Јас го осеќав дека мрда долу скроз ниско,а и докторката ми потврди и ме праша "Сигурно мораш многу често во Вц". И така е,баш по бешика мава.
Епа мене Ивановски. Не знам, еднаш едното мава во желудник, после доле, другото во слабина. И така прашав уствари, демек да знам кое кај е.
Со првото посебно, имав такви страшни удари доле, плус сечење како со нож. Мислев рака нога ќе испадне уште од 7-8 месец. На пораѓај кога отидов доле притиска и клоца а бебе скроз горе качено, мораа да го спуштаат. Така да не е правило.
И јас што читам ја прашав мојата докторка дали е ниско ми се изнасмеа вика тоа си се врти. Утре е ден поминат на клинички центар на три места сум на контрола. Ме фати паника да не ме остават да лежам за шеќерот да го следиме така ми спомнаа пред некој ден,па спремив несесер и пижами спремни да бидат само маж да ми донесе,средив дома исчистив за чисто да биде
Не знам,јас верувам во тоа дека е ниско,инаку освен тоа што го пишав горе,штом виде дека е ниско докторката одма ми рече да прекинам со работа,повеќе да лежам и одмарам,буквално ми рече само она што е навистина битно да правам,а се останато да оставам. Ако не се придржувам,сакаше во болница да ме прати да лежам. Со скратен цервикс и уште бебе ниско,не сакав да ризикувам. Ама секако,секој доктор има различно мислење. Исто како со чајот. Докторката се насмеа и ми рече ако сакаш почни уште сега да го пиеш,ќе ти помогне само ако ти веруваш во тоа. Бабицата ми рече да не пијам многу да не предизвикам контра ефект,а апотекарката рече ако не пиеш барем две шолји на ден исто како да не го пиеш. И така,јас го купив ама уште не почнав.
Така е, Различни искуства, наше е да одлучиме. Освен Димчев, јас и тука прашав. Посебно првата бременост беше страшно со ударите, ми беше страв од предвремен пораѓај. Одговорот беше дека клоца со ножиња, притиска по бешика, прета, многу е активно...значи не му е време, не е наместено. Да беше со главчето доле, да наттежнуваше врз грлото дека ќе беше друго. А кратење на цервикс да, треба да се набјдудува, посебно пред влез во 9ти.
@danichap Да,кај мене беше негде почеток или средина на осми кога ми рече да лежам и мирувам само и дека е скратен цервиксот. Сега сум секоја недела на контрола. Последен пат ми рече можно е предвреме да се породиш,најмногу две недели. И да,бебето е веќе свртено и лежи долу ниско.
Kuti na mene za matocinata mi se iznasmea Dr trajkovski oti bev isplasena oti ne bil dovolno ispitan kaj bremeni zeni mi vika ti sto da ne preteruvas mnogu pies po edna casa dnevno I mi kaza da si teram so nego ako mi odgovara I go pijam uste
Пак ќе речам докториве се како бајачи. Кога бев кај матичниот и реков да измери цервикс, рече нема потреба горе биле. Сега овој се изнасмеа. И така... Наше е да слушаме што ќе ни кажат.
Еве ме мене и јас еднаш да се пожалам синока прв пат осетив така мака во бременоста, имав киселини, бебето размрдано на сите страни, не можев да си најдам згодна позиција нит за седење нит за лежење. Срека заспав и си спиев до сабајле без проблем И кога ве читам вас со вакви маки гледам дека не било лесно јас до утре полна 35, се гледа крајот кај мене сите што имате мачна бременост ви посакувам најлесно што може да ја истерате
Која недела си сега, мируваше ептен од коа ти кажаа дека е скратен, на колку беше скратен? Работата е што уставри докторите не го користат терминот носење ниско. Ете сите што сме осеќале така всушност испаднало скртен цервикс. Сепак има нешто, бебето притиска долу повеќе од нормално и тоа што ние си го викаме носење ниско, кај докторите е скратен цервикс, доколку нема скратен цервикс значи дека си е таман.
кога се мери цервиксот, која недела се гледа вагинално ? јас денес имам некако многу исцедок како бело и повеќе ми се направија гаќите водени дали е нормално 21 +4 сум дали е нормално ? и кои испитувања се прават наредни ?
Нормално е се додека не те чеша или ако има непријатен мирис. Ќе имаш до крај таков исцедок, ако направивте втор скрининг, следно е во 28 недела за скриен шеќер, а крвна слика си правиш секој месец. Потоа во 35 недела се испитува стрептокока и нема други испитувања освен ехо стандард како што си одиш
Бев на преглед утрово на ехо се е во ред, плодова вода ок, постелка втор степен зрела таман за 36та недела, цтг мирно, вагинално не ме провери рече да не испровоцира, а јас имам благи менструални болки цело време и огромен притисок на препоните, левата нога целосно ми се здрвува на моменти, докторката рече може бебе притиска на некој нерв и дека болките се нормални се спрема телото, но сеуште е рано и ми кажа за една недела на преглед. За цела бременост што не ставав на тежина сега на крај ставив 5 кг за еден месец вкупно 13 до сега ама на стартна од 85кг ме испокара докторката и рече намалам леб и благо да не направам проблем со притисокот.