Епа кичмата е, според мене ништо страшно стомакот оди напред и мора да боли кај некој порано кај некој покасно.
И јас ги имав уште од самиот почеток. Понекогаш дури како вклештено нешто позади во кичмата да ми е,секое движење болеше.
Вие што сте понапред од мене кога и да ве читав што ве боли,дали киселини,дали секрети си викав е мене не ми е ништо де,супер.. Почна потешка храна да ми смета. Денес плешките не да болат,корнат. Болката ми се шири кон целиот грб. Од утре 26та. Времето брзо минува..
Кој лекар те води во Охрид? И мене ме интересира апартманот како оди процедурата. А дали сте информирани за лекарите од Скопје што доаѓаат во Охрид?
Не сум била два месеци баш од кога почнаа да доаѓаат од Скопје ама ги фалат дека се добри, инаку одам кај др. Мимоза и се надевам ке се погодам со неа и за породувањето, од Понеделник планирам да одам на цтг кога ќе е таа па да видам да се договориме. Ако добиеш информација за во апартман како е пиши, мене ми е најповеќе за посета да може да ми дојде синко
Женски, ниту во прва ниту во втора бременост не ми мереле цервикс Ако сѐ е во ред со бременоста не си ставајте на мисла непотребни работи и прегледи. Во втората бременост (која беше скоро) не направив ниту едно Цтг. Слушајте си ги докторите што ве следат.
И се јавив на матичната и кога и кажав што чуствѕвам ми рече оди право у болница можно е да се контракции почетни и ме испаничи цела бидејќи у Велес немаме доктори во болница па ми рече да одам во Ремедика кај Др.Хаџи Лега бидејќи и пред тоа одев кај него на контроли. Бев кај него он ми измери само вагинално грло на матка ми рече дека ми е супер 35.9 беше и ме прати на електромиографско иследување-EMG за контракции на матката ама немаше ништо и ми рече да земам утроестан по 3 пати магнезиум по два пати ако имам болки и парацетамол да пијам и чај од брусница ако не ми поминело за два три дена да одам за бубрезите да проверам песок да не сум имала. Сега само така ми е здрвена половината се плашам уште ама се надевам у ред дека ќе биде
Не би рекла дека се непотребни прегледи. Ако не го измерат цервиксот како би знаеле дека дошло до негово скратување и дека треба мирување, ако не го измерат како би знаеле дека недај боже дошло до фунелинг и треба серклаж? Затоа и настануваат предвремени породувања од тоа што многу доктори се немарливи слободно ќе кажам. А, симптоми не ни има кај голем дел. Ако нешто може да се спречи зашто да не се спречи, неколку секунди е мерењето цервикс и не, не боли.
Муабетот ми е не треба сами да си бараме некаков преглед, докторот е тој што треба да процени што треба да прегледа и на какви испитувања да нѐ прати освен тоа што е задолжително. Непотребен стрес си прави секоја трудница читајќи ги форумиве. Затоа сакав да кажам дека не секоја трудница е иста и ѝ се прават истите прегледи.
Се согласувам дека не секоја трудница е иста, но на секоја може да и се случи тоа, нема ограничување во години, предходни бремености, баш на било кој може, затоа мерењето цервикс треба да е основен преглед како што се брисевите скринингот пример, се со цел да се случат немили настани. А, знаеме нажалост какви доктори има некогаш треба сам човек да им спомне за да им текне дека треба нешто да прегледаат.
И јас мислев така. Кај двајца одам паралелно. Минатата недела со болка во јајник континуирана бев на ургентен во Систина, случајно се погоди Димчев. Кога ме праша колку ми бил цервикс, му одговорив дека појма немам, виде дека негов колега ми мерел само абдоменално и се чудеше како е можно никој да не измери вагинално. А се работи за близначка бременост. Во 20та недела абдоменално пишува 43цм, а сега кога измери он 25та беше 36,4. Епа има разлика. Од сега има секој преглед да ми мерат и оро да играат. За вагинално не влегуваат со сонда којзнае колку, само на почетокот.
Леле душичко.. стресови се знам.. знаејќи ја првата бременост па затоа сега се сакаат да си провериш, ама гледаш немало знаци за предвремен,не мисли на тоа еднаш се случило не значи дека пак ке се случи,мене не ми паѓа на памет предвремено активна е ептен и болките се јавуваат само кога не ми годи положбата .. дај боже да е се во ред и кај тебе и да имаш лесна бременост. Гледај колку можеш по опуштена да си бебето осеќа се..
Оо па дали осеќа душиче кога ми рече така матичната ја мн испаничив незнам патов велес скопје мислам цел век ми беше и бебче кога почна да мрда чуставуваше и тоа дека ја сум вознемирена..сега само здрвена ми е половината др болки немам а може и од страв се стегам сега па затоа само дај боже се да биде у ред кај сите да си гушкаме бебиња наскоро
Здраво феминки, сакам да прашам дали имала некоја од вас искуство во тек на бременоста да се појави намален хемоглобин.. До сега крвната слика ми беше перфектна, железото и останато но на последната контрола докторот малку ме загрижи за хемоглобинот, па сега и маж ми треба да испита крв да видат како е кај него.. Ве молам за совет, се е добредојдено. Поздрав
Кај скоро сите трудници се намалува и хемоглобин и железо мене на 106 ми падна, па се пијат лекови за покачување и така натака не е страшно, нормално е.
Какви лекови имаш пиено? Мене ме исплашија со тоа што ми кажаа дека намален хемоглобин може да му наштети на бебето и дека доколку и кај маж ми е исто ќе мора да стравуваме додека не се породам и не видиме дека е се во ред