Значи сум приметила јас кога ќе прашам нешто никого нема да одговори божем "незнаете" секогаш вака нее прв пат..
A sto pies od lekovi za hemoglobin mojot e 10 hemoglobin a drugoto se e odlicno I mi rekoa denes da pocnam so heferol pak prethodno gi piev za zelezoto Pravese li bris vo 35 Ned
Не се секирај и јас кога прашував за полипот и за крварењето никој немаше, па ете здравје помина мислам помина време, 35 недела сум и докторот рече нема веке ризик. За ова исцедокот мислам дека не е многу страшно, еве јас конечно на трети земени брисеви и после две дози антибиотик немам стрептокока, а имам исцедок и со боја и со мирис, ама си викам нормално е, дури не ми се ни верува дека брисевите се во ред
Јас пиев кесички како магнезиум директ беа 20 кесички 950 ден од Зегин се викаа Сидерал фолико. Само една доза примив тие 20 и ми се качи на 116, па док ми рече немора да ги земам пак ама јас сакам уште една доза да си земам сега птед пораѓај.
Еве јас зега читам и ќе ти одговорам. И јас од денес имам бел густ исцедок,брисеви чисти нема ништо,докторката ми кажа нормално си е се телото се спрема за пород а исцедокот не штити од инфекции. Веќе две недели имам чуден исцедок а сее ок.
Една молба, ако зема некој Гастал за киселини и ако го чува кутивчето да провери дали содржат шеќер. Треба да правам лабараторија ама киселини не се издржуваат, морав да земам . Го најдов на нет упатството ама не пишува. На ГастроГард има на самото пакување.
Добро утро мешиња има ли будни? Јас сум на работа и многу е досадно време не поминува. Мешко расте одвај чекаме да дојде терминот за преглед, веќе почна да се осека како мрда, рацете постојано ни се на него па и мм вели демек го осетил, не му верувам сигурно лаже затоа што постојано го прашувам, осети? Се преокупирав со игрички на моб само за време поскоро да мине, и така секој ден работа спиење јадење игричката и се во круг. Како ви поминува на вас денот? Мила како е? Чекам да не израдува.
Добро утро,има како нема,будни и ненаспани,спиење слабо деновиве . Јас од денес 39 недела влегувам,па се надевам за скоро ќе се смилува бебе да излезе.Кога сум дома едвај чекам,а тргнам на болница,си викам,море ај нека си поседи уште малку.Ме фаќаат паники. Само се молам се да помине како што треба. @Milaaa991 не можам да ја тагнам,кажи ни како помина,веројатно си породена
На сета мака ме насмеа Да знаев или да сум искусила радо би ти одговорила, јас сум после тебе досега немам таква промена. Јас лежам цела саката, нога ме боли, половина и лева плешка. Никако да најдам позиција за седење, а тек за спиење...
Сосема е нормално,се спрема телото заа породување, штом нема мирис и боја не е страшно.Доколку стане погусто и има крв може да е мукозниот чеп,тогаш може да одиш на лекар.И јас имам зголемен исцедок од кога влегов во 9.
И јас сум иста само си читам и незнам што да вратам, да знаев зошто да не сега учам ама за наредна сигурно ќе знам @supergirlmb ајде дај боже поскоро да си го гушкаш бебушот, верувам дека нормална е паниката ама тоа што следи е незаменливо така да за нив се ке издржиме Мила и јас неможев да ја тагнам се надевам веќе ужива во прегратките со најмилото
Намален хемоглобин е резултат кај секоја втора трудница. Бебето ќе црпи и од резервите за да расте соодветно. Тебе може да ти прави проблем, како вртоглавици, истоштеност, константен умор. Ама затоа гинекологот ќе ти даде соодветна терапија. Дома исто можеш да си направиш мед со семе од коприва и лимон, јади цвекло, црвени плодови и се ќе биде во ред. Со препаратите за железо обавезно земај и витамин Ц. Или после јадење богато со железо шмукни си лимон, или сега сезона на портокали, мандарини, па земај ги паралелно со продуктите богати со железо.
Мешиња половината ми помина ама од ноќеска грлово и носот ме мачат изгледа грип ме фана и главата ме наболува па можеби и затоа половината ме болела обично грип кога ме фаќа знаат делови од тело да ме болат. А и докторот вчера ми рече може да е од настинка што те боли половината хаха и излеа стварно така ќе испадне.Парацетамол смее да пијам нели? Др незнам освен чај за грлово пудинг топло чоколадо др нема што.
Само што влегов во 7ми месец и од вчера чувствувам повремени менструални болки, скрос долу во јајниците, колку се нормални во 7ми месец? Сакав да пуштам правосмукалка и да изџогирам ама гледам утрово ме надболнува и не знам дали да одмарам дали да зачистам..
Ајде фино лепо да си легнеш да си се покриеш,филмче да си пуштиш и да си се олабавиш,каква правосмукалка каков џогер,да си се поштедиш Јас 4 месеци не сум активна во однос чистење,на нерви ми оди и стан и прашини што гледам и што чекам мм да зачисти,ама ми кажаа на почеток строго мирување јас сериозно си сфатив и си применувам а пред да останам бремена само чистев тоа ми беше терапијаама брзо се одвикнав
E така да си знам и јас мојава матична за ништо не ја бива.. а докторот да не го замарам цело време па затоа подобро вас да ве прашам што сте пред мене..ти благодарам многу Не напротив не ви се лутам на вас што сте после мене.. туку тие пред мене сигурно знаат ама ги нема да одговорат затоа и пишав така.. ама битно ми одговорија сега знам дека е нормално.. ти благодарам многу Прво пат после толку месеци имам ваков исцедок густ малку мириса ама нее лошо сигурно се спрема телото..ти благодарам многу