@paleska3 и јас прашував на форумот,добив одговор подобро било 21или 22недела,макар што имаше и трудници кои 19,20правеле. Јас 22мислам правев.
Јас да споделам инфо со вас. За тие што планираат да го пијат чајот од листови од малина,се слушнав со мојата бабица и ја прашав што мисли за тоа. Е вака,ми рече ако сакам да го пијам,најмногу 3 шолји неделно. Значи не секој ден.Според неа,го омекнува грлото на матката,ама премногу чај предизвикува болките да не работат како што треба. Односно,може да зачестат а ништо да не се случува,односно да не се отвараш. Буквално ми рече конзумирање секој ден,може да биде премногу,па да се постигне контраефект. Докторката моја не ни верува дека воопшто и помага,а бабицава ете друго мислење па има. Одлучете си сами,само ете сакав да споделам,јас ќе ја послушам.
Арно шо пиша.. Денес планирав да почнам да го пијам, во упатството пишува по две чаши дневно после 34та недела.. Јас прашав овде во Мк, ниту матичниот, ниту акушерките што ни држат вежби немаа конкретно упатство како да се пие, матичниот се изнасмеа као што не ќе ви текне, а пак акушерките рекоа ќе се распрашаат, ама досега немале слушнато за чајов. Сега се мислам што да правам, а баш аларм имав наместено денес да пијам обавезно.....
Јас мислам дека по една чаша на ден не може никаков чај да наштети, а особено не до степен да чувствуваш болки. Чај може само да помогне.
и мојот матичен и плус тој шо одев на приватно кај него викаа да се е ок со бебето цели 8месеци па коа се риди испадна дека ништо не е ок деѓки дијагнози и деформитет кај бебето Не спијте на тоа уво прежалајте ги парите и отидете си на специјалист за пренатална дјагностика пс и јас бев млада 19 год шо не значи дека само кај постарите се дешава нема правила
Не знам,јас пишав што ми кажаа,дали е навистина така не знам,ама јас ќе пијам баш така 3 шолји неделно,не сакам беља без врска да си направам.
Чајот го пијам скоро една недела и пак имам болки како и секогаш е за контраефект не сум слушнала урми јадам секој ден по колку можам некогаш помалку некогаш повеќе и освен што бебето качи на килажа фала богу мислев мало бебе ама супер е и баш ме праша докторот што јадам му реков дека пијам чај и урми јадам па се изнасмеа..
И јас јадев многу урми ептен ги сакам, незнам дали од нив но јас имав супер брз пораѓај и супер напредно бебе 4360 гр
Денес бев на контрола..бебе супер си расте како што треба одговара за 36та недела плодова вода има доволно за 2 до 3 недели ќе ме породи природно бебе веќе се спушта во карлицата со глава и грб како што треба па со Господ напред ќе одиме по природен пат ако не оди нешто како што треба е тек тогаш ќе мора царски..контрола за 7 дена за цтг и ехо..
А дали може да се јадат во текот на цела бременост или само последниот месец? Прашувам пошто јас многу ги сакам и си каснувам една до две на ден а сум 4ти месец
Ваљда од нив расте.. моево беше ептен слабичко мислев дали ќе стигнеме до 3 кг.. ама машала си качува и тоа од урми сигурно..
Па сигурно може, не гледам никаква штета од нив @saramila09 Моето најмногу доби во последниот месец така да ич не се грижи за тежина Моја препорака е што повеќе млеко и јогурт и дали од нив незнам но млеко имав уште првиот ден од породувањето.
Јас сум интолерантна на лактоза . Значи пијам млеко, јогурт или било што млечно, желудникот не можам да го оправам 10дена. Дали ова значи дека можеби нема да имам млеко? За замена пијам од соја,ама премногу е штетно. Бар така сум чула.
Душко Филиповски,згора на тоа после тоа ми викаше нема потреба од испитувања млада си ќе родиш аха да како да не,бидејки сум млада ќе родам изгубив близначка бременост. Од Мама ординацијата на една девојка не и видела два миоми и дека има намалена плодова вода,во ординацијата сега што сум членка од тука ептен фатално заврши. Бременост ме се води само кај матичен и не се остава на едно мислење. Колку сакаат нека има современа технологија специјалист е специјалист,матичен си е матичен.
Ц ц ц ... Не знам што да кажам. Значи стварно треба да им се земат лиценци . Секоја бременост е индивидуална и нема врска со возраста. Дали со едно, две бебиња, 25 или 35 год. не игра никаква улога.
Некој искуство со покачени АСТ и АЛТ. Не се многу, малку над граница. Матичниот ми рече ништо страшно, ама јас паничар се нешп си наоѓам да се нервирам.
На крај си не се оптоварувај,мене крвната слика катастрофа ми е овој месец,ми даде појачана терапија па ќе видиме. Плус кетони во урина ми се појавија но и за тоа добив одговор дека нее страшно и само чаеви да пијам.
И јас минатиот месец имав кетони во урина со два плуса и ми рече само повеќе течности да пијам и еве овој месец супер е немам кетони