Вчера го учевме ова спуштање со почетни контракции ако може да го преведеме. Таман си со неделата, погледни го стомакот треба бебето да се напне нанапред пред да се смести во карлицата за породување. Бабицата рече дека ќе го почувствуваме ова сместување со овие контракции. Значи бебето треба да ти отиде високо горе на дијафрагма, па да се напне нанапред со гзе и нозе и да влезе во карлица. Ако имаш вакви движења тоа е
Мамички дали е нормално бебенцето да биде една недела понапред и што значе тоа, 19+6имам и како жолт исцедок одвреме навреме ? Докторот ми даде вагиналети навечер да користам за нормална микрофлора и за од инфекции за да не се фаќа инаку се ми е во ред брисеви и мокрача .. ?
Не се секирај, и моето некаде околу 26 недела кога прсвев скрининг на приватно ми беше цела недела и некој ден плус напред. После две недели на контрола кај матичен си беше тамн по неделите. Еве вчера бев на преглед 33 недела полна матичниот вика тамн е околу 2050 грама беше по ехо. Следната недела сум на приватен на контрола па ке видам што ке кажат. Башка ехото не е 100% точно, сигурно има мали отстапувања така да немај гајле
Тоа ќе да е Често знае гзето нагоре да му се испапчи,баш убаво се познава. Ајде нека се мести како треба и нека доаѓа веќе.
Девојки дали некоја имала искуство со отечени ( попуштени ) вени долу на вагината. Мене докторката ми рече дека било во ред и не било страшно, но до сега немам слушнато некоја друга да го има овој проблем.
Помина вториот скрининг и сега за сега се е во најдобар ред. Ми го поместија терминот за една недела поради покасно зачнување. Инаку испадна девојчица на крај. Нели ви се жалев како се разочарав првично дека е машко, ама со време се навикнав на тоа и навистина ми беше мило. Пред 3 недели докторица спомна девојчица, а јас онака мех, нели машко, почнав да се спремам за машко. Денес официјално ми потврдија и искрено сеедно ми е, само нека е се во ред. Баш му реков и на либево ако уште еднаш ми сменат веќе никој не слушам и ќе чекам пораѓај за да го дознаам полот. Туку емотивна сум, раздразлива нервозна и не можам да се трпам веќе. Почнаа да ми потекуваат лицето и рамениците како што гледам , а каде е крајот. Внимавам на исхрана колку што можам, околу 3 кг се имам поправено, ама џабе очигледно.
Дунде многу активно ама многу се болни движењата се тегне дека нагоре дека надоле па со глава кога ќе удри мислам ќе излезе.. Тие што се 35та недела дали ви се болни движењата..
Мини јас цел месец имав такви некои болки наутро, некогаш и сред ноќ ме будеа... ке измокрев и ги снемуваше. Па си викав може дека се наполнила бешиката повеќе, а сплескана... па затоа тој притисок да го осеќав.
34+3 непријатни се и болни, и не застанува ич пешки не одам мн ме боли долу стомакот, неможам и ќе се пазам дури влезам во 36 недела, потоа што ќе биде нека биде на работа до 15 планирам да одам оти веќе неможам да издржам
Вечерва бев на контрола бебе супер напредува доволно плодова вода постелка супер грло 3.5 ми рече супер е. Од денес сум 23 недела. Притисокот веќе со денови ми е 110 со 60. Се е супер само малце се изненадив со мојта килажа хаха не очекував за еден месец од предходниот преглед дека ќе имам качено 5кг. Сега сум 78 а пред месец бев 73 хаха мн ми дојде посебно кога ќе замислам дека бременоста ја почнав со 68кг. ама битно со бебето да биде се како што ќе треба да биде здраво и право да си напредува тоа. А и малце сум испаничена се пчашам со тоа што првата бременост ми заврши во 24 недела од нигде никаде се искомплицира се. Во втотник треба да испитам скриен шеќњр и ддимери.
36та недела сум. Цела бременост не настинав сега во 9ти најдов. Нос, грло и малку кашлам. Ми дадоа септолете и капки за носот. Пијам чаеви супи ц вит, друго нешто штп можам? Тт немам ама омалаксана сум. На сето ова имам и тахикардија од страв дека нешто ќе ми се деси не дај боже од настинкава мене или на бебето. Морам да се оправам пред пораѓај, се плашам како би изгледал пораѓајот ако ме фатат болки а јас болна( хорори ми се вртат во глава)
Дали Ви влијаат негативно промените во времево? Јас веќе три дена осеќам нервоза 21н. и 4д. сум не знам што да си правам самата себе, не можамда сспијам, не можам да седам ... Ништо не можам да правам ми се чини.... Бебка е супер, бев на скрининг минатата недела, активна е 24часа.... И дали некоја осеќала болка од лева страна веднаш до карличната коска?
Цело време си боли нешто, 34та недела сум па се си препишувам на тежината на бебето. Се качило горе во желудник, ме утепаа киселини, навечер неможам да спијам од што неможам да дишам. Вчера нова финта, зедов две перници па спиев во полулежечка состојба, па врзав 2-3 пати по 1 саат сон. Последица на уморот ми е нервозата, неможам да издржам на работа до 16ч, главата ми паѓа од премор, таман ќе стигнам дома, пак исто, ниту една позиција на лежење не ми е удобна... Хаос..
Истата сум 34+4 изгорев од киселини, ја осеќам беба во желудник, неможам да дочекам да се спушти. Спијам на планина од перници ама не ми помага, ќе фатам позиција ќе здремам така ме фаќа кичма па додека се наместам и се во круг. Преку ден сум без енергија, ми мава и на психа ама ќе се издржи уште малку па непроспиени ноќи од други причини не чекаат
Јас цело време спијам на рати. Кога и да ме фати дремка си легнувам. Пола сат пола. Да се искористи. Јас би спиела многу ама ме боли плешката на левата страна од лежење и лигаментите на стомакот. Пишман сум што не си зедов перница, ама сега за уште 2/3 недели не земам. И така си легнувам во 12 па спијам до кај 3, па будна сум до кај 6 (во меѓувреме испраќам маж на работа и си пијам 1 чаша чоколадно млеко), па пак станувам кај 7, па кај 8. Ама до кај 9 или 10 гледам да лежам. Порано ако станам се ме боли. Вака ми е таман.
Ме измачува седењето на работа, од 8 до 4 со минимална можност за размрдување од столче. Кога ќе стигнам дома као готвам нешто за на крај да јадам леб со павлака или јогурт пошо од друго ми е лошо. Сите сме исти знам, тешко е..