ништо се оди со провокација со некој гел инаку не сум во мк па сега се надевам дека нема да има потреба од провокација
Јас поима немам како е со сантиметриве, прстиве Прв пораѓај ќе ми биде и тотално сум изгубеан. Бебко е напред недела дена, па не знам дали и тоа влијае за пораѓај. Мислам дали би се породила порано две недели или не Со лесно тебе мајка, се гледа крајот
И мене ми е прв пораѓај и така да и jас незнам кога ќе прашам некој никој незнае како оди тоа фала и на тебе со лесно со убаво се да поминеш
Трето дете две недели шетав 2 цм отворена. Прво дете кога стасав болница мислев готово, бебе ќе испаѓа, тоа ниту прст не бев отворена. После пола ден болки, а не се отварав, ја ставија провокацијата. Рачунаат треба да си 10прста(цм) отворен за бебуш да може да испадне. Отварањето е потешкиот дел, кога е веќе 10прста само правилно дишење и давање напон. Тоа е полесниот дел. Нема врска ако е бебуш понапред. Термин е оној кој е кажан на прввиот преглед. На големината покасно влијаст други фактори, гени на пример. Не мора да значи дека ќе бидне баш 40та недела, тој ден, не се знае тоа, но ако е понапред не се крати од крајниот рок.
A zasto magnezium rekle da ne se pie posle 36,deka jas piam uste,denes eve edno se napiv,a ne sum prasala dali moze uste da se piat
Ако добро се сеќавам заради контракциите мислам дека ми рекоа. Можеби и грешам,нека ме поправи некој поупатен ако грешам. Запомнив само дека аспиринот и магнезиумот ми рекоа да ги прекинам со полна 36 та.
Од утринава и стапалата ме болат. Не ми се отечени, но имам како трпки и нелагодност кога газам. Како здрвени. Рацете не ми се веќе отечени, али како ковчињата да ме болат. Да ме види баба ми би рекла те вијат чедо коските
Има ли некој на кој бебуш му е 24 часа активен? Ама не одвреме-навреме туку цело време. Буквално цел стомак ми игра,ми се чини се спрема да излезе.
Еве го мојот,мислам само кога спијам е мирен а може и тогаш скока Сега само што отворив очи одма се јави,ама како се превртува сс тегне мислиш шпаги прави и ддка ќе ми искочи од некоја страна Моето искуство кажува дека ако не си вопшто отворен со провокација е многу болно и тешко оди отварањето. Барем кај мене така беше 48 часа бев во болки кој не се издржуваше,преку инфузија беше и кај мене. Сега шанси нема да дозволам провокација ако не дојдат природно болките царски ако не провокација никако.
Мене ми рекоа како сакам, можеби немало да ги сетам контракциите од магнезиумот. Таква среќа немав. Првиот пат ги имав прекинато и се мачев со болките. Вториот и третиот пиев до крај и те како сеќавав контракции. @monik55 се сложувам.
Јас искрено имам уплав од провокации. Не беше спуштено бебето(веќе бев 40+6), беше со главчето на страна, а си добив провокации(дека прво немав појма) 15 сати бев со провокации, па замисли болки... Околу 5 сати пред да излезе бебе ми го дупнаја водењакот итн.. да не ширам. Е сега сакам да кажам дека нозе ми се тресат и дека нема шанси да прифатам провокации за второво здравје, ако не добијам природно болки(секако се ќе биде следено), колку што може ќе чекам, или одам царски, не би го поминала тоа пак никако. @monik55 сега прочитав твое мислење, гледам дека ни е скоро исто.
Ти 15 замисли јас 48 два дена,шанси нема пак истото. Мене кичмава ме уби одсабајле,почнав да пакувам работи но тешко ми оди некако,дали малово некако незгодно наместено неможам нит да се наведнам. Имам уште 4 дена полека ќе средам,после пак вадење редење
И јас делам ваше мислење. Со првото 41 недела бебето горе напикано, со провокации, се отварав многу брзо ама имав ненормални болки, за саат ипол се породив мислам дека дури немав ни простор од една до друга контракција цело време ме болеше. Сеа сум 35та недела и мислам дека ќе си чекам природно болки а ако пак несака ќе ги молам за царски.
Да, тоа се ненормални болки буквално да се маваш од земја со саати.. но има верувај и уште полоши случаеви од нас, докториве се катастрофа, јас најверојатно и во др болница ќе одам, само здравје.
Криво ми е што во 21 ви век да се трпат вакви болки.Ок пороѓај е ,но болките не можам да замислам какви се,но по вашите мислења тоа е нешто што има болка до неиздржливост.Се чудам за еден заб има чаре против болка и за милион работи а нема против болки од провокација.Стварно не е фер.А нели помага спазмекс во овој случај или ептен нема чаре и мора да се трпат тие неиздржливи болки и по 2 дена??????Ајде да е 2часа ќе стисне човек заби,ама два дена или повеќе од 3часа......
Во мојата ситуација царски немаше шанси а и спазмекс,трондони и диазепами не помагаа џабе примав. Не битно битно со провокација пораѓајот е многу поболен.
Ништо такво не ми дадоа само чекаа, докторот седнал скрстил нозе и се смее додека му пискам да ме пораѓа царски. Е тоа е..
Се ближи време 34 недела од денес полека се спремаме, да не сум јас да викам за купување ќе нема во што да го облечиме бебето од болница ме нервират малку (свекрвами) се ќе се купело за 2 дена дури сум била на болница. Ама јас скоро се си купив никој не матам уште креветчето не ни е средено, треба да се префарба, немаме душече купено и оградици и постелнина, си велам ќе средиме. Дома уште масиче мало немаме ама и тоа се прави, парно наместивме се е спремно
Дали вакви се ситуациите (ако дојде ред за провокации) и во приватните болници или таму не дозволуваат по толку мачење него реагираат побргу во вакви ситуации. Или приватна-државна тоа е, ќе си трпиме... не сакам со ова да навредам некого, само си барам утеха од различни искуства