Кога ти почнува породилно? Не треба од 34 недела дома да си или? Земи си боледување две неделе не се малтретирај ич да одиш уште толку се нервираш. Јас како што не спијам од 25/26 недела земав две недели боледување во понеделник имам трет скрининг ќе земам уште две. И породилно ми почнува од 15 Декември. Се чувствувам неспособна за ништо и уште толку се нервирам. Како што викаш застанувам на шпорет да готвам нешто си запржувам јајца со леб и толку од ручекот. И многу заборавам, по десет пати се враќам да видам шпорет да не сум заборавила. Не можам да дочекам до крај
Мамички ве читам и си велам ,леле уште што се ме чека а ја уште сега се жалам а ова е може е гола вода.. Јас сум 16+ ама болки секаде ко стара баба само се жалам хаха,де во грбот постојано навечер само се вртам крстот боли многу,стомакот постојано грчеви некои ,гасови, подуеност некој притисок таму долу кога одам во тоалет мислам и цревата ќе ми излезат хах....ама важно бебчево е е супер вчера бев на контрола, си расте,телото си прави простор за него и веројатно затоа сите тие болки ама ја исплашена оти прва бременост и незнам што да очекувам и секое тело е различно нели... Ми потврдија дека е машко ко на изволте ни го сервира хаха исто и во 14та недела ама јас потајно сакав женско и мислев дека е женско ама си го сакам и него па здравје второ женско... Поздрав мешковци се читкаме убав ден ;-*
@mamaJana ако си во можност да отвориш боледување барем две недели и потоа законски 28 дена пред термин можеш да го отвориш породилното е сега проблемот е што ти се крати од времето со беба после
Уште следната недела сум на работа, кога ќе започнам 36та недела ќе ми отворат одмор имам неискористен , па после одморот породилното. Сакав да бидам подолго време со бебето откако ќе се роди, да не ми се крати од породилното. Ќе се издржи, тоа е...
Исти случај иако ми кажаа пред некој ден на првиот скрининг дека е се во ред јас уште не можам да се помирам од лоши мисли
Штом ти кажале се во ред не се плаши, значи е се во ред, лошите мисли најубаво ќе ги заборавиш со прошетки, јас за неколку дена сум на прв скрининг, стравови ме изедоја ама се надевам после тоа ќе се смирам,многу ми е битен овој преглед
Moze odmor da si zeme pred porodolnoto da go iskoriste oti ovoj godisniot odmor I vazi do 30 Juni 2019 god
Mnogu mi e maka koga se nerviram, obicno 10-15min crkam od nervoza posle nisto ne mi e, ama maka mi e da ne mu se sluci nesto na bebeto, deneska me bolese mnogu desnata strana kaj jajnikot, se napiv magnezium so b kompleks.
И јас планирам одмор од 36 недела да земам имам 7 дена неискористен, па потоа породилно, не се издржува поќе на работа, се ме боли, после дома само ми се лежи ко некој паразит сум, се осеќам неспособна, па и настинав сега. Ноќе не спијам и така. Стварно било тешко сега при крајов и само се жалам нз како ме трпи мм за грев
јас вака да си се пожалам...хаос сум вчера и денес... вчера вечерта влегов да се бањам и кога излегував од туш кабината паднав на плочките...треснав ептен од стоечка положба цела се испружив доле...ногата ми лизна нанапред и назачки паднав среќа...си ја удрив главата позади раката лактот и крстот доле премнг ме заболе...за момент си помислив готово хендикеп останав зошто од шок додека се освестам како да не ги осетив нозете...почнав да се тресам од страв незнам како се извлечкав до дневната, одма доле гледав дали има крв среќа ништо немаше...сама бев дома па додека дојде мм си умрев од плачење пола саат бебка не мрдаше 1 саат па се тресев како луда од потресот нешто да не и станало...се изнапив кока кола и благо јадев за да почне да мрда...па после тек пред легнување почна помалку да мрдка па ми дојде срцето на место и сум заспала. Денес имав сабајле закажано преглед кај матичната...и кога станав гледам модра сум на грб и на лакт ама среќа ништо не ми е страшно само пополека се движам дека ме боли... др ме гледаше се е во ред со бебето супер си е најнормално...само уште еден шок кога ми кажа дека доста ми е узреана плацентата до втор степен и ако напредува вака да зрее брзо ќе треба предвремено породување...како ми кажа така се онесвестив таму дека некако мнг ми дојде стресови од вчера па и ова некако ептен тапа ми падна па ме прскаа со вода па притисоците ми станаа 100 со 80 а несмее толку блиску да се.... абе со еден збор ХАОС... ми даде упат другата недела да одам за димери пак па од тоа ќе видиме што ќе се случува со плацентата несакам предвремено породување дај помагајтеее луѓе
И јас завчера паднав од стол ми се скрши столот седејќи фала богу паднав на грб ама ме здоболе и тоа многу среќа беше мм дома и ме крена јас се смеам како луда од стрес ми беше сакав да одам на докторот ама среќа дунде мрдаше без престан па малку се смирив ..
32 + 4 ќути ме чуваше господ да не паднам нанапред на стомак недај боже...не дека и ова не е опасно ама сепак не завршив со нешто ептен страшно...не посакувам на никој сепак стресно е премногу отварајте ги очите сите посебно кога ќе се бањате
Лелееее ме испотресе жено. Отвори ли боледување додека да се оправиш? Зошто приоритетен упат или некоја опција да провериш д димери побрзо не ти даде да не чекаш цела недела ако треба клексани одма да почнеш... многу жени со калцификати и постелка што предвреме зрее со терапија износуваат до крај...
Не сум на боледување се правам и јас паметна да им помогнам до крај на работа да издржам ама ќе размислам а и затоа не ми дадоа приоритетен дека одам на работа па само следна недела во вторник сум слободна -.- читав дека износуваат до крај ама пак од кај знам ете може јас нема да успеам до крај и криво ми е
Сваќе еден совет од мене. Да си земеш упат за на ГАК и таму да те видат што ќе кажат. Вака само од матичен мислење јас не прифаќам.
Внимавање треба многу, и јас очи отварам кога одам по скали, за бањање обавезно крпа постилам долу на плочките. Арно ти велат земи боледување или одмор, работата и без нас ке се заврши. Ете и јас до пред два месеци мислев дека мојата фирма ке пропадне без мене во канцеларија, па кога ми рекоа да мирувам работам од дома и пак си тече работата. Ти посакувам брзо оправање од повредите
Здраво мами, јас денес 38+ 6 , до вчера користев одмор и денес бев да си отворам породилно кај матичниот. Ме погледна на ехо и вика голема женската, првото колкаво го роди викам 3600 вика и ова ќе биде тука некаде и баш се зачудив дека докторот што ќе ме пораѓа пред недела дена ми рече дека е околу 3 кг ..па останува да видиме кога ќе дојде на свет. Денес бев и на олепшување Се шишав и се депилирав, што значи спремна сум за добредојде на малата. Единствено што ми задава мака е што ќе бидам без синко, а тие 2-3 дена е настинат и многу ќе ми биде мачно без него..