И мене исто така Алт ми е покачено уште во старт а Аст-то ми е нормално,матичната ми рече се случувало заради оптеретеност на црниот дроб ,зголемена работа
И кај мене аст е малце над граница 33 а реф. вредност до 31, ама алт ми е 42, а реф. вредност до 31. Доктортт ми рече дека треба да се над 100 за да кревам паники, ама кога ќе почнеш да читаш се на нет, умот станува попара. Инаку и мене покрај другите причини ми рече дека ц, дроб работи за 2 и затоа можеби е така, плус ако сум настината или повеќе физички активна. А во задно време се перам, преперувам, пречистувам и од сабајле до вечер не седнувам, што претпоставувавм за една трудница е физичка активност. Сепак, штом не сум сама ќе го сватам како нормално и ќе престанам да си барам рогови кај што нема.
Мешиња вчера јадев благо од кафе кокос чоколадо и рум имало малце внатре и вечерта бебчево мн мрдаше никогаш толку активно не ми било мрдало ама не до волку па си помислив да не му штети нешто ама не изедов мн неколју бомбици беа. Ианку мрда кога јадам чоколадо или пијам газирано ама не до толку хаха и вечерва ми мрдка ама немам јадено од бомбиците само вчера што јадев. Инаку кафе не ни пијам. 24 недела сум
Морам да забележам на користењето на сода во Македонија за секоја прилика. Една од примените која ја прочитав е дека девојките ја користеле содата како контрацептивно средство, односно се одмивале после сексуален однос да не забременат. Замисли. Сода се става на пример и во ќовтиња да пораснеле. Со сода се мие цело веце. Сода се жуборка за заби плакнење. Со сода се мие зеленчук и во овој случај се лечат киселини. Освен содата македонецот користи и кока кола за алергии, грип и настинка. Македонската медицина или велешката поконкретно секогаш ќе ја паметам со лечење со кока кола. За што и да отидев се тоа ми даваа. Последниот пат имав отровање од печурки бев итен случај на носилки од дома, брзата помош дома ми даде лажиче кока кола. Завршив секако со перење на желудник али кока колата беше до мене Поентата ми е ако веруваш дека помага и тебе ти е навистина подобро земи слободно.
Не се грижи мила твоето не е ништо,кај мене Алт е 69 во два наврати ама аст пак мирува 20 е затоа ми рекоа дека штом едниот е покачен не е ништо страшно а и кај тебе не некоја висока вредност за да има место за паника
Заборавив да допишам дека ме вакцинираа против грип денес. Тоа е доброволно, симптоми може да се јават со благо покачена температура. Сепак бебето ќе се роди во зима и му треба имунитет.
Нема никаква поврзаност непиењето млеко со немањето млеко за доење. Важна е здрава и избалансирана исхрана, и многу течности.
Млеко за бебе не е поврзано со пиењето млеко кај мајката. Може да немаш млеко (како на пример шо немав јас) ама тоа не е поврзано со твојата интолеранција. А може и ќе имаш млеко за цела неонатологија да ја надоиш. Не се знае, секоја жена различна е.
Јас денес бев во Авицена за крв,и покрај 300витамини што пијам и внесувам преку храна крвта ми е хаос..мнг слаба После отидов во Гак кај др Лазарова ми потврди истото што ми го кажа мојата Чочороска,плацентата ми е узреана до 3 степен,ама ми рече дека нема ништо страшно да не паничам зошто бебето било супер и супер се протоците за хранење.утре сум за димери па после со тие резултати за две недели да идам пак да ме види ми рече и ми напиша еве извештај
Убаво што отиде сега си во сигурни раце ке те следи и се ке биде супер,а што е тоа фетален мониторинг?
Епа ме гледаше на ехо тоа е ваљда Мониторинг на фетусот на бебето Иначе во право си докторкава ептен фина ми се виде,и покрај тоа што првпат одам на Гак не ги знам другите др,оваа убаво ми пристапи ...иначе нејкеше таа една сестра да ме пушти внатре ама ја замолив и докторката од таму и извика да влезаm среќа иначе ме пракаа по други кабини..ја викам ме пратија во 37 кабина тука ќе влезам и крај хахаха малце се закарав со таа сестрата ама ете др и рече да ме пушти Иначе се настинав освен парацетамол ништо несмеам? Пијам чаеви лимони ама не помага ..носот и очиве ми солзат цел ден...мм вика што убава бременост си тераше до сега види на крај сеа се нешто ти се случува...
Кажав јас за докторката,одлична е мене цела бременост ми ја следи. За сестрата неможам ништо да кажам бидејки да нее она нема ни да влезам на Гак
За нос само солени капки од типот Аква марис, за грло можеш прополис, мед, Пантенол пастили, гаргара со чај од жалфија..
Сезона на вируси, иста ситуација и кај мене... Само што не сум трудна туку дојам, ама исто гајле, ништо не смееме
Ќути аман само нешто искача Ајде ќе се оправиме A колку парацетамола во ден смеам дали знае некој? Во 2 пиев смеам сега уште еден?