На приватно секако ќе добиеш епидурал ако сакаш. Ама мене ме чекаа до крај за природен пораѓај. Може не долго како што кажуваат тука, ама си чекав до крај бебе да се спушти
Тоа е гас за намалување болки.Не треба документи дополнително.Мене ми го понудија ама јас прашав за PDA и после следеше немаш документи потпишано.Им реков ми кажаа дека тоа е вклучено при пораѓајот и дека се имам потпишано.Па ајде трчаа анестезиолог да најдат ми дадоа документи.Беше 22:30 додека прочитав и преведов дојде анесрезиолог во 00:00. Додека ми објасни се и таа , па додека ме боцна јас бев во 1:45 со бебе во рацете. Кога дојде анесрезиологот утредента да ми го извади ПДАто и виде кога сум се породила ми кажа ти и без анестезија ќе си се породила уште малку Имам една познаничка што не и дале епидурал ја смотале и таа се породи без сретсво против болки.Пазете и бидете упорни.Со лесно
Лелеее киселини денес. Ау! Цел ден. До колку таблети смее да се лиже од ова ГастроГард? Верувате во бабини деветини дека може од тоа што им расте косичка е киселината? Денес не сум јадела Орео, не ми е од чоколада.
А јас за неколку дена и правам 35 недели а киселини имам не сум раат цел ден душа ми гори и не пијам ништо си велам косичка и расте на дунде колку е точно незнам
Не е вистина тоа со киселините и растење косиче на бебето. Јас се давев од киселини, бебево се роди без коса
Тоа е бабина деветина не е медицински докажано. Сега не ти викаат од цигарите ти е? Бидејќи наутро пијам многу вода и ноќно време станувам за вода 20 години ми збореа дека ми е од цигарите, па како се ми било исушено внатре, па како ќе ми биде подобро ако ги оставам, итн. 7 месеци не пушам камила не ми е рамна за вода. Станувам по сто пати ноќно време, а наутро пијам пола кило пред кафето. Значи златни цигари сепак немале врска со ништо
Ееее, сега косата била. Море да се породам здравје, како ќе ја здимам една, уф мераклиски! И една чаша црвено вино, лиги ми течат што гледам слики од слави со винава. Јас пијам по 3л вода+ сокови цедени секој ден 500мл портокал + чаеви + супа. Не сум поправена, вода е.
Нормално е, до крај на бременост ќе ти се прави така. Тоа се некој вид лажни контракции на матката, не се секирај, неудобно е знам, ама како што кажав нормално е
Уф па дали ќе ја здимам со една ракија! Црвено вино можеш и сега да се напиеш ако ти бара совеста. Јас не сум по црвеното ниту пиво, затоа и цела бременост немам никаква желба за алкохол. Чим нема ракија ништо. Досега немав кризи за цигари али почнаа на сон да ми идат, ми велат кај си шо те нема Сакав да прашам за хемороиди пред да се појават имате некоја крема или некоја исхрана? Чувствувам ќе се појават многу наскоро кај мене.
Јас по 3 се случува навечер да лижам мн имам од се киселини, и мене ми велат коса му растело затоа киселините Иначе јас мерак само за пиво имам, се имам напено само по пола чаша два пати летово сите ми велеа немало гајле од толку а мене мерак голем ми беше и се почастив
Јас бев на контрола, 19+7 сум, арно ама никако неможеме да дознаеме што е плодот, многу се крие, срце мое Исто ми рече дека добро е бебето, супер е плодовата вода, ама на таа мојата ја мрзе да зборува, ништо не кажува, ајде си закажав на 6ти кај друг. Девојки има некоја користено polygynax вагиналети, и се пожалив на докторката дека многу бело прање имам, таа ми ги препиша.
Кога бев трудна пред 2 години, не сум за тука да пишувам , ама да кажам и јас имав проблеми со киселини особено навечер и тоа рано ми почнаа мислам.Имав едни таблети ги заборавив на база пеперминт многу ми беа одвратни па си пиев пола лажичка сода бикарбона со една чаша вода.Одма ми минеше.Не знам дали е дозволена во бременоста .Само искуство кажувам.
Јас баш претходнава вечер зедов, но краткорочно е дејството, не сум задоволна. Гастрогард подобро ми делува, исто и кисела вода, непечени бадеми и оние благи сусам со мед забележав дека ми помагаат. Помага сода бикарбона, јас во вид на таблети ги земав, но во бременост не се препорачува и затоа максимално ги избегнувам.
Слободно користи ги,помагаат иако се малку големки и незгодни за ставање.Имам користено во две бремености. Кај мене нема знаци за раѓање,да ви кажам едвај чекам,олку тешко досега не ми било.Имам некои благи болки,но не е тоа тоа.Утре сум на контрола па ќе кажат.36 гн и некој ден.
Бебчево ика ама не кај што си икаше лево подолу наа стомаков, туку десно изгледа е малку подсвртено нагоре, малку се насекирав да не ми се сврти со ножињата сега на крајов цело време е долу со главчето сега нешто се крева, а баш сакам природен пораѓај. Можи сега да се сврти во 34 недела? Се надевам дека ќе се врати, неделава ќе одам и на контрола па ќе видиме како е.
Штотуки си идам од контрола. Бебе е супер околу 3 кг, протоци супер. Допрва ќе си расти. Прв пат денес искусив и преглед со прсти. Цервикс над 3 см, бебе нема абер за излегување. А баш се надевав дека можеби 1 или 2 недели ќе подрани. Од денес ќе почнам да јадам урми и се мислам за терапија со секс, ама шубе ми е. Некако после 9 м се чувствувам пак како девица. Хахах