Здраво мамички еве јас да ве поздравам на кратко. Јас и моево бебче сме добро имаме малку мачнини наутро но за него вреди да се помине низ тие порти. На контрола треба да одам за 2 недели па ме интересираше на колку недели ви кажа за полот ? Нестрпливо чекам да ми кажат што е . Инаку еве да се пофалам јатрва ми се олесни се породи пред 1 недела роди машко дете со тежина од 3560 гр ,се породи во кавадарци и мошне не помина добро но сепак не се жали ништо не е поскапоцено од неа и детето.(така велам бидејки и покрај упатот за природен пораѓај девер ми плати 150 евра на лекарите за да ја пуштат од болница).
Значи денешниве лекари етиката ја забораваат дома Ама битно она бебчето се добри.Нека е здраво живо и весело. Иначе полот би требало од 16 недела натака да може да се види. А иначе која недела се породи јатрвати ? Јас периодов повторно сум се нервози не ни знам сама како излегувам на крај,башка и финансиите се кратки единствено ме интересира бебчо. Да се роди здрав и жив. Машала секогаш си клоцка, ми дава знак дека е тука,зедов вчера и канестен крема да видиме дали ова чешање ќе престане веќе еднаш засекогаш
Добро утроо за освестување Јас вчера бев на преглед , 15 недела и некој ден ... Ми земаа некои брисеви и само на кратко ѕирна на ехо дали е во ред бебето ...нареден преглед ке се види и полот . Бебето пораснало го гледавме сите ... Мм ,детево со мене исто Ете така , нареден преглед и дефинитивно ќе се знае дали Б... ке добие братче или сестриче
Добро утро мамички и од мене овие неколку дена не ми се лоши насабајле па можев да го Испијам утринското кафе сакав да ве прашам дали зиете каде има некои добри книги за бременост а уште побитно за после породување. Знам дека на интернет има се и сешто ама јас сакам книга во која ќе има по ред објаснето за растењето на детето и негово одгледување. Малку ми е рано, но со време да се спремам хаха. ( свекрва ми по природа многу сака совети да дава посебно за гледање деца, ама јас пак несакам да ги примам да не се разбереме погрешно, нивното искуство не е за потценување ама да претеруваш. Еве пред некој ден била кај една роднина што има бебе,кога ми кажа што се им изнакажала дека треба да прават,косата ми се крена така да јас да си се спремам. Убав ден на сите
elenn јас имам една многу убава книга за бременост ! Ја добив подарок од една пријателка Das Mami Buch во него е опишана цела бременост и породување , се до 6месечна возраст на бебето! е сега мислам дека и во Мк сигурно има книги на македонски исто убави , можеш да си побараш. Имам и книга исто за дете , од раѓање па до 3 годишна возраст. Исто и таа книга е многу убава , има многу убави совети за спиењето на бебето , за сите работи поврзани со него! Мене не ми беше од некоја корист како да го одгледувам детето ,сето тоа си дојде природно ... На почетокот кога ќе се роди бебето секако дека ке имаш и совети од мајка/свекрва кои можеби би ти биле од корист, ама да е со мерка .... Мене пример многу убаво ми дојдоа совети од мајками која преку 20 год работи со бебиња , во врска со доење , бањање и сл. Ама понатаму сама со мм , никој не дозволив да се меша во врска со детето ...
Гестациските недели и беа некаде 36 мислам но според тоа колку бебето било развиено 38 недела и кажаа не се сеќавам баш
добар ден денеска цел ден лежам у кревет мрза ме има фатено скисната сум ми иде се живо и диво у пм да те отерам сите ме нервираат нешто многу сум нервозна у последно време а тоа колку сакам да се дерам да не го спомнувам... гледам повеќе да се контролирам ама не бива од внатре иде тоа едноставно со некои личности неможам да најдам заеднички јазик и многу ме нервираат неможам да се контролирам од нив... сега ќе излезам да се излуфтирам малку да ми помине ( ако не се вратам бетер дома нервозна )
Ајде мајки со втора бременост да ве консултирам-дали со втората бременост имавте порани знаци оти сте бремени? Мали мој кој има година и недела дена еве веќе одбиен од цице од 8 полни месеци ни млеко после месец дена имав ниту капеше, а сега од нигде никаде млеко капки од градиве? Да не сум пак бремена? За тест е рано па ќе видиме дали ќе се дружиме во труднички муабети или не за некој ден
Ноеле, сега зависи ако користите заштита нема шанси да си бремена инаку во врска со млекото, јас имав многу млеко ќерка ми ја одбив на 11 месеци и сега ако ги стиснам градите ќе излезе некоја капка, а ќерка ми е 2,5 год незнам дали млекото би имало некаква врска со бременост
Здраво драги феминки! После неколку недели пауза, повторно да ви се придружам. Не можев од кревет да станам, ептен се настинав. Највеќе испаничив за малото, ама фала му на Бога се помина во најдобар ред. Со мало задоцнување срдечни честитки до новите мајки и топло добредојде до новите форумџики на темава! Со малиот сега сме добро, редовно одиме на контрола, овој месец на 24 - ти треба да ми земат брис, докторката ми вели дека уште овој брис и после лека полека да се спремам за породување. Ве гушкаме!
Девојки нели млекото се прекинува со инекции? Или јас имам погрешна информација? Мислам дека не е во ред да се има млеко долг период по одбивањето, поради можни комликации како мастит и сл. Најдобро да се консултирате со лекар. Инаку според мене не би требало да има врска млекото со евентуална бременост. Ноеле ако се сомневаш направи си едно тестче, ако си бремена нека ти е со среќа.
Јагода, мали мој полека се одбиваше и така и млекото запираше. После некоја недела воопшто немав млеко, сега еве ако стиснам има капки. Природен процес е се и не треба инекции ако не мора. Инаку мајка природа си ја наредила за полека да се стиши и млекото после одбивање. Коритсаки-Не се пазевме. Поради обврски мм беше на службен пат и кога се видовме...веќе се знае. Е сега кога пресметував на калкулатор за плодни денови оти ми каснеше последниот пат а јас по старо се водев, по новата пресметка баш ден после односот ми бил најплоден. Се двоумам оти сум мн уморна, поинаку се чувствувам во стомак кога го кревам мали, е сега чекам јако сина црта да потврди или негира бременост.
Еленн имаш книга во Матица Македонска што се вика Што да очекувате додека очекувате бебе.Чини околу 800 мкд и е доста позната во светски рамки.Можеш да ја разгледаш и на страната на Амазон.(таму ја дава докај триесета страница). Истата има и продолженија за откако ке се роди бебебто итн.
да прашам ја вака за после пораѓај сите пишувате ВИР улошки какви се тие? не може always да се земе или како иде тоа?
Hello и од мене...јас сум одлично, не сум болна Денес бевме купивме количка од пра бабите и дедовците, и поклон кадичка со даска за пресоблекување-од моите. И така цел ден ми стојат расклопени во соба си ги гледам А сестра ми брм брм си прави со количката по соба Инаку јас сум супер, денес дури и на натпревар бев очекував дека многу повеќе сум излезена од колосек со резултат ама испадна добро. А сега еве дремам дома, и се канам да почнам да куцам семинарска. Инаку бебушко е добро, цел ден прете активен е денес ептен....па за 2 дена ќе го видам, веќе со нетрпение чекам
Тие се многу подебели улошки од обичниве со мрежичка се барем тие што јас ги купив. Жената крвари по бременоста поготово многу обилно веднаш по породувањето така да можеш да замислиш што мене ниту дебеливе улошки ми помагаа па така да пелени за старци носев ама тоа само првите 4-5 дена.
ВИР улошките се обичен памук превиткан во мрежичка и за разлика од always се похигиенски. Кога жената е породена склона е на повеќе бактерии бидејки крвари пообилно и нормално сеуште е „подотворена„ од самиот пораѓај па треба „таму доле„ да дише, а со always тоа е невозможно. Затоа се препорачуваат тие улошки или ОNA со мрежичка, слични се и се е навика, ќе се навикнеш и на нив. Еве јас веќе еден месец ги користам бидејќи ставам вагиналети Утрогестан и похигиенски ми е да си ставам од нив, да не ми истекува на долната облека бидејќи секојдневните улошки се строго забранети во бременост. Поздрав.
Добро утро трудници...како сте Јас сум супер од сабајлево,...бебушко си мрда, и ете само на утрешната контрола размислувам