И јас само што се вратив од контрола, бебето е 100 гр, три дена е поголем од последна местр, денска сум 13+6 а бебето одговара за 14+2 и добар беше и машко е. Поздрав
Јас вчера зедов две, едно по ручек и едно касно пред спиење и конечно сум врзала два-три часа сон инаку преспивав во седечка положба од прв ден. Многу киселини имам а несакав да земам дополнително хемија ама сега ќе ги пијам овие. За сода прашав др ми рече никако во бременост.
Баш за ова прашував овде на форумот пред неколку дена. Ииииистото тотално ми се случува, само кај мене или на десно или сега последниве 2 дена над папокот горе вака ми се прави... Значи нормално е. Јас исто од памет се извадив, дека малку се чувствува како стегање, ама си се вртат бебчињата
Одвај чекам да одам на следна контрола, да видам колку пораснала девојката моја. Од денес ја почнувам 34та недела и убедена сум дека за 3 недели ќе имам бебе дома. Креветчето стигна конечно па ми дојде душата на место, а од следниот викенд планирам да почнам со перење и пеглање. Главно оптеретување сега каде да се пораѓам, дали да лупнам еден куп пари за приватна болница за да добијам епидурал или да си трпам болки и да си ги чувам паричките за бебе..
А зошто малечко е? Мене па искрено страв ми е да не ми порасни многу од нив оти јас ситна, па да не не можам природно да го раѓам.
И јас така си мислев, ама еве од утре полна 37 и бебе абер нема. Инаку јас се решив за Плодност, а не сакам епидурал. На крај можеби ќе молам, ама за почеток сакам да пробам без. За цени не препрашав како е што е имаше многу гужви денес.
И јас сега се враќам од контрола. Бебка е 2900 а јас и ти сме исто од утре полна 37 гн. Правев и гтц мирно е,но мене не ме прегледаа вагинално. Контрола имам дури за една недела. Ти мила како си со контролите? Плодова вода ми рекоа доволно имам,а постелката ми е 2 степен на зрелост со лакуни.
Мене цтг нема да ми прават. Само протоци ми мереа, постилката не сакаше ни да ми ја гледа битни биле протоците од сега. На мое инсистирање ја виде ок била, без лакуни и калцификати. Плодова вода имам доволно. Наредно контрола неколку дена пред термин, немало потреба почесто се било во ред. Таква им била процедурата. Баш се зачудив и реков дека мн на далеку ми се гледа и ми рече ако сакаш секој ден иди ако ти се даваат пари, ама нема потреба. Инаку да не се плашиш не е толку страшен вагиналниот преглед како што кажуваат. Макар што кај овој др мене никогаш не ме болело ни за пап ни нишш, за разлика од кај матичниот. Може и до раката е.
Здраво и од мене, деновиве се осеќам подобро, мачнините многу се намалија(не сум веќе како зомби), мешко малце се познава,ми се чини за 10тина дена не ќе можам да кријам веќе, а и таман си е до скрининг па нема да кријам. Добро е што енергијата ми се врати и не повраќам скоро ич. Поздрав мешиња
И јас не сакам да кријам, на блиските им кажав од како се осигурав дека е се во ред и плус знам дека сум во сигурни раце. А и кај и да е сите ке дознаат, убаво се познава мешето машала брзо си расти и многу ми е ќеф Нека си е се во ред, за убави работи со мерак се фалам
Да малечка дефинитивно ќе биде ситна нема да имам големо бебе ама нее важно само здрава и жива нека биде друго ќе се среди
И јас така си мислев, ама еве си порасна. Всушност додека не се родат никој не знаеме колкави се. Овие мерките од ехо не се веродостојни на крај. Така да не се оптеретувај со тежина. Нека се здрави и живи ќе си пораснат. Внука ми се роди 1700 па сега е колку мене.
Здраво јас сум нова.Бремена сум во 21 недела ми рекоа дека треба да правам скриниг за внатрешните органи на бебето е сега ме интересира бидејќи првиот скрининг не го направив да ми објасни некој каков преглед е тоа? Ви благодарам
Ми се јавуваат некои ко билки, не знам како да ги опишам, во долниот дел на стомакот, ко пробод со нож што би се рекло, личат и на слаби менструални болки, траат кратко, и ги снемува. Не секој ден. Не знам дали е нешто опасно? На преглед сум за една недела. Од денес 29 та недела.
Си пропуштила многу битен скрининг,и самата кажа скрининг за внатрешни органи. Ке го гледаат цело бебче и органите дали се развиени.
Јас како матичар на темава се ви запишувам шта чеш кад појма немам. А колку треба да е цервикс 37ма недела?