Мешиња од синоќа грлово почна да ме боли левиот крајник го чуствувам отечен ме дере кога голтам а и на јазикот во устата ми се појавија плускавци кои може се сум го изгорела си неп жешко ама грлово нз што да пијам? Си направив чај од прегорен шеќер и маргарин малце ми го омекнува ама друго нешто за пиење ?
Можеш да пробаш два, три пати во денот гаргара со солена вода,можеш со морска сол или сода бикарбона,мене ми помага
33+3 сум, заспивам обично прво во дневна ама веке две ноки по ред ме буди како менструална болка во долниот дел на стомакот, станам поседам малку додека помине болката и се префрлам во спална па спијам без проблем до сабајле. Валјда се шири уште матката дека нели сега расте бебето, ама ете да ми каже и некој од вас искуство
Од кај матичната земи денес приоритетен и во понеделник оди на преглед. Во понеделник е Лазарова во амбуланта така да знаеш ќе имаш добар преглед и ќе ти каже и објасни се убаво. Ти како си,имаш болки од падот? Нај убаво е од гумените подлоги да се стави да не се лизга. Јас дека када и на плочки се бањав но завчера се преселивме а една туш кабина незгодна и висока со страв искачав вчера.
Добро, можно е да ми утнале пол на едното бебе? 16та недела ми кажаа машки, на два скрининга ми кажаа машки и тоа различни доктори. Едното се крие, едвај го гледат секој пат. Се врти со газе и лице ни сокрива. Вчера на преглед 25нед Димчев ме праша дали се водат машко и женско, останав подзината. После не кажа ништо, бев отидена за друго. Ќе стопирам со купување да не излезе машка дама на крај.
Дада мм еве мери во wc ќе купува такви стази гумени Иначе само што се јавив кај матичната ми направи приоритетен упат ќе појдам за саат време да си го земам Е сега жити се објасни ми кај да влезам точно и кај да ја барам таа докторка зошто не сум била на клиника ич само за приска бев тогаш и толку ќе се погубам Сестрава ми кажа демек се било закажано кај Лазарова и кај Лавринова па таму да ги барам ако ме примеле
Ќе те примат со упат ич гајле да немаш ако немаш закажано,само до кај 10 да си таму после знаат да се качат во сала и од 11 се мења друга докторка. Ќе одиш прво на шалтер па во амбуланта 37 одма до лабараторијата е. Ливринова нее во амбуланта но Лазарова ќе те прими немај гајле.
Здраво женски, барав тема за NIFTY тест не можев да најдам. Се јавив сега да закажам ми рекоа дека крвта ја испраќаат на испитување во Германија, а имам читано дека најсигурно е во Америка. Дали кај некоја исто ја испитувале во Германија и како сте задоволни?
Јас правев нифти пред неколку месеци, во Хонгконг- Кина се прави испитувањето. Најопфатен и најдобар тест е во моментот од се што се нуди кај нас. За неполна недела ми ги јавија резултатите.
Супер, јас ќе го правам понеделник и покрај што ми рекоа дека нема потреба се е во ред така мислам дека ќе бидам мирна до крај на бременост
Многу сакав да имам близнаци машко и женско, веројатно е најретка комбинација Нека биде се во ред небитно е скроз што пол ни се.
Вистина најнебитна работа, ама потајно желба на сите мајки. Али ме збунија супер. Сега кога го галкам не му зборувам најсигурна во машки род . Стоп на пари трошење до пораѓај. Се шалам, одиме на бела варијанта.
Помина и прв скрининг,какво олеснување кога видов како мрда душата моја. Се е во ред со мерки,една недела е понапред спрема ехо,тоа на фамилијата на мажот ми било тие понапред билемала шала одговара за 13+4 живо и здраво да ми е само. Ве гушкаме