Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    И јас го пиев прашокот ама многу ми се лошеше од него. Има Магнезиум Биолектра и апчиња можеш со нив да пробаш околу 250 денари се во Зегин.
     
  2. verba

    verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    198
    за стрии мене докторката ми препорача павловичева крема со АД капки, но јас не ја користам редовно, за тоа ич не сум дисциплинирана а витамините редовно си ги пијам
     
  3. zapostavena

    zapostavena Нов член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Феминки јас сум нова на форумов и имам едно прашање за оние кој веќе се породиле или ако имае некого да прашате па да ми одговорите. Бидејки мајка за вакви работи не се прашувало а свекрва ми е на службен пат. Веќе една недела имам болки во долниот дел од стомакот, минатата недела имав високи контракции на тонови кога ме ставија. Синоќа страшни болки во половината , а денес пак стомак ме боли ненормално,цело време се чуствувам лошо,ми се затемнува пред очи , кога се движам стомакот ми тежи мислам дека ќе се породам , а пак сега стомак ме боли,половина и се ми се замаглува пред очи. Прашањето ми беше дали некому му се познати овие симптоми и што би можело да ми укажуваат? Бремена сум во 36 недела.
    профилов го направив специјално за кај свекрвите и снаите но ете имам потреба и од кај вас
     
  4. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    под хитно да појдиш на болница
     
  5. zapostavena

    zapostavena Нов член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Минатиот пат кога имав вакви слични болки и бев на лекар матичниот ми рече дека ништо сериозно , па затоа незнам дали треба пак да се јавам или да причекам уште некое време. Прв пат сум бремена па не ми се познати овие симптоми. уф :worried:
     
  6. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Kако можи да нее ништо кога велиш дека ти се замаглува :^) не сакам да те плашам или да ме сватиш погрешно недај боже детето да го угушиш внатре не си играј играчки оди одма на контрола
     
  7. Ayleenn

    Ayleenn Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    45
     
  8. zapostavena

    zapostavena Нов член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Па не се прашувало мајка бидејки ако биле симптоми на пораѓај мајката не требало да знае за да било лесен пораѓајот :o . Неможам да ги разберам постариве адети и бабини деветини еден куп. Ми се замаглува пред очи само во ноќните часови.Детето постојано си прави движења. Затоа ве прашав матичниот ми се обрати со ови зборови „Девојко дали ке научите вие младите кој се симптоми на пораѓај , какви се болките на порѓај , за секоја ситница прашувате и трчите овде„ :headbang: . Незнам сега дали да се јавам пак зошто оваа недела веќе 3 пат ми се случува ова а бидејки ми било рано за пораѓај демек во 36 недела не се пораѓале вели ништо не ти е .
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.689
    Допаѓања:
    253.314
    Па и во 8-ми месец не се пораѓа, ама ете се случува и тогаш да се породеш.
    Какви лекари постојат, чудно едно. Катасрофа.
    Туку ти не слушај бабини девитини и разни глупави адети, млада си и терај си по свое. Јас за се си ја прашувам мајка ми, со свекрва ми не ни разговарам за бременоста. Затоа прашај си ја мајка ти, иако мислам дека тоа се лажни контракции, но ете и на мене ми е прва бременост, па затоа ни јас не знам, а и неможам да ги знам болките за пораѓај.

    И јас ги имам болките, минатата недела често имав менструални болки, лошо се чуствувам, осеќам напон, ама утре ќе одам на контрола па ќе си прашам се во врска со болките и контракциите, што да очекуавм, како да ги препознаам.
    Инаку сум 35 недела, во среда влегувам во 36, значи во 9-ти месец.
    Вака ми смета лекарот, 35 полни во 36, на тикерот ми пишува 34+5, тоа 35 недела.
    Мислам дека конечно го научив сметањето :) .
     
  10. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    хеј баталиги тије глупости бабини деветини и адети без врска то ако треба да боли пак че боли па кријај ти колку сакаш (што мислиш ти ако кријаш оп че се слизни бебето ко подмачкано и нема ништо да боли :) ) слушнисе со мајкати таа те родила и знај како да те посоветува :) Aјде и пиши да не те мислиме и тебе и бебенцето
     
  11. zapostavena

    zapostavena Нов член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    утре ќе одам на контрола па ќе ве известам
     
  12. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Ех мешиња да ви кажам смешки на денешниот преглед! :lol:
    Ме гледа докторката на ехо и ми вика ова е изгледа машко. Еве тука гледам и ми личи како да е машко.
    Ни покажува и навистина изгледаше дека е машко. Вика 99% е машко, ама сепак не купувајте ништо на плаво, да не испадне после девојче.

    Вртеше сучеше и уште еднаш рече изгледа е машко, ама кога го кажа тоа докторот веќе беше влезен во просторијата каде ми го правеше докторката ехото и искоментира мене ова ми личи на девојче. :lol:

    Докторката вика, како докторе, еве видете тука убаво се гледа.
    Докторот гледа и вика не, не ова е девојче. :lol:

    Докторката вика ете сега поделени мислења, се извинувам може јас грешам а докторов до сега никогаш не погрешил, така што можеби е во право.

    Сепак најдобро за 4 недели кога ќе си дојдете на контрола веќе со сигурност ќе можам да ви потврдам.
    Ќе си причекаме уште 4 недели за да дознаеме што е.

    Или е машко, или тоа што го видовме беше папочната врвца.
    Докторов никогаш не погрешил, ама ќе видиме дали и овојпат бил во право. :)

    Инаку најважно е што со бебушка е се во ред. Аааа да ќе заборавев да кажам дека имало долги нозе. :)
    Па ако е девојче ќе биде права манекенка, висока нема да биде на мене, ама ќе биде убава. :lol:
    Ако е машко фудбалер на тато.
    Што сака нека биде, само да ми е живо и здраво и секоја контрола да слушам само убави работи. Ништо друго не посакувам!
     
    На Mrs.Bass, Danni79, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    добровечер женски... денеска на прошетка на гости.. и многу се налапавме едвај си дојдовме дома почна стомакот да ме боцка силно околу папокот ама буквално цел стомак... дури едвај одев многу силно ме боцкаше... дали е нормално да боцка стомакот во бременоста или да не се прејадувам другпат толку... ама ми се има и порано случено боцкањето.... сега ќе си најдеме некое филмче и ќе си одмараме.. поздравче и лека ноќ
     
  14. Ayleenn

    Ayleenn Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    45
    Леле девојче не си играј играчки, поради бабини деветини и измишљотини дане му биде нешто на бебето, не дај Боже. Ја во ништо такво не верувам, таман работа, мајка да не прашаш,та таа треба да ти биде најголема поддршка и се да знае во текот на бременоста :) А,матичниот под итно да го смениш !!!! Какви доктори има бре,да им се плукнам во тоа дипломата што ја имаат кога немаат едно основно понашање спрема пациентиве, прва бременост ти е се разбира дека ќе бидеш исплашена и за се ќе прашуваш доктор,наместо да те охрабри што повеќе да прашуваш..ццц
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    јас сакам да ве прашам има некој проблем со пагање на косата?
    мене ми пајгаше и порано али Sега е премногу :^) почна да ме загрижува,една блиска личност ми рече можNо е од бременоста,а помош?? или да си прашам матичен ? :^) хм
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.730
    Допаѓања:
    107.080
    Пол:
    Женски
    Zapostavena , девојко, не си играј какви се тие глупости на мајка да не се кажувало па ако на нејзе не кажеш , тогаш на кој :^) и како неможе да се породи жена во 36 недела, секако дека може! Јас сум родена во 28 недела доколку те интересира. И да, подхитно да одиш на лекар!
     
  17. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Одма на лекар,под итно!

    Со вакви симптоми една комшивка(прворотка) пред 5-6 години се породи дома во спална.Исто како тебе имала болки ама ја вратиле од болница и рекле имаш време,оди си дома и женава до вечерта се породи дома,а немала јаки болки и се приодело во вц(а знаеме што значи тоа)и кога видела дека бебето излегува почнала да вреска се собрале свекрвата,свекорот,маж и ја легнела на спална и се родило бебето.
    Може изгледа како на филм ама вистина е :)
     
  18. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    ЗАПОСТАВЕНА мајка ми се знае, таман раб да се ослонам на свекрва,и ко ке се пораѓам мајка ми ке ја викнам,тогаш ке ми треба најголема поддршка.Од тие бабини деветини глава не може да се дигне |( , не си играј,и мајка ми ме родила на почеток на девети, тоа е сосем нормално,не му се мисли мама за рака и во болница, колку само ке ти биде полесно.

    Иначе ние вчера бевме на контрола, веќе сме 8 месец (колку брзо минува времето :o ),курето ни тежи 1748 грама, и веќе е со главичката надолу, се свртело веќе тоа срце на мама спремило куферите за надвор. :lol:
    На почеток 9, ми рекоја да одам за брис на цервикс, ама пустава кандида ме утепа,никако да помине,малку ме фаќа паника околу пораѓајот, се надевам ке има грееење ко ке сум на бокс :D ама па и едвај чекам да си го видам бебушот.

    Ме интересираше,колку што разбрав не се носат гаќи ко ке поминува визита, епа улошката ке ми лебди ? :^)
     
    На Lori-30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zapostavena

    zapostavena Нов член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    :@ Само што се вратив од контрола и матичниот пофторно ужасно ме изнервира. Уште кога ме виде ми рече „Аман бре девојче пак ли имаш проблем„ , му раскажувам што ми се случува и ми вели „Вака како прво престани да ги загрижуваш домашните со ситници,како фторо ти реков дека до 38 недела не се пораѓа никоја, и како трето дај веќе научете што се породилни болки а што лажни„. Се изнервирав и му велам „Како бе докторе не се раѓа дете пред 38 недела кога брат ми е роден на 36 недели,кумашинката се породи на 28 недели?„ , ми вели „Тоа се случаеви 1 на милион„ . Се изнервира и му се развикав „Дај прегледај ме или ќе се јавам во фондот ќе се жалам од тебе какво понашање имаш твоја работа е да го прегледаш секој што е за гинеколог а не да коментираш дали може или неможе„. Се изнасмеа и вели ајде легнувај гледа на ехо бебчето се спуштило ниско со главата надоле тежина 2600 и ми вели гледаш се е ок со бебто. Му велам абе докторе а грло не мериш, водењак? Вели„ па ти измерив минатиот понеделник ти беше дебело грлото и долго водењакот супер нема потреба сега да мерам„ :@ Ми рече да одам во четврток пак а јас толку болки добивам повремено што ми се плаче дури . Прашав една акушерка која ни е пријателка и ми рече лекарот најдобро знаел од што може да биде да не сум се грижела непотребно. Како бе да не се грижам прва бременост ми е нормално дека за секоја ситница ќе испаничам од кај да знам јас какви се породилните болки и кој се лажни како да јас вчера се породив па знам абе :headbang: . А ете од синоќа сум малку подобро половината сеуште ме боли,кога одам во вц јајниците ми се кинат мислам,бебето се поостро удира или воопшто не мрда се дури не се напијам нешто топло или студено зошто така ми рече свекрвата со топло ладно ќе сум видела дали мрда и со тоа се знаело дали е ок бебето, исто така почнаа од синоќа да ме боли јајници и кога се движам. Уф незнам веќе што да правам чекам мајка ми да и биде пауза на работа па да и заѕвонам и да ја прашам за мислење. Инаку болките се 2 пати посилни од менструалните.
     
  20. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    мила а оти не си зема некој упат да си имаш при рака и ако болките ти се двапати посилни од менструалните да се упатиш на оделение кај специјалист.. фукни му го на матичниот сите доктори се праат дипломи имаат... бог да чува и да брани..