Јас сум веќе 34 недела,а од пред некој ден наутро имам болки ниско во стомакот,како менструални,само не многу силни. Можно ли е да се веќе првите Senkwehen (@danichap не знам мак како се викаат ) ,односно болки кога бебето и стомакот се спуштаат веќе или е рано уште? Зошто најадена,мене никогаш ништо не ми рекле?
@Minnie 1 Да мила, треба најадена да си за цтг бебето да е активно Мене два пати ме тераа кока кола и чоколадо да јадам оти спанко беше мојов
Ми беше чудно ама искрено незнаев и кого да слушам.. докторот вика друго матичната ме води според менструација и сега во последните недели ни стана нејасно си велам дали тоа значи дека ќе се породам порано или подоцна ама ова на докторот ќе му го кажам во понеделник..
Ехх моето мирно беше а сега.. 8 месеци има и сам се исправа се држи за кревет и чекори, а тек твоето .. Уживај во последните денови од бременоста ..
Секој со искуство. А ако сите збориме леле колку е лесно, како песна, докторите ти пеат, те чешлаат и сл...кај ќе стигнеме? Затоа стално викаме дај боже со лесно,полесно.
А реченицита Колење доликува ли да ја употребуваш? Гледаш ли колку се пред пораѓај? Ако то си поминала така немора да плашиш други дека и они ќе поминат како за на колење.
Знаеш, јас мислам дека сите знаат какво е здравството кај нас , така да нема потреба од мачкање очи, сите различно поминуваат, се знае каков е третманот, има многу што мислеле дека одат на царска столица па докторите се смееле, муабетов ми е треба државава да преземе нешто, а за приватни болници штета што неможеме сите да одиме. Но жени значи не плашетесе СЕКОЈА Е РАЗЛИЧНА. дај боже сите лесно да поминат, а ти моник мислиш жениве не читаат породилни приказни па што се фати за мојава реченица?? И јас чекам второ и како сите сум исплашена нормално.
И јас поминав лошо на пораѓај. И да бидеме реални знаеме како е на клиника, затоа ако одам на второ дете, моја нога таму НЕ. Ако треба кредит ќе земам, ама јас да имам трауми пак, не благодарам.
Болките се тие, третманот, грижата и негата не се исти. А и кај многу случаеви на државно болките може да бидат пократки, ама од немарење и негрижа ги оставаат родилките да си трпат, а можат да реагираат по на време и да решат се побргу. Нема да спомнувам луѓе околку мене, на самиот форум има еден куп искуства и приказни на мајки каде што ги оставале да трпат болки, па ги оставаат да чекаат, па се трткат врткат, па кој е на смена, кој на пауза, па додека одлучат царски а си трпи жената болки ехеее.... Е сеа тоа што не секој може да си дозволи приватно е друг муабет и проблем на државата. Услугата што се добива на приватните треба да ја имаме без проблем на државно, дека сите плаќаме здравствено. Ама тоа здравје во некој друг живот во оваа наша земја
Има епидурална приватно, а за третманот и негата? Тоа што се добива приватно, на државно можеш да го сонуваш само. Плус на клиника ме оставија сама со детето, ми го тутнаа што се вели, па како знаеш снаоѓај се, сестра никаде нема. Тоа е ок? Сечена јас бааѓи, не можев да се мрднам од кревет, а детето пишти за млеко, а јас не знаев како што. Затоа пораѓајот го памтам по лошо и се каам што слушав муабети дека приватно царски намерно прават и затоа не отидов таму. Ама за второ здравје воошто не размислувам.
Sekoj so svoeto iskustvo bilo drzavno bilo privatno ima od sekade realno pozitivni I negativni iskustva
Сега прочитав дека јас и ти исто искуство сме имале. Се надевам за вторите дека породувањето ќе ни остане во убаво сеќавање. Немој да ме сватиш погрешно ама по пишаново претпоставувам дека си прворотка
Од која недела почнаа да ти мерат протоци? Недела и 1 ден сме разлика и јас чувствувам притисок и ако не појдам одма во вц почнува да боли. И мн вода пијам, а и нормално е да тежи кога се шири матката А за исцедокот да не зборам цело време сум со секојдневни. Јас уживав до сега дека по чести ми беа прегледите на 2 недели, а од сега на 1 месец и се чудам како ке издржам а да не спобудалам
Па нз точно од кога, ама мислам дека уште на почетокот. Ама при крај е најбитно да се мерат за да се види дали добро се рани бебе. На почеток се гледа по мерките како напредува, ама на крај е мн потешко да се одреди точната големина.
Само ако било поспано ми велеле благо или кока кола. Инаку да, може да се тоа тие болки. Таман си се за неделата.