Добро јас на време го зедов, 12 недела, досега се мачкав со косили, ќе продочжам да го користам и зедов масло од бекутан со лаванда, го немам пробано, денес планирам, а вечер пак кокосово за првото само косили користев и немам стрии, сега појачав па ќе видиме како ќе е
Се зависи од кожата. Ако имате еластична кожа нема да ви се појават стрии, ако имате кожа како мојата, и покрај купени милион креми за стрии, јас пак имам Него имам и друг проблем, на свадба сум, фустан најдов едвај со штикли што да праам, нозете веќе ми се потечени, не ме собираат ни едни дома
Најобични маслени АД капки. Со тоа ни рекоа да се мачкаме на мајчина школа за да се намали опасноста за создавање на рагиди после пораѓај. Ланолин и се останато после по потреба се мачкало. Еве слика
ќе си земам и јас вакви да пробам почнаја веќе да ме болат околу, да ме чеша и потемни ми се направија ..
Овие рече ги ставаш на брадавиците? Ги имам дома јас но не ми текнало а стварно ме болат многу, ќе ги пробам Јас искрено цел живот имам сува кожа а ете не ми се појавија стрии поради кремата(знам зошто имам на бутовите по неколку ситни бели а таму не се мачкав)
Па не знам дали помагаат за болка. Мене не ме болат и не ми се отечени воопшто. Понекогаш се прашувам и дали ќе пуштат млеко вакви мали и закржлани како што ми се. Ама кожата не ми е сува и перутава како секогаш, напротив сега ми се убави и мазни. Инаку се мачкаат по 3 пати на ден. Ама и мене ме мрзи па 2 пати ако се намачкам сум супер. И јас сум не одговорна за тие работи, ама по 1 до 2 пати мачкам. А треба по 3 пати. Барем така ни рекоа.
Еве почнав со мачкање Мене ми потекоа уште пред тест за бременост да направам и сега ми се како бомби огромни и малце потемнети брадавиците, знам уште ќе потемнуваат, и сеуште ме болат, си викам ако ми се вака сега којзнае какви ќе бидат на крајот јас и онака имам големи, сега бомби мачно ми е прслук да носам(труднички имам мек) а без него ми тежат.
Од кој месец почнавте да ставате АД капки на брадавиците ? Со првата бременост не знаев за оваа и имав многу голем проблем со доењето ( дури 5 месеци)
Јас повторно денес си го забрав и набив стомакот додека пружував алишта и ме здоболе убаво. Бебе веднаш почна да ика веројатно и тоа почувствува. Сега си мрда најнормално, ама јас пак во паники. Никако да ги прежалам ваквите ситуации. Колку и да знам дека е заштитено, се си мислам дека можам да го повредам.
Хелоууууу мамички.... Си реков само да ве поздравам и искрено се надевам дека сите сте ми добро. Чувајте се... Ве гушкам најсилно
Ме боли левата нога доле кај стапалото не можам ни да одам, а не ми е потечено. Како повредена да сум во една точка, а не сум удрена уствари. Некој слично? Исто и ракава не можам тупаница да стегнам ме болат ковчињата. Ова е уствари отоци во бременост?
Можно е да ти се некои отоци. Јас не можам на сабајле ни да ја свиткам раката. Пробај ако едвај ти ја собира ногата во патика, значи оток е . Види околу глужд се приметува најмногу.
Ми ја собира во патика, гледам кај глужд нема оток се притискам со прст нормално е се, а мене ме боли. Иде болка на лево стапало и десна рака. Можно е да е некој унакрст нерв Исто наутро рацете ми се очај никако виткање или стисок. Утре сум на трет скрининг ќе прашам оти сум раштрафена цела.
Исто е и кај мене. Зглобчињата на рацете ме болат. Се тешев дека ноќе немам каде да ги ставам затоа ме болат зошто ги ставам под јастук и целата тежина од главата ми паѓа на нив. Жени,кај сите е исто. Јас сум 37+5 и се чувствувам дека сум отечена целата.
А кај прстите кога отекуваат имаш црвенило? Исто и ја спијам со двете раце под јастук. 26 сум, до 36 што ли ќе бидам?
Облечи си нешто удобно,мене од штикли два дена нозете потечени ми беа и ми трнеа. Штикли после пороѓај пак.