Првата бременост во 40+3 ми беше првиот вагинален преглед, во Чаир. А во Ремедика со второто 38/39та прв вагинален имав. Секаде различно си работат...
Јас па за живо чудо уште не ме фатила нервоза.Изгледа дека ми е прво,па не знам што поточно ме чека. Јас сум денес 36.
Јас од понеделник влегувам во 36та, т.е 35+1 сум и тогаш имам закажано контрола и брисеви. Ме фаќа паника малку, пробувам да бидам сталожена ама тешко ми оди.. Секоја вечер се убедувам дека имам уште малку, а матичниот ми рече дека нема шанси да се породам пред термин, дури може и недела дена после.. Тоа е дури околу 20ти декември, а јас си увртев во мозок дека за 2-3 недели иде бебе и дека немам ништо спремно дома. Ја преуредив цела куќа во последниве две недели, само за да се окупирам со нешто и да не збеснувам од трема за пораѓајот. Ме мачи тоа што нема да можам да се пораѓам кај докторот кој го имав одбрано од почетокот на бременоста и што ќе мора да одам во друг град..
@Miiaa ај да те утешам иако не сум баш за кажување ама еве кај мене се е во ред па затоа да споделам, пред недела дена значи во 19гн имав мајстори дома и им требаше продолжен кабел па јас го поместив креветот за да го извадам тој што таму ни беше приклучен кога свати мм малку викаше ама му помина. Важно добри сме, ама јас цел живот работев секогаш бев синот на тато како сега да лежам само небива, моја позаничка до пред пораѓај со крпа чистеше под па ништо не и бидна. Јаки се нашите бебиња мисли си на тоа и уживај
Дали добро се сеќавам дека негде тука имам прочитано дека течна столица е предвесник на пролетта (читај породувањето)?
Може но и не мора да значи.Јас имав пред да влезам во 9 па еве ме терам уште. Денес бев на цтг,има некои мали болки но докторката вика,припремни се. 38 недела терам.Не сум ич отворена,а јас отидов спремна со мисла дека ќе ме задржат,на олку мое движење, си фантазирав,ау отворена си ајде во сала . Ама бебе сала да си поседи,вода има доволно,ќе си ме помачи изгледа во меше уште некој ден. А јас едвај чекам се да помине.И си замислувам како овој пат ќе биде лесно,убаво,без шиења.Само Господ и Богородица нека не чуваат сите. Со лесно мамички!
Течна столица е и од магнезиум ако користиш и подобро течна отколку затвор да имаш хахахах да се напнуваш и уште повеќе да ти се стврднува мешко
Јас така вчера од цтг се вратив. Разочарана,бидејќи бев убедена дека ќе ми речат да останам. Јас од утре влегувам во 39-та
Lele za poragajot jas ic ne sum isplasena dosega ne mislam mnogu mnogu na toa a mm e beter od zena panice za se
Со лесно,ептен блиску сме биле ,јас петок влегувам во 39.Мене па денес како да ми намали со движења,а мислам и тоа е знак некој,ајде кога сакаат тие тогаш.Само се да е убаво
И јас од утре ја ситнам 39. Паника ме нема уште фатено. Ако досега си прафев филмови дека пред време ќе се породам сега сум убедена дека ќе го надносам. И на мм на работа сите му викаат којзнае колку си испаничен, ама вака го гледам не е. Малку ми е грдо дека оваа недела е трета, а јас сама дома. Ми ја праќаа за друштво баба му, ама ја одбив. Уште и на неа да и мислам за јадење и пиење. И така си правам планови викендов да одам во мојот роден град. Не е мн далеку, ама сепак има околу 100 км. Сите ме предомислуваат ама ќе носиме 3 год на мајка ми, а не бев за задушница и ми е мака. После којзнае кога ќе можам да појдам. Се надевам ќе додржам и ќе појдам во недела. Инаку од денес се ставам деф на диета откако вчера се подисплашив со резултатите од крвта. Си накупив брокули, карфиоли, цвекло, зелки... Ако знаете убав рецепт споделете за подготовка на брокула и карфиол. Инаку секретот мн ми се промени. Ми стана густ и бел. Нема мирис и не ме чеша. Веројатно е нормално и не се оптоварувам повеќе.
На сите што ситно броите нека ви е со лесно само. Си лета времево ви завидувам што сте на крајот само Господ да е со вас,ние ке кркнеме мекици тука
Јас сум 35+2 и следна контрола имам на 19 ти во Болница таму ми закажа матичниот, 37ма ќе бидам (ако не се породам дотогаш и јас си завртив во глава дека предвреме ќе раѓам демек оваа недела да се пазам да не се породам за грев сум. Исто и мене досега не ме гледаше вагинално ниту еднаш. Иначе кога ќе помислам дека се ближи денот не ми се верува уште дека наскоро ќе имаме бебе дома
Ова денес го препорачаа од 37 недела каде има студија дека помага за омекнување на грлото на матката и е безбедно https://www.google.de/search?q=Heub...szcDeAhVBw4sKHakmBGwQ_AUIEigB&biw=375&bih=553 Незнам на македонски како се вика ова растение треба бања да направите во 2 литри вода неколку лажици во еден леген и исто како да седите врз него 20 мин. Еднаш неделно до крај. Медицинските студии покажале најдобри резултати за омекнување на грлото. Втора успешна ствар која породувањето (процесот, контракциите) ги намалува медицински докажано за два даати според студии направени е акунпунктура од 37 ма недела. За чајот нема студија никаква се темели на верување во чудо. Ленено семе лажица на ден со многу течности од 37ма - нема научен доказ дека помага. Дам масажата има научна студија секој ден масирање од 36 недела помага за полесно отварање. Најдобро отвара пливање и вежбите во бременост кои се практикуваат цела бременост, освен ако ви е забрането или имате скратен цервикс. Најбитно е дишењето. Кога ќе ве фатат болките дишете бавно колку што може подолго издишувајте никако не го убрзувајте дишењето. Мускулатурата мора да се опушти, а контракциите се токму тоа. Најдолго што може издишувајте бројте до 5 или акајте со звук. Симптоми дека породувањето почнува е дијареа или лошење. Чепот кој прв го најавува доаѓањето на контракциите и внатрешното чувство дека баш ете дента треба да готвите за десет души или одново да разместите во детската соба, да го повикате партнерот да си дојде дома иако немате болки итн ( вроден мајчински инстинкт). Други симптоми нема, редовни контроли и обавезно да потврдите дека бебето е целосно спуштено за породување. Секако плодова вода може да прсне пред контракции кај 30% од жените или светла крв е доказ дека нешто почнало и треба да идете на лекар. Вечерна лекција
И што викате ќе раѓаме а? Страв немам,само нека ми се роди здраво и право. Страв имам само додека сум сама дома да не ме фатат болки,ама затоа се организиравме кога мм е на работа татко ми да е дома.
33 + 2недела узреана постелка трет степен,денес правев димери 1200 ми се.утре сум на консултации кај др,викате ќе ми препише клексани?
До 21 недела чекав да клоцне, сега нема застанување. Низ папокот мислам дека ќе ми излезе. А маж ми не го клоца. Дури не ми се верува како може секојпат да го познае. Ако он стави рака кај што клоца, или престанува или се преместува на друга страна да мава Барем од сега да знае кој ќе ја смирува и успива