Па нема некоја точна мера, зависи кај секоја жена. Но треба да се скрати скроз, ич да нема, за да се породиш. А над 25 мм и во втор семестар се смета за добар цервикс кој држи.
Ме влечкаше докторката со треба да правиме ама има време за на крај да ја сменам првиот беше за даунов синдром така? а прегледот е како на ехо кога одиш или?
Јас па досега бев ептен храбра на тема породување, делев совети на други трудници да не се потресуваат затоа што бебето секако мора на некој начин да излезе, а сега само си правам филмови и замислувам колку престрашни болки ќе ме фатат па само на епидурал мислам, а на моменти дури и си викам подобро да одам царски, а знам дека со царски болките и патењето се после породувањето..
Нека не те страв. Баш читав последно истражување во врска со болки при породување, дека секоја жена на болките го додава и својот емотивен занес и паниката од партнерот, за да на крај приказната личи на хорор. Во реалност со природен пораѓај оди доста полесно и имаш шанси за речиси никакви болки ако претходно ги вежбаш мускулите и дишењето. Така да крени глава горе и храбро до крај. Мора да биде добро!
и јас се колнам во правилното дишење. Секој ден го вежбам. Мн трудници се фалеа дека благодарение на него мн лесно поминале.
Во тоа е суштината на породување, синхронизиран однос со бабицата диши диши, туркај, земај воздух. Се ќе биде во ред.
Од десна страна кај едното бебенце ми пулсираше нешто 2,3минути, исто како желудникот некогаш кога е празен. Што може да е?
Можно е да ика бебе Значи никогаш во живот толку брадавиците не ме болеле, и при најмал допир, посебно левата... имам вртоглавици изминативе два дена баш прееска заборавив да пишам..
Појма немам, 25та можно е? @Adeline провери притисок за вртоглавица или железо. И јас 2недели сум со благи вртоглавици.
Тој цервикс е топ за 37ма недела, кај брзаш башка постелката викаш добра ти е, прворотка, спреми си се за уште добри 2-3недели иако нема правило. И јас од утре 37ма, бебе околу 3 кг ама со помалку плодова, малку тахикардично, постелка зрела пуна калцификати, најважното-протоци добри, јас со спуштен стомак скроз па еве го уште седи и ќе седи ми се чини. А за големина на бебе и пораѓај не му ја мисли, природа е тоа, јас ситна 4 кг го родив првото во 41ва недела, камо да знаев да не перам се од 36та
ееее вака исто и мене ми е само на десната страна ми е испакнато и тоа сакав да прашам што е тоа испакнатото газето така ?
Дали се превозбудив или незнам од што,1 саат неможам да се смирам од тахикардија дишам ко да сум трчала,се напив б6 две одеднаш ама некако слабо ми делува. Брисевите и уринокултурата чисти ми се незнам од што може да имам исцедок како бело прање,докторката вика ништо нее но незнам сали може да си земам на своја рака некој вагиналети.
Смири се, полека се е во ред. Пушти си некој видеа или песни на интернет што те смируваат и свари си чај од маточина или камилица. Легни си, одмарај пушти мозок на пасење. Деновиве малку појачај јогурт во исхраната и одмивај се со камилица. Може пробиотски вагиналетки да ставиш ако ти е мисла, но како и докторката и јас мислам дека не е ништо бидејќи само бело прање е велиш, нема чуден мирис ни боја. Се јавува и при пад на имунитет или при промена на пх на вагината. Уживај и галкај меше
За тахикардија пробај со длабоко вдишување преку нос и бавно издишување на уста, мене некогаш ми помага, а за исцедок доколку нема ништо на брисеви и ако не чувствуваш мирис и чешање не би требало да те плаши. Во повеќе апликации за бременост по недели пишува зголемен исцедок како нормална појава во овие месеци
Јас кога имам тахикардија , легнувам и го затнувм носот неколку секунди. Ми помага нешто од нешто. Смири се само зошто ако паничиш бетер правиш.
Исцедок имам и јас а брисеви чисти. На моја иницијатива ставав пробиотик и пијам провен и јогурт и за џабе се. Денес кај друг доктор бев и ме проверуваше вагинално и нишш не искоментира. Кога му се пожалив рече нормално е во бременост. Така да уживај.