Мене ми беа 1600 во 31 недела,а за една недела подоцна постелката беше зрела со калцификати. И не ми дадоа клексани. Само аспиринче
Аст и алт ми беа благо покачени. Демек не било нишш значително ми рече матичниот, ама се изначитав свашта на нет. А за холестерол и триглицериди веќе не се ни потресувам. Знам дека е нормално да растат мастите, ама кај мене матичниот вели дека претерале малце.Па најарно малце построг режим. Никому нема да му штети малце здрава храна и помалку млечни производи и благце.
Оо кај мене па се е симнато не покачено и мене страв ме фати па и јас почнав со поздраво демек..жива анемична сум
Ќе фанам ќе си ги кастрирам вулвите. Потечени последните месец дена,чешаат ужасно. Неможам да се трпам веќе! Па и кандидата пак ме нападна. Ќе фанам анестетици ќе ставам,не се трпе just kidding Помагајте,што да ставам,аманте.
Ете не сум сама значи .... Бебка се смирува кога мм е тука или сака да ја допре... Штом сме сами чиниш кошарка игра.... Удира горе десно лево... Кај ќе посака....ќерка татина па и на него ќе личи леле леле кефој
Бев на преглед денес конечно после месец и пол. Бебчето е супер,ми го кажа докторот и полот,кога го прашав кога нареден преглед ми рече бидејќи се било во ред со бебето,нема да имам нареден преглед. Само да закажам термин за да се видам со бабица и доктор за породување,ехо нема веќе за мене,а само 20 недела сум. Ќе појдам за скриен шеќер за некоја недела и доста е
Sinoka okolu 8 jadev ovosje, a posle okolu 9 piev smuti od jabolko, portokal, limon i aronija. Deneska treba da ispituvam skrien sheker. Dali ima vrska? Skoro 12 chasa se pominati :/
Аууу многу бе ова. Јас повеќе од 3 недели не издржувам, иако докторот ми закажува за покасно, ама мирна глава и спокој си е најубаво. Ова твоево ќе се фати 16 недели беш никаков преглед. Ај што ќе ме манвне психа, него мене ова не ми ни изгледа безбедно
Епа ако терам до 40 недели,точно 20 поминав,уште 20 само уште еднаш да појдам само да се договориме со бабица и доктор ама без прегледување тогаш. Значи уште скриен шеќер да испитам и да закажам средба со овие,друго и да сакам не можи. Јас некни ја прашав една пријателка што се има пораѓано тука 3 пати,истото ми го рече “2-3 пати на ехо во цела бременост и то е се”
Да во повеќето европски земји е така,2 до 3 пати,јас последен ултразвук имам исто во 20 а првиот во 12та,двата најбитни,и после секој месец само со бабицата за крв и урина што не секогаш се зима крв секој месец и не се прават толку многу испитувања како кај нас во Мкд ,тука така функционираат, па сега незнам дали кај нас се прават премногу испитувања за повеќе пари или тука премалку за да не е на трошок на државата нез,важно имаш опција ако сакаш и на приватно да си одиш ,јас неможев да не си го видам и си бев,а инаку и Мкд во почетокот си бев и здравје последно доаѓање планираме за новогодишните празници плус и бебушко ќе си го видам па до напролет нез како ке издржам Исто што многу ми е чудно тука цтг не прават директно на пораѓај:-/ Во која земја си ти мила?
За цтг и јас кај што ќе се пораѓам ми рекоа нема потреба. По државиве демек никаде не се правело и не било релевантно. За 5 мин можела да се смени ситуација и за џабе само малтретирање. Само фетален доплер на папучна ми прават. Колку е и што е исправно не знам ни јас. Дали кај нас само за пари се прави се ова. Мене матичниот и со резултати да му појдам одма ме легина на ехо. А во Плодност каде што ќе се пораѓам ми велат нема потреба на секое само пари да си даваш. Па кој е сега за пари или кој е позагрижен за мене не знам. На крај ќе речам само сите Господ да не чува и тоа е. Јас иако секоја недела сум на ехо те ваму те таму, дур не си го видам бебе и не го земам во раце не сум мирна. Искрено на никој не му верувам и се само во немир и страв сум. Со секој преглед само повеќе стресови. Па како чини никој не знае. Само нека ни се здрави и живи на сите
Да мила никогаш не се знае до последно,се додека не си ги земеме во раце,Господ нека не чува сите.Јас оти два пати си доаѓав Мкд до 3ти и скоро секојпат успевав да си го видам бебушот барем два пати и кога дојдов тука оопп ми дојде угорнина,ама мислам се е и до навика и некако сме помирни кога си ги гледаме често, абе мајка... Инаку тука кога гледам безброј мајки со деца па си викам ете ги здрави прави ја не сум ни прва ни последна што ме следат така,поинаков систем само од кај нас,не верувам дека е неисправен ,и на нив тука најбитни параметри му се железо,шеќер,притисок, урина што е исто и кај нас, а тоа што после 20та недела немаш друго ехо и мене ми е чудно ама кога се гледаш со бабицата таа му ги мери отчукувањата на срценцето на бебето е сеа у виа случај тон имаш слика немаш