Дефинитивно ќе раѓам веќе и цтг кажува болки а и јас чувствувам. Засега се трпат. Сум имала и претходно ама јас не сум чувствувала. Позз со сите и фала ви на подршка.
Мешиња утрово од кога станав имам болки у половината како оние кога добиваш менструација и половината тогаш како што боли така и сега ме боли. Нормално ли е или не е нешто у ред? Инаку сум 24+1 и мн ми е страв зш првата бременост во 23+6 имав предвремен пораѓај и сеа ме фаќа страв пак да не ме фаќаат болки за истото да се случи. Немам крвавење единствено само половината ме боли. Ставам утрогестан два пати на ден сега треба да ставам ама мн паника ме фаќа
Оди веднаш на лекар нека те видат, нема зошто да чекаш ако предходно си имала лошо искуство, ако не нешто друго ќе си ја смириш главата..
Уфф и јас се возбудив ајде со лесно мила Св.Димитрија нека е на помош,денеска е убав ден,за многу години да е воедно и на мм му е роденден
Јас си имам континуирано болки во кичмата од старт. Ако лежам ме боли грб, а ако се свртам на десно ме боли колк + крстот + цела нога. Мислам дека е нормално, ама ако те јаде од внатре нека те ѕирнат.
Има некој што му жежи само едното стапало, а другото не? Истп со оток едното е поголемо од другото. Маста не ми помага...
Мене едната нога ми жеже и како мравки да ме лазат другата не. Јас незнам дали да паничам или е нормално имам некое стврднување на стомакот непријатни болки како рецки ниско доле и неможам да станам што ме боли карлицата а ми се мокри на 5 мин.
Како ги гледам симптомиве болки во едната нога, вода и жежење асоцира на тромбоза. Ама ми правеа тест за тоа немам такво нешто. Али морам пак на лекар да се јавам да проверат оти стварно ми е жешко стапалото. Ах ќе пукнам од одење на доктори!
Ако не поминува со лежење оди на лекар, јас сум 24+0 ме заболува ама ми поминува. Веројатно си се врти некако се мести. Често ми се случува од време на време да ме здоболи менувам положба и за минута две поминува. Имаме термин со еден ден разлика опушти се и јас имав една болна бременост со лош крај, сега само позитивни мисли!
Мила Господ со вас да е, со лесно! Мене ми жежат двете стапала особено на вечер, но немам отоци, а прстите на рацете ми се здрвуваат и сите ковчиња ме болат на шаката, тоа е ново кај мене исто така имам како менструални болки но слаби, пешачење одбегнувам, неможам да одам одма ме боли долу ниско стомакот како да ме сечи нешто. Вчера друго што заприметив, имав како вода на гаќите, не стандард исцедок како што имам, баш пишеше пред некое време некоја членка тука за тоа, да не е плодова вода или така си замислувам? Си реков ако имам пак да одам на контрола бидејќи следно сум закажана на 19ти месецов, што мислите? Иначе 35+4 сум.
Поубаво оди на контрола побрзо на ехо да те видат , некои мамички имаа пишано дека може се припрема огранизмот веќе, со лесно на сите