Помина и оваа недела, да испеглам облека за на работа за оваа недела и ќе си легнам. Вчера екстра продуктивен ден, дури и вечерта бев излезена. Денес чистење, преместување мебел, правевме место за креветчето. Беба се радува, се превртува цело. Уште оваа недела на работа Од една страна конечно олеснување, од друга страна пак се чудам како ќе издржам скоро 10 месеци дома Веќе 5 години не сум искористила ни одмор повеќе од 10 дена... Со мм само си се гушкаме и си зборуваме како ќе си ја поминеме нова година со бебенце дома
Никогаш не сум имала киселини, па сега не знам да ги разликувам. Значи не ми доаѓа кисело во уста, ама некако чуватвувам како печење во желудникот, посебно кога ждригнувам денес поинтензивно и ете не можам да спијам. 36+3 сум
Труднички и се појави на некоја целулит? Јас сум 24+3 и од колената нагоре ми се појави целулит, баш вчера убаво се мачкав со крема и кога притискав видов целулит и се исплашив малку, ќе се повлече ли?
Целулит не е нешто трајно и непроменливо. Со доењето откако ќе се породиш ќе ти се среди во рок од три месеци Јас бев лом по нозете од горе до доле со целулит во двете бремености, никогаш во живот повеќе сум немала.
Не се секирај и јас на почеток кога ке се погледнев делот околу бутовите бев заникаде, како наеднаш да ми се појави, па секоја вечер шетање докај 6ти месец, малку и вежби по дома така полесни као дека ке го снема, барав по нет кои креми можам да ги мачкам и не најдов и оставив така. Од средина на шести по наредба на доктор мирувам (активноста од опседнатоста со килограми и целулит си го направи своето ) и еве ме за две недели од прилика влегувам во 9ти и баш вчера се гледав дека иако имам качено килажа, немам толку целулит. Значи хормоните си го прават своето . Здравје да биде се како што треба па после ке вежбаме ке се мачкаме )))
Само поради хормоните е. Ќе се среди после бременоста Не смеете никакви антицелулитни креми во бременост а ни за време на доење.
Баш сабајлево се гледав дека сум цела грутки целулит,добро е значи не сум единствена. За првото не памтам дали имав ама тогаш движев многу често,сега ни километар не поминувам во денот
Јас не сум седната. Уште сме со реновација,клекни стани со фугите,скали горе доле очигледно јад не се чувам ама кој ќе ми ја заврши работата? Апетит отворен,посебно за благо... Ми беше страв да застанам на вага ама добра сум 65кг. Со толку и почнав,намалив нешто прво тромесечие,ама пошо јадам повеќе добро е. Можеби заради тоатоа шѕо сум активна компензирам некако... штом јадам потешка храна ми смета,имам киселини. Си ја тераме 25та недела,бебе преактивно.Некоја атлетичаркс ќеќе биде Ве поздравувам
Zencinja koga prv pat go osetivte bebeto. Jas sum 19+2 no seuste ne mozam konkretno da kazam eve mrda go cuvstvuvam,kakvi se vasite iskustva?
Нормално е ако ти е прво, и јас првото го осетив касно, околу 19 недела, тоа е како пеперутки првично, мрда нешто нежно во стомак ,верувај ќе знаеш
Специјалист ли е матичниот? Мојот матичен нени ја знаеше дијагнозата што ми ја открија прв пат слушал а замисли да направи утка на некој?
Se nadevam ke bide za brzo mila, prva bremenost mi e da i celo vreme samo so nekoi prasalnici i stravovi sum vo glava se nadevam nema do kraj da bidam takva
Добар ден и од мене, Јас оваа недела почнав да ја осеќам бебушка, 18 недела сум. Се јавува еднаш до два пати во денот, многу нежно движење, неколку секунди и толку. Неопосливо чувтсво . Сигурно ќе ја осетиш за брзо, сум читала дека за прво и после 20 недела некои за прв пат почувтсвуваат движења. Инаку јас сум супер, имам енергија, немам сега за сега потешкотии, ваљда е рано сеуште. Исто и јас почнав да се мачкам со еуцерин против стрии, еднаш во текот на денот пред спиење па за понатаму ќе видиме. Мешко веќе почна по малку да се познава и многу си се радувам. Закажав за втор скрининг во 20+3 кога ќе бидам? Дали е во ред неделата за скринингот?
Секој матичен си е сам за себе приказна. Мојата бар не пати од его како некои други, самата вика дека секој може да згреши и по нејзина препорака ме праќаше на второ мислење иако сметав нема потреба, но се поклопи баш се што кажа она. Ако можеш сподели за кој матичен мислеше наназад, бар да знаат жениве.
И јас имам закажано втор скрининг крајот на месецов баш во 20та недела,а мислам дека најкасно се прави до 22та
Мојата матична ми рече не се секирај млада си не треба да испитуваш ништо освен брисеви, а скрининг јас ти направив(јас цела прашалници ама доктор е веруваш нели,незнаеш), а после дознав што навистина е вистински скрининг и дека таа нема појма и не го ни прави а и има само 2д ехо. Ме за*ба убаво е сега си одам затоа на приватен а кај нејзе за упати само, не сум воопшто појдена на преглед не ни одам.
Мила јас сум 35+3 а со горење во желудникот сум веќе 3 месеци. Пијам ренатадин и смукам гастрогард по 2-3 на ден ама се е џабе. Спијам во седечка положба.
Исто и кај мене, неколку пати се напив сода, па прочитав дека не се препорачувала бременост и се изедов после тоа како се напив. Единствен лек ми е јогуртот и кисела вода со лимон, откако сум бремена купуваме по цели гајби...