Сега сум 36+4. Да,откога ми рекоа сериозно сфатив и многу лежам и одмарам. Не ми кажа на колку е скратен,само ми рече дека е доста и дека ако не се придржувам,ќе морам во болница. Во среда пак имам контрола на секоја ми мери,па да видам што ќе ми каже. Бебето е крупничко,притиск долу ниско и најверојатно затоа.
Ти ептен на крајот ги фати киселините. Да не се мести бебе во карлица па да те притиска на желудник, можно е затоа да ти се појавиле. Ништо не помага се е само моментално за 15 минути, после пак се враќаат како и сите болки нормални во бременост
Мешиња мали и големки,верба денес беше на цтг после една недела. Тоа мирно. Доктор вика супер цтг,најава нема. Јас болки во половината,менструални големи имам. Постелка трет степен зрела,со лакуни. Добив и вагинален преглед,отворена не сум,ама омекнато грло рече. Ако добро разбрав може да почне во секој момент процесот....
Поминаа сите три прегледи на различни одели. Не ме оставија да лежам но си добив хотлер во рака за мерење на шеќерот. Бебе си е одлично си одговара на 33 недела постелката втор степен,плодова вода си има,протоци се е во ред,следен преглед за три недели. Докторката ми кажа во случај да ми пукне водењак да ме фатат болки да не паничам туку одма на клиника да се појавам,бебчето си има убава килажа и е спремно за надворешниот свет.
Леле страшна работа ова киселиниве. Малиов уште од мал многу бира, само тонус леб сака . Знам дека ми е од бел леб што јадев, ама ете мислев ништо нема да е. Ајде малку остана до крај ке издржиме
И ја многу мака мачам со киселиниве. И било какво тесто ако јадам, дали леб или нешто печиво одма киселини. Вчера пиев цеден лимон, аууу па тоа не знаете што ми се дешаваше после. Веќе мислам дека нема храна која не ми ствара киселини. Дури и млечни производи
Имаш некои индикации за предвремен или чисто онака те спрема докторката и јас сум 33 со скратен цервикс и ужасно ми е страв од предвремен
Ме спрема бидејки сум по специфичен случај,цервиксот е ок минатиот пат беше 32 а денес не ми го мереше рече нема потреба.
Јас денеска правев крвна анализа железото 7.7 паднало од 10 што ми беше,хемоглобнот 105 и тој се намалил... ке видиме на следна контрола што ке кажат за 2 недели. Него дали знаете ASC во мокрача што означува? Имам 1+
Во среда влагам во 38ма. Втор пораѓај ми е, првиот природен ама сега ме фаќа параноја. Како го надминувате стравот вие што сте при крај?
После еден месец денес бев на контрола. Супер си напредува,цел преглед преташе,ја чувствував како клоца и истовремено гледам на ехото.861грам е,свекорот се буни од каде докторката го нашла тој еден грам хахахаха Ми даде др,.тотхема ампули 10, хгб ми е 100,еритроцити 4,железото 23,тромбоцити 150и нешто. Д димери ми кажа само на приватно или ск на државно можело. Некоја од штип да знае далили на државно таму испитуваат? Тотхемата ми рече се растварале,како,во што? Мислам,вода или?
Јас ги пијам веќе некој ден, врати се во претходните постови, мене ми објаснуваа членките тука. Јас ја ставам ампулата, па малку сок од боровница,и со цефка ја пијам набрзина. Досега не ми се гадело од неа. Полсе саат до два пијам витамин Ц.
Супер мила @monik55 , јас во четврток сум на контрола кај др.Ливринова. А кажи ми кај кој доктор планираш да се пораѓаш? И дали ако не се погоди на смена , може да се договорите да го викнеш докторот од дома? И дали ти го корегираат терминот за пораѓај, бидејќи бебчето е цели две недели понапред според мерките...јас за ова матичната ја прашував, она вика дека не, не се менува терминот си е тој.
Се обидувам да мислам позитивно,дека наскоро ќе ми олесни и конечно бебе ќе биде кај нас. Можам само да се надевам дека се ќе биде во ред,ако не успеам природно,тогаш постои епидурална,доктори,бабици се околу нас и тоа е. Обиди се да мислиш позитивно,да останеш смирена и да си ја чуваш силата за кога ќе дојде време. Со лесно
Помина првиот толку очекуван скрининг Можам да спијам мирно, бебе е супер, се врти, мерки се супер, многу сум среќна