Иста бев и јас премногу сакав да го осетам бебушот па секоја недела пишував тука дека сеуште чекам и многу се нервирав, но на крај оставив само да почне кога сака и еве сега се дружиме, дај боже поскоро да си осетиш
Мене ми се доста болни коа ги ставам, ама среќа не трае повеќе од 15тина секунди. Јас од понеделник 32ра, искрено не разбравав зошто точно ми ги даде, не знам што ми кажа дека некој праметар ми бегал малку па превентивно да ставам па ќе видиме. На наредна контрола планирам да се распрашам се точно. Тогаш неспремна бев со прашањаа
Ваков инат само од полудени хормони може да се создаде, ги направив! Бујрум. Сега одам да легнам не можам на нога да стојам
Мешиња...да ве прашам дали пешачите и колку. Јас сум 22 недела и дневно по 4 км пешачам....па се мислам да не претерувам малку...иако убаво се осекам, ама сепак. А докторот не сум го прашала, зашто ми е страв од одговорот, а зависна сум од шетање ☺
Најинтересни се коментарите од страна Не си земај здраво за готово, докторот ќе каже кога си при крај. Мене колешка на работа ме убедуваше дека носам машко поради формата на стомакот, а веќе двајца доктори потврдија тогаш дека е женско. Ама што е наука пред бабини деветини, зарем не
Блазе тебе камоли јас да можев да пешачам, одвај 2 км на ден поминувам од мрза. Препорачано за трудници е да пешачат за полесно да се породат, само ако од д-р е кажано да се мирува тогаш треба мирување, ако не пешачи колку можеш ама побвно и со паузи
Ако немаш проблем со стврднување на стомак во тие недели пешачи колку што можеш повеќе. Пешачењето е најубав спорт во бременост заедно со пливањето, ќе ти го регулира крвотокот, а со тоа и притисокот. Самиот организам ќе ти каже кога е доста. До некаде 28 недела не би требало да имаш проблем. Први се стапалата кои страдаат. Купи си добри патики, никако конверс.
@AlicaInWonderland @Viki tonci Јас сум 35+5 недела кај мене не беа толку страшни димерите беа на граница ама бебето заостанува за некои 300 грама, мешето за две недели и нешто,па по препорака на гинекологот треба десет клексани да примам.И мене не ми се рузикуваше па се договоривме со трансфузиологот да видиме како ќе биде.Ми рекоа поткожно да ги ставам во рака и секој ден во исто време.Гледав читав маж ми сега ми стави и се надевам не грешиме нигде не беше така страшно.Искрено се разочарав кога видов дека бебчето малку заостанува а протокот си е се ок.Се надевам ќе издржиме и бебуш ќе потпорасне уште.
Јас тоа тегнење го почуствував мината недела кога пешачев или пред да заспијам некогаш ама тоа го препуштив на мускулите и лигаментите на матката заради ширењето а ете можеби било тоа а еве и денеска некои сензации долж матката ама си велам беба расте си прави простор,не секоја болка е лоша нели ❤
Душо не се нервирај, и јас бев исти случај, само плачев,... Па си родив дете 3400 гра а, здраво живо... Ништо не се знае до крајот на бременоста
@FreeMind абе се ставаат ли вакви слики во 9 навечер во тема на трудници @simona_baby и кај мене има некое заостанување од една недела, незнам точно каде, па затоа и мене ми ги даде. Немај гајле, ќе издржиме и ќе биде во ред јас сум сигурна дека ми ги ставаат правилно дека ми ги става сестра на гинекологија, ама бааги ми се болни мене, а гледам никој се нема пожалено дека го болат. Али ај, ми е гајле, само да биде се во ред, се трпи
Да Ви се пофалам се дотерав и излегов во кафана на музика да да со стомачево со двајцава синови во 32 +5 недела и маж ми под рака ме видоа луѓево си испив една чаша вода и станав си отидов дома почна главата да ми трне, мачнина ми дојде малаксав ...... не сум нормална дома од панелката се гушам стомачето ми се стврднува, киселини ми идат а отидов во кафана .... а таму загушливо многу љуѓе дим од цигари храната мириса ..... ајј бременост
Несакам некој погрешно да ме свати ама мислев и претходно да пишам, многу често се спомнува во групата за јадење кој што јадел или напрвил. Јас не се сомневм дека сите сте одлични домаќинки ама ако може барем да не се спомнува тука, тргнувам од мене јас сум многу стрвна во последен период а верувам дека има и други како мене. Пак ке кажам некам да ме свати некој погрешно ете немора и да се практикува ова што го пишав, јас имав потреба само да кажам сендевам ке се сватиме Имајте убав сон мешиња ние веќе наниме
Кога пишував тука со првата бременост беше “забрането’’ да се збори и да се става слики од храна. Ја разбирам Бони, ете и мене ми се пријадоа кифлички кога ги видов оние на FreeMind, среќа имав во замрзнувач па си ги подгреав во микробранова. Кој не е стрвен не знае колку може да ти припадне кога во ниедно време ќе ти се пријаде нешто.
А со темата "Фемина Инстаграм" што правиме? Ако ти се јаде нешто, врзи му на маж претсилка и затвори го во кујна нека учи.
Тоа е инспирација да влезете во кујна и да направите. Патем стрвноста и брменоста се бабини деветини и на никој ништо нема да му се случи ако сака да касне нешто, а нема во моментот. Никаква поврзаност, наука или истражување нема. Така да Добро утро на сите сум спиела цела вечер и какви соништа ми дојдоа...бебето си го повивав цела вечер. Ми дојде језиво, повторно соништата на сцена.
За инспирацијата во кујна да не збориме секој ден киснам во кујна и спремам различни специјалитети, морам мм е голем гурман и мерак ми е кога му готвам а за бабините деветини може и си во право незнам сеуште немам искуство чисто пишав затоа што обично пред трудници не се ни праве муабет за храна или секој те нуди нешто да си каснеш Како год добро утро и од нас, бевме на работа завршивме и сега одиме пак да одмараме
Добро утро и од нас две бебка цела ноќ мрдаше и воопшто не спиев, тек сабајлево сум заспала.... И јас се согласувам со FreeMind дека храната нема врска со бременоста и многу се нервирам кога ми нудат јадења секакви а јас не чувствувам потреба да каснам .... убав ден идни мајкички