Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    мнг пари се...јас првиве 10 морало уште од утре да ги почнам па ќе треба да ги земам приватно
    др рече околу 3000 денари се за 10 дена...а после тоа да одам кај трансфузиолог да ми даде листа за да ги земам следните па да ги враќале парите
    вие како праите?
    и колку пари точно е точно знаете ?
     
  2. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.990
    Допаѓања:
    59.660
    Пол:
    Женски
    Јас првиот месец дадов околу 9.000,после среќа ми ги сменија со фраксипарин и е дупло поефтино.
    Ги рефундираат да ама некогаш се нема да се купи.
     
    На PeachGirl, Ѕвездички и Bella* им се допаѓа ова.
  3. ajaja95

    ajaja95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    354
    Пол:
    Женски
    Еден клексан е 249 денари. Прво извештај после се купуваат за да ти ги рефундираат. Но ако мора од одма зимај ги па после извештај тие ќе ги бараш за рефундација.
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. saramila09

    saramila09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    3.637
    Пол:
    Женски
    Со овој чај да правам бања?
     
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
  6. Ringishpil_

    Ringishpil_ Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    4.103
    Пол:
    Женски
    И јас до 16 ништо немав ставено ни грамче, апетит на нула,ама од кога почнав да си јадам на 2-3 часа нез чудно како да си нон стоп гладен и оп еве сега сум 17+ и килце ипол плус за натаму вака како што сум тргнала нез,ќе почнам и ја од вага да бегам ;)
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    И сестра ми живее во Австралија поточно Мелбурн и баш ми наброја некни еден куп испитувања што трудници тамо задолжително ги прават и прегледи,она има 2 годишна ќеркичка и често беше на прегледи.Баш ме зачуди бидејќи првиот пат по лекарска грешка бидејќи не и го мереа цервиксот во 24та недела изгуби близначиња бидејќи касно беше за церклаж.
     
  8. saramila09

    saramila09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    3.637
    Пол:
    Женски
  9. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.205
    Пол:
    Женски
    Jas od 9 mart gi primam fraksiparin I ke gi primam sekako dokrajot na mesecot
     
  10. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    5.811
    Пол:
    Женски
    Можеби заради близначињата така и прават сега. Мене прееска ми рече,ако има некаков проблем,ќе одиш на ехо уште еднаш. Ми вика кај тебе е се во ред,претходно кога бев кај таа “матичната” буквално до детал ме испрашуваше се што ми се случило досега во животот.
    Не знам зошто не и измериле цервикс,мене прееска прво тоа ми го направи :?: инаку за испитувања јас пред месец испитав многу работи преку крв и мокрача,можеби на тие мислела сестра ти. Инаку скрининг само прават,значи 12 и 20 недела,тоа е целото гледање на ехо друго ептен по потреба или ако е итен случај. Како кај нас да одиш кога сакаш,на недела,две или месец од страв,а да е се нормално нема шанси да те примат,тоа можам да ти го потврдам 100%
     
    На ***Bony***, Ringishpil_ и srekice им се допаѓа ова.
  11. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Срце дај помош кој дел од нога го боцкаш.И јас ќе примам до крај на бременост а тек сум 8+2 а веќе имам модрици се боцкам само во стомак пошто сама ,фраксипаринот повеќе боли од клексанот ама па поевтин е дупло и плус има доза и 0.6 а клексан нема .
     
  12. ajaja95

    ajaja95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    354
    Пол:
    Женски
    Најдобро е во стомак. Најмалку модрици се прават и ич не боли. Многу кожа имаме на стомак, затоа. Во нога, отвори на интернет имаш слики кој дел се боцка, ама не ти препорачувам многу ни е дебела таму кожата. Целата финта е да се боцне под 90 степени, јас не ја ставам целата игла, доволно да почне течноста да оди.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.313
    Допаѓања:
    119.201
    Пол:
    Женски
    Девојки од странство. Што ви претставува бабицата? Која е поентата да одите кај неа? Што ви кажува?
     
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Бабицата те следи од почеток на бременост, препорачано е уште од прв месец да ја бараш оти се пребукирани. Личната Бабица ти е достапна во секое време на телефон за секое прашање во тек на бременост, а после породување иде секој ден дома како кај нас патронажна сестра. Речиси секоја бабица има специјализирано за да дава масажа кај бебе, часови по доење, подготвителни часови за бременост, за враќање на телото после бременост, акунпукнтура и слично. Овие бабици ги плаќа фондот во Германија.
    Бабиците се специјализирани да ти прават и ехо прегледи, односно можеш кај нив да ја водиш бременоста наместо кај гинеколог. Кај гинеколог специјалист само за скрининзи.
    Овие бабици некој пат може да те придружуваат и на породување (али ретко оти не се за породилни сали таму има други) и најчесто по неуспешна бременост они те водат за следната од почеток до крај.
    Му доаѓа како прва помош на трудница.
    Некои бабици освен што те советуваат може и дома да те породуваат ако имаш желба (известен е тим на доктор и сестра претходно во најблиската болница во случај нешто да тргне на лошо да интервенираат на готовс).
    Геманската бабица ти е комбинација на матичен гинеколог+бабица+патронажна сестра кај нас. Три во еден :)
     
    На Elena ena, AlicaInWonderland, Ygritte и 10 други им се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.313
    Допаѓања:
    119.201
    Пол:
    Женски
    Аха. Значи по струка се гинеколози-акушери така?
     
  16. Natally90

    Natally90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2018
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам за ова:wasntme:
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    По струка се акушерки. Му доаѓа како виша школа кај нас образование.
     
    На @Verba и fana им се допаѓа ова.
  18. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Што убаво со бабиците колку сме ние назад значи (facepalm) ај може и ние некогаш ке стигнеме до таму со здраството.
    За килажа тие што ослабнале како рачунаат колку качиле јас почнав со 62 кг и ослабнав првите месеци до 59 кг а сега сум 64кг, ако рачунам според првата сум само 2 а според втората 5 кг. Како е правилно?
     
  19. Ringishpil_

    Ringishpil_ Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    4.103
    Пол:
    Женски
    Буквално исто е и во Англија. Уште на самиот почеток од бременоста се регистрираш во која болница сакаш т.е во најблиската и веќе на првиот прием некаде околу 10 недела веќе имаш одредено бабица која ќе те следи до крај.Е таа истата бабица уште во самиот старт ти зима анамнеза, историја на болести не само од страна на мајката туку и од страна на таткото, значи милион прашања и крвни испитувања,кои освен главните параметри вклучува и крвна група и инфективни болести да знае се за тебе. А главните скрининзи ги прави специјалист гинеколог или сонографер.Ако е се во ред бабицата те води до крај,а ако се води како патолошка бременост тогаш си под надзор и од специјалист гинеколог и имаш почести прегледи и ехо. За гинеколозите овде велат дека не се среќава со здрава бремена жена,освен со тие што имаат некој проблем.
     
    На m.i.g и FreeMind им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Многу од доселениците во Германија не ги знаат предностите на системот и се она што ти овозможува бесплатно да го добиеш, затоа и не ги користат услугите. Секое апче/крема?витамин во бременост го препраќаш на здраственото осигурување каде што си осигуран и ти ги рефундираат парите.
    Плус германките во бременост се пишуваат како неспособни или на 50% додека ние работиме до крај оти ние идеме од друг менталитет како можам бе јас што ти е. Вчера на курсот од 15 трудници само јас и една од Романија работиме до 34 недела, се останато од германско потекло или беше на 50% одобрено од лекар или со забрана за работа и тоа канцелариска не можеле да седат :)
    Колку повеќе разменуваме искуства на форумов толку побрзо ги учиме системите настрана.
    Македонскиот си го знаеме за жал не се вбројува ни во систем.
     
    На Meckicja, @Verba и ***Bony*** им се допаѓа ова.