Не би да те плашам, јас така го осеќав ептен ниско, само мрдање под папокот, дури и прашав тука во темава од кога почнуваат да го осеќаат повисоко и добив одговор дека веќе во 7ми месец се осеќало над папок. Јас си го прифатив тоа и чекав да влезам во 7ми месец ама пак исто, и некаде накај 28ма недела одитов на контрола му го објаснив ова на докторот и испадна скратен цервикс, ми даде терапија и мирување (боледување). Ништо страшно и да испадне така, ама најубаво иди провери си. Поголема е веројатноста дека така е наместено и таму мрда, ама ете, различни искуства
Веројатно да, бидејќи јас сум 29+5 и со недели ја чувствувам само горе високо. А и кога се движи се гледа дека е над папок. Според поставеноста во стомакот и дека сите кг ми се во стомак отидени лице и раце буквално иста велат е машко носење. А она е девојче и хормонски проверена и два пати на ехо видена, девојче 100%.
Демек ако е доле е женско, горе машко? @Bella* издржи машки, ете голтка една доста е. Мене лиги ми течат за црвено 3 месеци. Ретко пијам, ама ете ме фаќа стрв за вино не знам зошто.
И јас земав таков ми го препорачаа дека бил подобар од другите. По колку пати ставаш на ден овие два дена сум настината и затната одвај дишам па незнам колку пати е дозволено на ден.
Демек, има луѓе од око знаат што носиш, јас не знам што одам на гинеколог уствари идеш кај нив на две минути ти прават скрининг преку алишта и си одиш дома. Абе доста со виново ќе ми направиш и мене стрв баш сега на крајов
Мене ме сретна комшивка во Ск кога бев,ме гледа "Леле кога дојде? Бремена си?! Аааа машко е." Јас така подзината си останав,женава во две минути муабет ми погоди.
Луѓе ме фати мнг страв Одеднаш стомакот почна чудно да ме боли и бебето не престанува да ме клоца веќе 40 мин и ми доаѓаат нагони како за во веце одење,5 пати бев ама ништо лажно е....незнам што да правам Не престанува да ме шутира првпат вака дали нема место или што е работава...ме боли стомакот од што ме мава мнг Утре 34 недела рано е за било што
И мене ми се случуваше,докторката ми рече нормално е и да пробам кадата со топла вода да си ја наполнам и малку да си полежам. Пробај. Јас веќе втор ден со мачнини и менструални болки. Не многу силни,ама постојани.
Ич да не се сомневаш во македонската гинеколошка дарба. Абе од око те мава ич не и требаат ни снимки ни анализи. Не е само за плод и за болести знаат да ти погодат само еден симптом кажи и веднаш ќе те решат. Туку што ти рече докторката оти толку клоца бебето и боли како во случајот на бела? Поради место или се мести во карлица?
Замислете во недела немам куп алишта за пеглање Од утре до септември сум дома, ме фаќа паника Перење, пеглање и последни подготовки почнуваат од утре, а јас официјално започнувам 36та недела. Незнам зошто убедена сум дека за 2 недели максимум бебе ќе стигне... Петокот се испративме со колешките на работа, викендов со гости низ дома па дури сега седнав на одмарање. За периодов си дадов обврска да пошачам повеќе и да одмарам со GOT планирам да ги изгледам пак сите епизоди додека сум дома Иде бебеее, одвај чекам да ја гушнам
Од денес 36та Си мислам дека рано е, барем уште 2-3 недели ќе поседи бебуш, се надевам. Денес свекрва ми испра оградици за креветче, пелена, јорганче, ми ги испегла сите комплетчиња што му ги имаме купено, алал да и е плус ручек таа, неможам да се пожалам, мм метеше јас џогирав, бришев и еве сега лежам, течна столица продолжува, бебче активно 99% во денот, нз кога спие ова бебе и дали спие?! Од четврток на одмор па после здравје Боже породилно, доста е работење уште креветчето не ни е готово на фарбање е, и јога немаме купено, си велам ќе стигниме и тоа. Убава вечер на сите мешковци
Едно така малце попростичко прашање Почна да ми се познава мешето ама да прашам дали и вас во 4 месец ви бил мек,така кога лежам ми е мекичок. Незнам зошто имам замислено дека тврд камен треба да е
Јас немам када имам туш кабина па ќе влезам сега под туш...ми потпрестана со клоцање тек сега не ми се веруваше на толку мрдање без престан прв пат вака...(одма мисли дека ќе се пораѓам)
Моето меше од почеток е камен тврдо, акушерките ми рекоа цврста мускулатура на стомакот дека имам и дека веројатно бебе е покрупно. По моја логика мешко ми е тврд од вишок воздух, т.е нон стоп ми е надуен, заклучокот ми е донесен по тоа што наутро мешето ми е релаксирано и меко, одма после каснување на нешто се прави камен.
Да, во 4ти и 5ти ми беше мек знаев често да речам дека се чувствувам како нетрудна Не брзај и тоа ќе дојде, тврд камен.
Мене ми рече дека е нормално и убаво кога бебињата се активни. Сега е и поголемо (моево за машала) и затоа посилни се и ударите. А во мојов случај и е многу ниско и се мести. Додуша мојава докторка некако не се потресува многу многу за ништо. Може и да е нешто што сме јаделе па бебче реагира.
Како знаете дека се ниско бебенцата? Јас еднаш прашав во Систина, докторот ми се изнасмеа ми рече чаршиски муабети, колку да се најде нешто за зборење меѓу жените.
Па не дека знаеме, ама еве како што и претходно кажав осеќав мрдање и уради долу ниско, дури и болни беа, а како што стануваше поголем осеќав се поголем притисок во долниот дел и на контрола си прашав и испадна стварно. Тоа дека некој од страна ќе ти каже дека е ниско се чаршиски муабети, ама ако ти си осетиш нешто не гледам причина да не си прашаш