Јас кај матичната не ни одам,само за извештаи одам. Јас сум од оние што "ги колат" во државна. Кога бев пред три недели на преглед ми мереше цервикс и ми рече имаш исцедок за секој случај брисеви,но беа чисти и после отидов да и кажам рече ништо не ставај тоа си е нормално,телото се спрема за еден месец ќе станеш мајка. И одмивај се со камилица мене после ми е полесно.
Мене докторот ми кажа дека ќе чекаме или 38/39та да се породам сигурно гледа нешто ама не ми кажа па затоа и сум досадна малку се плашам.. цела ноќ не сум поспана
Јас цела недела се дупнав од спиење дури и чудно ми е,сабајле го испратив мм на работа и дури сега се будам. Мене ми го корегира терминот и мк рече се гледаме на 12 ти тогаш ќе бидеш 34 недела и викам значи нема уште многу прегледи до крај ми одговори ќе видиме може и да нема ич или уште еден и сега само мислам да не ме пораѓаат порано Ајде низ што поминавме крајов лесен ќе биде
Вчера немав сон будна цело време сега сум како пијана неможев да заспијам од еден куп мисли што ги имам во глава плус грип ме фати така мислам нос затнат неможам да дишам како што треба грло ме боли многу па ред беше сега баш да ме фати кога нетреба со спиењето катастрофа неможам положба да фатам ни да се свртам ме боли многу долниот дел од стомакот па кога се вртам ќе ме здоболе тој дел стомакот гледам огромен ми станал охх маки слатки маки чаре нема освен пораѓај ќе издржам уште малку.. пријатен ден се најубаво дај боже наскоро сите да си се гушкаме со бебушките
ми рече на 19ти ноември ама незнам дали ќе одам...бидејки ги почнав клексаните,она ми рече тогаш дојди во 35 недела да ти кажам дали си за клексани...а мојава др рече одма да ги почнам да не чекам,така да незнам дали да одам кога веќе ги почнав
Еве и јас да се пријавам во неспиените. Луѓе секое сабајле сум од 6-6.30 будна,сабајлево рекорд од 5. Па се зафатив да чистам и бришам прозорци. Паника ме фати да не се породам,а дома хаос да ми е. Со што се замарам,боже. Најмачно ми е перењето ,не можам крај да најдам. Тројца сме дома,а секој ден по две машини. Па уште завеси перев и навлаките од душеците. За живо чудо не ми се спие.Да ја искористам енергија уште додека ја имам. Инаку добро сум,понекогсш само осеќам стомакот како да ми натежнува надолу,мислиш ќе ми испадне. Да беше толку лесно. Ама немам болки,киселини ништо. Добро е,вака да тераме.
Пак јас мешиња со овие болки веројатно лажни повторно. Целиот стомак ме боли,половината ме боли пукнав више. Не го мерам времето. Досега обично за еден саат ми поминуваа па сега ќе следам и ќе видиме. Веќе сум и нестрплива. 38+3 сум денес.
Јас демек кифли ќе правам и да замрзнам за нова година тогаш веројатно ќе немам сила, така омалаксав среќа не се струполив стоејќи. Значи факт на денот: стоењето на нога во едно место не го можам повеќе.
Денеска цел ден кивам и ми студи и главава ме наболува како настинка се напив еден парацетамол не смета нели? Читав дека смее парацртамол во бременост
Леукоцитите 16.8. Во урина бактерии нешто пишува. Сега да правам уринокултура или да земам одма антибиотик? Не сум имала до сега, нз како иде. На леукоцитите на урина имам три +++. А со маснотииве што да правам ? Вкупен холестерол 9.58. Полоша слика у живот сум немала.
Јас имам пиено парацетамол. Со дозвола од матичниот гинеколог. Мојот гинеколог по третиот месец, по завршување на органогенезата кај бебето ми рече дека во случај на неиздржливи болки може и аналгин до три пати неделно. И неодговорна,ваква,таква,пиев. Не до три пати неделно ама во девет месеци три пати се имам напиено поради голема забоболка, што еднаш завршив и на ноќна служба. Јас кифли пред една недела направив и тоа две тури одеднаш. Мајка ми ми рече дека сум тешка будала. Ако не се породам следна недела ми е план пак да правам што за нова година што гости што ќе доаѓаат за бебчето после,нека има. А и јас ги обожавам. Ми отекуваат нозете по завршената работа квалитетно,ама ќе се изборам за масажа на стапалата и поминува. И половината исто боли и како мравки по грбот да ми лазат. Нормално е се ова кога му кажав на докторот се што чувствувам ми рече тоа не е ништо чудно ниту специфично.
Добар ден мешиња, Нека ви е со лесно на сите мамички кои се при крај, за брзо да се гушкате со малечките . Јас ја терам 18 недела и се чувствувам супер, ве читам вие што сте при крај и се велам леле што ме чека. Сега гледам да уживам во овој период. Мешко е уште мал, лесно се движам, немам проблем сеуште со спиењето, си функционирам нормално. Да собирам енергија за после 30 недела . Бебушка си мрда но движењата се многу мали за да може да ги осети и тато, па едвај чека да го клоцне