Киселините ви се од мавање по желудник како што имам читано. Кај мене мава десно горе скроз џигер ми пара.
@ajaja95 ја без маска не излегував и онака од дома, сега ми е како очи во глава што носам. Болки во нозете т.е горе кај бутовите предните мускули, нормално е?Како да ме вртат веќе 3дена. И да прашам во 7ми се влага пример 26+1 или полна 27ма? @FreeMind има логика со киселините, мене ме фатија баш од кога приметив дека едното таму се забавља. Ни на сон не ми дошло дека бебе може да се упика таму горе.
Горе, долу, секаде ме отепа па долу некогаш кога ќе удри во вагина хахах непријатно е баш. Нека мава уште малку, после ќе се гушкаме
Секаде различно е влагањето во седми и верувај дека уште потешко иде Кај мене кога се крена нагоре јас два дена ќе умрев од лошење, мислам ми излезе бебе преку грло. Али битно е да се забавуваат, па кога ќе ми дое ќе види! )
Јас па благо не ни јадам. Којзнае што е точно и јас читав еден куп "симптоми". Важно спремна сум,спакувана и ќе си чекам.
Ние го осетивме во 20гн не дека беше класично мрдање ама како вибрација на исто место неколку пати, типично клочање незнам од која гн е сеуште не сме стигнале до таму неможам многу да ти помогнам, ама по тоа што читам од другите мешиња тогаш ке молиме да се смири да не клоца
Со лесно мила, јас ги примав еднаш растворени во малку сок од боровница така д-р му ги препорача, види пробај како ти е полесно, малку се тешки за желудник се надевам нема да имаш проблеми.
Ти си мила скроз на крајот така да од тебе очекувам секој момент да пишеш “тргам во акција” Иначе по учебник ( на часеви како не учат) ова лошење или течна столица иде како навестување дека телото почнува со процесот на подготовка за раѓање. Се треба да се дешава од 36 недела па нагоре. И натаму секое тело своја приказна.
Јас пиев х2. На сабајле прво доручек (пази на внесување на калциум, магнезиум,кофеин да е пред и по пиење бар 2часа ),витамин Ц500мг па во цеден портокал со малце вода ја сипував и полека со цевче. Втората ја пиев навечер, после вечера. Резултат за две недели, железо качено 10единици. Само немој на гладно и после неа не јади ништо. Малце се тешки, но да не беа тие немаше да можам да се движам.
Исто така да мешаш со цевка или пластично лажиче да не дојде во контакт со железно нешто.Јас ги пијам ама пијам плус вит б 12 и ц 1000 и фолна два пати ја мешам во мала чаша со сок од портокал
Не треба прва мокрача. Мин.2 часа од последно мокрење и за 2 часа да се донесе во лабораторијата треба.