Не се секирај исто и јас така сум, кога го прашав Др.во Ремедика ми рече слободно спиј ако можеш нема да му биде ништо на бебето, и јас се на страна се на грб, па фала на Господ еве 38н ништо не му е на бебето напредно, активно...
Апетитот ми се враќа, но сеуште имам грд вкус во уста и ништо не ми е вкусно, по незнам колку пати мијам заби на ден,но пак..понекогаш по малце повраќам, вртоглавиците ми се намалија а сега мислам дека поради недоволно сон имам тахикардија, од мирно седење почнува да ми лупа силно срцето неколку секунди и се е нормално, а немам некој проблем...имам чудно стегање во стомакот, нелагодност и тоа е тоа до сите
Еве и јас неделава кога бев кај матичниот на 4д, вади тој слика од ликот на бебето и ми вика леле ова бебе не личи на тебе гледам и јас цело е на свекор ми ај да речам маж ми еве неделава сум на 5д на приватен па да видам на кој личи нели попрецизна е сликата )) небитно нека се живи и здрави. Па и да личи на свекор ми многу ке ми биде мило зашто многу ми помагаат во се’, не знам што би без нив. Позз до сите убав ден
Не грижи се мила се ќе си дојде на свое. Јас пред бременоста јадев секојдневно јајце со авокадо ,а отпосле неможев да замислам јајце ми се гадеше од што го гледав само не па да го јадам и мислев така ке остане до крај,ама еве сега веќе ми се пак на мени и пак си ги правам старите јадења . Јас многу ретко повраќав ама многу ми се гадеше и немав апетит воопшто се до 15та недела ,ама еве од утре веќе во 17 та и мислам полека се средуваат работите макар што подуеноста и нелагодноста во стомакот се сеуште присутни ама повеќе мислам на бебушко отколку на тоа,ќе помини
Сите викаат спиј додека не е родено бебето после не ќе можеш. Ова моево уште неродено клоца, се превртува, мава од 6ч. Си станав, две машини испраа и ги спружив, бев до макет напазарив, за ручек направив гулаш од кој сигурно ќе ме утепаат киселини, профатив нешто низ дома, се депилирав со машинче на нозе и раце и замислете дури и се искапав Денов испадна два дена, а уште не поминал 2ч... Сеа ќе се се спремам и ќе удрам по продавници, да докупам што ми фали за бебе
Пак ми протече малку вода ваљда нема да се помочам секој ден по малку..болки менстуални грбот боли ме уби плус доле кај јајниците мислам цел тој предел ме боли ваљда ништо нее.. до понеделник па контрола и ќе видиме..
Истава реченица ме вади од памет, а јас неспана 7 месеци. 3 бев у лудило од гадење,потоа оти си спиев на стомак цел живот тешко се навикнував на грб и страна и задни месец несаница плус бебе клоца. Да ти ибам и спиење и се, нека дојде и мислам дека само ќе спијам со месеци.
Мини успеа да настине во 34+4 недела. И тоа какви болки во стомакот. Синоќа повеќе будн бев од што спиев.Денес претепана сум,а утре гости ќе доаѓаат.
И јас со спиењево сум скарана а сите тоа ми го велаг Спиј сега дури можиш а јас неможам, едвај 2-3 саати ако се соберат. На работа планирам до 15ти да одам ако издржам дотогаш, денес имав како менструални болки ама ми поминаја, зголемен исцедок и згора на се настинкава ме мачи, денес и кашлам дајте некој лек за кашлање оти со кашлањето имам и нагони за повраќање, мн ми е лошо. Да влезам бар во 36 недела па после полесно на психа ќе ми биди си велам
Ја реков ќе си јадам сама мекици и ќе си пивнам едно црвено, па после кревет фаќам, да не ме дира никој бар 24h. Вчера журка во стомак до 6. @Minnie 1 , не се замарај со гости, пиј си чајче и јади супа топла со бибер. Јас 2нед сум катастрофа испонастината. @lackygirl за кашлица матичната ми даде Хербион, ама јас смирував некако со витамин ц, шмукав пред спиење. И бибер ми помагаше, пишав погоре на Мини.
Сите се мачиме со неспиење значи мачење до разденување и цел ден како зомби а најинтересно ми е што едвај чекаме да почнат да мрткаат бебињава али како раснат хмммм мачно станува
Има грип се е покосено кај нас, пази се. И јас настинав али брзо ме пушти еве втор ден сум подобра. Не било грип. @Charlotte* многу ти е добра оваа со мекицава, виното и 24 часовната пауза после пораѓај.Уствари јас се мачам 9 месеци јас треба и да славам нели. Сега ќе почнам во таа насока да размислувам
Може некоја тазе трудничка (5,6 недела) да ми каже дали да се нервирам да не настинам? се вратив од надвор ама малце ко замрзнатка, па сеа ми се уврте во глава да не настинам јако па да не напраам беља некаква... си пијам чај.. може и досадно е малце прашањево ама паранои ме маваат се извинувам Поздрав до сите, уживајте си
@FreeMind па така де, главните што се мачеле на мекици ги нема. Аааа тој што уживал 9месеци, тој главен. Епа не иде така бе.
@Charlotte* тогаш да си викнеме трубачи за од болница до дома, остави бебињата на тие што уживале и само советувале 9 месеци и 24 часа око на никој да не му видиш. По една пакла цигари до нас, мезе и алкохол за да се вратиме у нормала. У стил ево ти деца иде мама малу да одмори од се