Јас дека цел живот во стомак рамна како даска уште во втори месец ми се познаваше меше и на почеток ги качив повекето од килограмите. Си направи место бебето од мало За недела дена од прилика влегувам во 9ти и еве последните месеци 7ми и 8ми дали вкупно 3-4 кила имам качено. Инаку до сега се вкупно 18, на сите па и мене ми е чудно каде ми се ставени килограмите дека визуелно не сум многу поправена ама мешко е голем, а бебе веке 2300. Нека расте он, јас после ке слабеам )) Инаку каков мидер се носи после породување за да се врати стомакот во нормала?
Овде поради недостаток на бабици едни си работат приватно, а други се во операциони сали и затоа не ти се поклопува истата. Иначе најубаво би било да е истата ќе си се опуштиш на породување сепак ја познаваш. Блазе вам. Овде во големите градови мора одма да се пријавиш за породување, во помалите ја немаш таа обврска. Не дека некој ќе те врати ако стасаш во 5 до 12, но за да не спиете 5 души во соба треба да се пријавиш онаму каде има место. Планирано здравство.
Јас дали сум глупа или заостаната не знам (можи сум, не велам не) али според мене трудница да не ја следи доктор ми е нон сенс. Како затвореник пречкртував на календарот за следното ехо да го видам бебе. Бабица за совети (како мајчина шклола пример) ми иде во глава некако, ама да ми следи бременост не.
Зошто да не, јас негледам тука ништо лошо сигурно се обучени за таа работа, реално кај нас докторите се преокупирани со работа глава нез каде им е од пциенти. Може таквиот начин е поолеснитеен за сите страни и за пациентите и за докторите, ова се претпоставки зошто не им ги знаеме законите ама мислам дека е одличен
Чудно е не велам не,но бабиците овде се далеку поедуцирани и поискусни од кај нас,а ако земиме во предвид на кое ниво е здравството во Германија или Англија во споредба со нашето во Мкд тогаш нема за што да бидам против
Историски гледано бабицата секогаш била онаа која водела бременост од почеток до крај, гинеколозите биле само за оперативни интервенции. Јас и сега одам кај гинеколог доктор на прегледи, а бабицата ја користам консултативно. Али ти се остава на избор. Плус образованието чим и доверило таква улога не верувам дека не знае. Оваа бабица со онаа која доле врши обука јас те уверувам дека се разлика голема од едукација до се останато.
Верувај дека и јас се зачудив кога пред некој месец слушнав од другарка ми како бил негуван татко и кој работи во германија, без ништо да плате со третман како што кај нас неможе ни да се замисли плус спремни апчиња за наредни две неделни сите складирани соодветно да не згреши. Просто да не веруваш, исто и девер ми кој работи сезонски таму, овде кј нас неможеа да ми откијат што е а таму со еден преглед откриле и еве сега ке праве операција исто бесплатно се. Колку би сакала да сме и ние како нив а за жал мн сме далеку многу
@ajaja95 како инсулин е Клелсанот? Мислам на иглата? Ако се тој принцип, најдобаро е во стомак. Е ова ми треба мене. Ни мајка, ни свекрва за помош...
Napraviv Denes krvna slika I hemoglobinot mi e nizok a zelezoto ne mi go ispitale nez zasto hemoglobinot mi e deset a normalno e nad 12 da e utre ke go nosam rez kaj maticniot gin da vidam sto ke mi kaze
Мојата патронажна сестра беше точна само првиот пат. После закасни околу час. си реков ај, човек, може не сме се разбрале. Потоа зачестија закаснувањата, кога пола час, кога час, кога повеќе. На крајот идеше во погрешни денови. Еден ден не се појави веќе на терминот и никогаш повеќе не ја видов. Ова за моето искуство со патронажните сестри во Германија. За второто и третото реков не фала. Не ми треба. За второто мене бабица сама ме породи. Првото бабица го водеше породувањето но учествуваше и друга бабица и двајца доктори. Целосно квалификувани за целиот процес на пораѓај. За третото жената која се породи ден после мене ми кажа дека биле полн ходник кревети со трудници, па во ходникот им брцале да гледаат која колку е отворена па според тој приоритет да ги внесуваат во породилна сала. Чудесна Германија.
Јас веќе немам верба ни во лабаратории. Минатата недела имав две ++кетони,денес немав а имав еден + протеини.
Баш чудесни искуства, најчесто лоши од големи градови. Во болницата во која ќе се породувам има три сали за породување двете се речиси секогаш празни, а во третата иде една до две жени на ден. Според кажувањето на бабицата за време на мојата посета. Една е во смена и има време и да зема амнеза за нови трудници.Градот е мал, услугата е многу подобра. Имам две години живеено и во Баерн во мал град и таму медицинската и општинската и секаквата услуга беше на ниво. Германија има и места како Офенбах каде на пример нема систем, нема ни Г од Германија. Значи секој со среќата @Charlotte* Јас мама не ја давам, без мама ништо Јас очекувам да научам од неа правилно да го држам бебето, бањам, да го дојам и масирам. И да не плаче да направи се што може. А од мама очекувам третман на кралица
Мене ми е жал да ја мачам. Доста ја сум и ги извадила ѕрцките, па сега уште двајца како мене ако се ... Сирота жена.
Тоа ќе и биде радост да помага. Мојата има две од сестра ми до ден денес не се одлепени од баба, напорно и е али без нив не може. Речиси се преселени кај неа. Не спиеш и ти? Вампир парти
И јас мојата. Резервирана е и има одмор неискористен за кога ќе се породам. Можеби ќе ме осудите,но највеќе заради неа сакам да сум сместена во апартман за да може да имам посета. Нормално и за мм,но помошта која од неа ја очекувам е најголема и неминовна. Ехехеее и јас не спијам
Јас бурек се најадов пред да легнам. Знаеш здрава храна Сега не знам дали ова гадење ми се киселини, дали бебево лудува или нервите мои. Се трудам да не исповратам се. А ми се спие ми се плаче. Кој да те суди? Абе без мама не искачам од болница дома не си идам додека не ја видам