Девојчиња, уринокултура се прави со урина од било кој дел од денот. Хемиска анализа на урина се прави со прва,утринска урина.
Мамичке како ги осеќаш движењата на малото.Јас вчера добив лоша вест и се уплашив наеднаш,но за кратко време се смирив заради бебушот.Но тоа срце мамино веројатно го осети тој стрес и се вознемири па половина час осеќав нешто како постојано ми мрдка во стомакот, на допир не се осеќаше ама јас чувствував, е сега ако сум помешала со цревата нез.. Инаку јас сум 17+5 и мешко веќе се познава ❤
Девојки ве молам за искуство. Вагинален секрет имам буквално како чешма, брисеви во 15 та недела уредни, сега во 25 ги повторив и повторно се уредни. На контрола сум дури во понеделник.
Јас три пати одсабајле имам течна столица,додуша мене еден месец ми е течна ама само еднаш во денот илинна два пати,дрнес три пати. Нормално ли е ова во трето тромесечие?
Мене ми е од старт таква. Сега Хеферолот нешто ми смени. Мислам дека е од магнезиумот, т.е 99% знам дека е од него. Јас пијам 2*250мг а некогаш и 3 кога имам повеќе грчеви. Исто и на овошје ми реагира стомак. Ако сакаш пробај ден, два не пиј, ќе видиш.
Верувај боље така, него опстипација. Ја така се тешам. @lackygirl ти дадоа антибиотик? Мене ми е најмногу заради него, и онака ми е ренде желудник...
Исто и јас имам течна столица веќе 2 недели, за железо не пијам ништо, само магнезиум по 2 во денот. Изгледа и тоа е нормално како и се друго. Не не немаше ништо на резултатот од уринокултура, немав ни мака јас со мокрача никаква. Ништо не пиев.
Душо како иде со клексаните? која недела си и до кој недела ќе треба да ги ставаш Повели, јас си заработив 15 нова сум и јас со нив, не знам баш дали ќе можам да ти помогнам...
Жени поискусни со бременост, да ве прашам нешто Кога почна да ви се спушта стомакот? Јас сум 36, и денес една пријателка ме виде, ми вика: Бајаги ти е спуштен, кај и да е ќе се породиш Немам никакви болки, ни па симтоми за пораѓај, бев во 35 не контрола, др ништо не ми рече. Не знам шо да мислим
Никогаш мене.41ва стигнав со првото, се породив и не ми беше спуштен, се надевам сега дека нема да е така горе
Денес трети ден ќе ми биде со ставање,навечер ги ставам само..не било страшно,маж ми ме боцка знае он ме боли малку на почеток и толку...др ми рече да земам 10 па да одам на контрола да ме гледаат па според резултати ќе видиме до кога ќе ставам.ваљда ќе ме праќа пак да проверувам димери...реАлно димерите ок ми беа 1200 ама другите кратенки ми се намалени па затоа Во понеделник сум 34 недела Исто и јас 10 ми рече па натака ќе видиме еве трети ден ги ставам...тебе зошто ти ги препишаа? Која недела си Ти која недела си срц и зошто и тебе ти дадоа клексани?
И мене ме интересира за движењата како се чувствуваат и кога прв пат ги почувствувавте ? Денес сум 14+5 и едвај чекам
Јас се боцкам од прв ден сега сум 29 недела, некогаш и по две. Има тема за д.димери може ќе си најдете некоја инфо.
@Ringishpil_ , движењата ги чувств увам како нежно галење, нешто слично на цревата само малку посилно и обично пулсира на едно место неколку пати како балончиња во мешето , кога ќе ја ставам раката и јас не ги чувствувам од надвор. Прв пат почувстував некаде средина на 16 ама не бев сигурна дали се цревата или бебчето сега веќе ја препознавам разликата. На секое движење се топам од радост Сигурно тоа што го чувствуваш е бебето само е многу нежно сеуште
@flower55555 движењата се како пеперутки или како тегнење во стомакот јас прв пат мислам дека ги осетив кај 18гн ама само еднаш е дури сега во 21 гн почнав почесто да ги осекам. Се е индивидуално, велат ако е прва бременост покасно се осекаат, кај мене излезе така но и немора да значи ќе дојде и тој момент сега опушти се и уживај