Еве јас најискрено-мене овај систем некако повеќе ми одговара. Не знам која членка пиша погоре,верувајте некни видов една жена со две деца туркаше количка за во маркет и си помислив,конечно да видам некоја со две деца,сите се со три или повеќе. Кратко ми траеше радоста,видов дека има транспортер со бебе во количката муабетов ми е дека овде сите одат така,2-3 пати во цела бременост на преглед,а раѓаат по 3-4 деца здрави прави,па не ни очекувам дека за мене ќе има посебен третман,некако се навикнати дека нема потреба од одење секој месец и му е чудно,прееска док се зачуди ко му реков “толку,нема повеќе ехо до крај” демек зошто ти е ехо,ко се е во ред со бебето,немаш апсолутно никаква потреба. Дури ни за витамини не ме праша дали пијам. Ко се прибрав пишував со една другарка,ми вика бев пред 2 недели на втор скрининг(приватно и го наплатила матичната) некни на ехокардиограм за бебето и докторот и рекол уште еднаш да појди (ова сето на приватно наплатено) по 2 недели,па после то по 1 недела пак на ехо. Јас вака ко одев за првото бев по константен стрес,само се трескав како ќе биди. Овде некако се помирив со фактор дека таков е системот,јас сум во многу мало место и нема приватни гинеколози,само на болница. И да сакам на болница мора прво матична да ти закажи,не можиш сам,а таа не закажува ако немаш некој голем проблем и така да сакам неќам ќе си чекам. Битно е здраво право,ми е кеф дека го видов бебчето,сега наредно гледање во живо ќе ни биди @Ringishpil_ исто сме,истата кралица ни ги води двете држави,мора да сме исто. Комонвелт,јбг
https://www.google.com/search?q=Him...lsLeAhWFiIsKHf5YA3YQ_AUIDigB&biw=1366&bih=654 Бабицата во Германија. Има цела листа препораки. Чајот дали го има во мкд незнам, прочитај погоре во постовите мислам Мини пишуваше за него последно. И во Германија се три задолжителни скрининзи и секој месец на преглед за крв и урина. Се останато си плаќаш сам. Нема никаква потреба да го гледаш бебето кога сите резултатите се во ред. Ако има нешто што не треба да има веднаш те препраќаат на специјалист. Тоа секои две недели на ехо не можам да го разберам ни јас. И мене ми е прво па сосем ми е доволно што досега видов. И онака гледаш само некаква форма која си мрда безгрижно во тебе. Да е само здрава ќе се гледаме цел живот од кога ќе дојде на светов. Цтг редовно се прави иако јас досега не му ја сфаќам поентата и ми е само губење на време.
Колку кг качивте во прво тромесечие срцки? Јас се мерев вчера не сум ни грам поправена, за некој ден влегувам во 13та недела.
Јас слабеев до 5ти месец, заради лошење. Од 6ти почнав да качувам и тоа сега во 7ми сфаќам дека баш брзо одат нагоре
ова е чајот листови од малина.. јас веќе недела дена го пијам од Германија ми го донесоа тука мислам дека нема.. Мене ми отвори друга слика вчера па затоа прашав
Аууу па јас сум била само за во австралија или англија хахаха шала на страна добар му е системот за тие како мене со слаба психа,ако одиш често не е правило дека се е во ред,ниту па ако одиш три пати цела бременост ке биде лошо. Јас на 4 недели одам и кога ке дојде денот не се сакам себеси,тоа ми е резултат од една изгорена бременост па сега и на јогуртот дувам. За поправање се поправив 4кг прво тромесечие
ми препишаа клексани никад во живот не сум се боцкала од утре мм доктор ќе изиграва зошто јас сама нема шанси дај кажете искуство од тие боцки...болат печат ? ми рекоа во рака и во нога зошто во стомак нејкам шубе ми е
Јас во рака ги ставав т.е. имам другарка медицинско лице и таа ми ги ставаше. Печат како оси и прават модрици. На местото кај што е боцкано правилно треба да се направи како топче или паричка. Но немај гајле, брзо се ставаат и сето тоа заради бебенцето. Јас примив околу 150, па ми ги прекинаа..и сега пак ќе одам на контрола да видам дали ќе ми ги вратат.
Јас само што се вратив од преглед, бебето е супер, 3 дена поголем од последна менст. Пловода вода добра, постелка на преден зид, 15+ 1 сум, поправана ич, последен термин 30.4 ама ми рече сигурно ке биде царски заради што имам 34 год, еднаш оперирена. Си одам на ехо на секој 10 дена уште не стигнав да трпам две недели, машко е сигурен. Поздрав
Вчера ставив линк за да правиш бања со таа состојка ако ја најдеш во мкд. Научно докажано е дека го олабавува грлото на матката и ќе имаш полесно породување. Еднаш неделно од 37ма недела.
Јас околу 210 имам ставено до сега, а ќе ги примам до крај. Од прв ден сама се боцкам, менувам рака нога стомак.. сега веќе во стомак нема место.. ништо страшно не е, поткожно е...