Душа мила, мене само таму ми е паметот, кажими што гледаат, поточно ме интересира грбчето дали се гледа убаво на 4д? Мило ми е што се е во ред
Покрај едно од најбитните носната коска и мерките од нухалниот набор,ги гледа желудничето,бешиката,мозочето сега му е како пеперутка,рачиња,ноџиња,грбчето да прво што видовме беше грбчето и бутното ковче,многу ни преткаше баш се сејќавам за грбчето дека го видовме. Со лесно да ти е следно тебе,ке се стопиш од убавини.
Ајде и јас да чкртнам нешто на темава, идам од преглед 30та недела сум. Сѐ си е во ред со бебушката, ми кажа само дека нема да е многу висока девојка, а нема ни на кого да биде Ја гледавме на 4Д и искрено си зедов многу при срце што уште од сега се гледа дека ќе личи на фамилијата од мм, конкретно на свекрва ми Па не е фер...треба да си личи на мајката и на таткото. Сега ок, се тешам форма на лице и очи ќе да има на мене и се надевам да си добие свој лик. Ми е страв да не не си го сакам. Леле многу забегав изгледа...доста е, кој знае што ќе допишам
Ме кутна од кревет од смеа не си нормална еј Кај ја виде до толку детално свекрва ти внатре во тебе. Ќе измени ич да не се секираш.
Што и личи на свекрвати баш ме интерересира Тоа може ја гледаш од шо не сакаш да ја видиш. Каква свекрва, цела на мама да е
Дали е можно да истече плодова вода..Кога се вратив од пешачење цели гаѓи ми беа мокри да сум се помочала ќе мирисаше бар малку се извинувам на изразот ама немаше никаква миризба читам за сите недели и гледам дека пишува дека се намалува плодовата вода иначе за неколку дена и влегувам во 36та според мерки а според менструација во 37ма... кога ќе одам во понеделник во систина ќе му кажам на докторот..
Нели еднаш вака ти се случи и беше лажна тревога. Не се паничи и следи дали пак ќе потечи и дали имаш болки. Колку беше количински? Ако се руши долу е прилично многу вода, а периферно полти по малку, но ќе ти се случува повеќе пати.
Ме изнасмеа на сета мака секако дека ќе си ја сакаш најмногу на цел свет Настината сум, почнав и да кашлам, неможам да спијам...бебуш клоца, тегни, ика
Веќе неколку дена ми се случува помалку да имам ама не се замарав многу ама денес кога се вратив дома од пешачење видов доста беа мокри.. не паничам и да се случи нешто веќе сум влезена во 9ти не се плашам само да се распрашам и така понеделник сум на контрола па ќе ме прегледа докторот..
Машала,лета времето. И јас мислев дека нема да го сакам кога многу повраќав на почетокот,ладна бев,се плашев,ама се се менува подоцна. Твое си е,ќе го сакаш повеќе од се. Кај мене мешиња болки од секаков вид. Сакаш коски, сакаш мускули, сакаш коленца, сакаш отоци на нозете. Нема што нема. Дефинитивно последниот месец бил најтежок. Нема дел што не боли. Полека го гледам стомакот дека се спушта,за нијанса ми е понизок од претходно. Ситно броиме,па ќе видиме бебе кога ќе посака да се запознаеме.
Ај кога сум веќе будна да Ве информирам 31+5 некогаш спијам цела ноќ некогаш се мачам цела ноќ како еве оваа ноќ неможам да фатам положба. Денес ја примив и инекцијата flosteron ×2 за зреење, утре имам уште една тура бебуши се супер по 1600 се, плацента нема зраци на зреење сеуште, превентивно делува Докторот за железо иако ми е 15 ми рече да земам додаток, tothema не можам му реков па ми ги одобри грчкиве fero folic. За киселиниве заборавив да прашам а не ми се зема ништо на своја рака. Ликовите не им ги видов и овој пат Др. кажа гужва е а раздвижени се не можеше да ти фати.контрола за 2 недели
Тоа се само сенки кои се прават со 4д и се умислуваш на кого ти личи, а бебе мрда и не може да се фати точно како ќе изгледа. На неа сигурно нема да личи може на син и
Хахаха на последново 5D што го правев моето девоjче има фаца на свекор ми замисли! Хахаха. И jас бев O_O ваква, ама менуваат тие. Како и да е никоj нема да ги сака повеке од нас Сабаjлево се разбудив со болка во горниот дел на стомакот коjа се ширеше накаj грбот. Кога си го видов стомакот, бебето беше буквално на желудникот сместено, дури тешко дишев. Некоj со слично искуство?
Неможам да се сватам самата себе јас никогаш не спиев на грб обично настрана на полустомак сум спиела ама од кога останав бремена не ми е јасно како цело време се вртам у сонот на грб.. ќе се наместам странично и џабе кога ќе се разбудам сум нагрб свртена мн се нервирам ама само на грб нозете не ми се здрвуваат може и затоа у сонот се местам така а кога сум настрана знаат страшни болки у нозете да ми се јават цели ми се здрвуваат. Хаха некој да каже како да спречам вртење на грб? ми е страв да не го угушам бебето со ова мое спиење на грб триста филма ми се вртат у глава кога ќе се разбудам така
Која недела си? Нема да го угишиш бебето не се плаши и јас спиев на грб дури можев, дури беше помало, после 20 и некоја недела не можев немав воздух и почнав настрана, слушај си го телото што ти кажува. Ете и на лева страна требало ама јас неможам на лева и така немам воздух се задушувам и се вртам десно, па еве сме 35 недела од утре, здрави прави
Докторката ми рече немој на грб само странично и тука читав за нагрб деке не е убаво поради проток на крв и кислород и деке може до гушење на бебе да дојде и од тогаш страв ми е на грб да легнам ама у сон несвесно се вртам.. инаку сум 23+3
@an4ii нема да го угушиш не се секирај. И јас така се будам, ама ти кажала членката погоре. Од тежина после 20та тешко дека на грб ќе спиеш. Штетно е на грб за нас, предизвикува гушење и притискање на крвни садови. Патем, око немам склопено. Позеленев од киселини. Ни чај, ни апче помогна вчера.