Мене 137 хемоглобин и 23 серумско или некоја грешка е или ми ги сменија резултатите. Не знам дали да повторам. Некој да ми кажуваше дека јас ваква никаква цела бременост само со една пре мама ќе ја истуркам ќе го направев будала. Ама пак затоа мастите пак ми се 9 и триглицериди 4. Ств не знам од што олку кога внимавам што јадам. Знам дека нормално е да се покачат ама кај мене е претеризам. Па сега и ова кога видов ств се изнервирав. Ств се многу малце над нормала и др ми рече дека е можно од настинка или премногу ако сум активна а и нормално црниот дроб работи за двајца. Ама си викам уште дробот да ми се замасти ми фали.
Аспирин почанв од 6 недела и еве 24 сум се уште го пијам. Докторката ми рече дека до 32 недела ќе го пијам а магнезиум од 12 недела го пијам
Ако сакате бебе да расте пијте козјо млеко секој ден моето од тоа порасна буцко бебе кога се роди викаа дебело бебе срам да му е За што го пиете аспиринот во бременост? Ве читам одамна ама сега ме заинтересира зошто гледам повеќето пишуваат за него
Првата бременост ми заврши со прдвремен пораѓај во 24 недела поради одлепување на постелка и сеа заради тоа ми го дадоа за подобра циркулација на крв
Ако треба да го пиеш ќе ти каже матичен, тој е за подобра циркулација на крвта. Јас го пиев превентивно сега во вторава бременост до 23 недела негде, бидејќи пред тоа имав миссед абортус во 9та недела, направив испитувања за тромбоцити, димери Ок беа, но матичниот пак ми рече да ги пијам иако имам нормална бременост. Денес полагав државен испит за завршен факултет па не ме прашуваа многу ме видоа бремена се сожалија и положив. Од кашлицава ме боли цел стомак, бебчево се стега, мава можи си има и тоа мака ама што да правам, не поминува, секакви домашни лекови пробав
За магнезиумот сега прочитав и ми текна да прашам. Од сам старт земав магнезиум директ не секој ден,сега ми дадоа во 12+ покрај фемибион2 и магнезиум па го земав на natural wealth 2×1 ми рекоа во аптека,таков е или го имам згрешено?
Заврши и третиот скрининг. Прво цтг обавезно половина час па потоа скрининг. Одговара малата за 29 недела, јас во среда влегувам 29та. Цервиксот ми е 3,5 см. Плодова вода и се останато е во ред. Само јас сум капут, ми рече ете се исплати она е добра. Имам вода во ногата/оток затоа ме болело, добив ибупрофен маст да ја мачкам. Една недела боледување ради несаница. Толку сум крш што ми е грев да се гледам
Не знаев што ми е дозволено, утре сум на контрола па ќе прашам. Таман си велев ок ми е како за при крај, но ете почнува маката
@Milaаа991 маснотии не се гледаат во бременост. И мене ми се од старт покачени, АСТ и АЛТ не ни гледам. Никогаш не сум имала проблем, а правам и ЛДЛ и ХДЛ чисто за да си знам. Не се секирај не е ништо. Ако и после бременост е покачено ќе ти дадат нешто на природна бара, Силимарин или сл. Не си ја оптеретувај со тоа душичката.
Ништо нема да биде од еднаш, баш на мајками и велев не смеј во бременост сода, таа ми вели ние за киселини сода пиевме па сите сте здрави прави.
Хаха јас неможам кравјо млеко да пијам камо козјо што ниту јадам од тоа животно ниту пак да пијам млеко неможам да замислам а тие што го викале дебело бебе срам да им е ние со сила сакаме дебело бебе па нема само живи и здрави нека бидат друго ќе се среди
Мене истото ми го велат и мајка ми и свекрва ми, цела бременост им поминала со сода.. ама ете на мајчината школа ни рекоа да не пиеме затоа што била штетна.. како штетна не кажаа, ама еден муабет е доволен за да ме стават во мисла...
Не знам што да мислам. Сега се изначитав се и сешто на нет и умов попара. Триста филмови си правам. За мастите небитно, ама за овие ензимите на црниот дроб ептен ми фуфка.
Нашите мајки се горе доле веројатно генерација на сите. Мојата мајка од прв ден ми напомена никако сода во бременост, тоа ни во нејзино време не смеело да се користи. Така да кој како бил информиран во тоа време веројатно. Јас на ваше место би избегавала сода, сепак со сода можеш веце школка да исчистиш (разорно дејство)
Јас живеам во фамилија доктори, а сите минимум по еднаш дневно пијат сода и нон стоп се расправам со сите како не треба да ја користат ама пред две недели 3 дена по ред имав страшни киселини па два три дена по ред и јас пиев сода. Содата ме смируваше веднаш ама несакам да ја пијам, пијам кисела вода и подобро ми е ама и киселата вода е у ствари сода..
Да не читав на форумов и ананас ќе си јадев и урми (мн ги сакам) но ете видов прочитав не смеело и ги откажав, па еве сега за 1 недела сум 36та па ќе се ослободам малку Сода неможев секако оти ептен ми се гадеше од вкусот, и пред бременост имав мака со желудник па секогаш гастрогард си земав и ранитал, сега само гастрогард па издржувам некако.