Секако, така и треба на крајот. Да се намести во карлица и така ќе чека милото до крај за испаѓање. Еден од подготвителните чекори на телото.
Да, само не можеме жариште да најдеме. Правев и брисеви вагинални, нос, грло се е чисто. Оставив денес пак уринокултура ама до среда не и се чекаше на докторката. Од 5ти месец ми се 16.80, 14.30 .сега пак 16.80. Пиев Цефалексин ама не паднаа ни со него, на 14 останаа.
Девојки бев седната јадев потоа станав и одеднаш како бодеж во грбот почувствував и неможев да мрдам повеќе беше како менструална болка бебе мава ниско доле многу мрда па дури и ме боли..
На ручек околу 14:30 jадев jуфки внатбе со сиренjе, а сега имам риба. Дали после 6 часа има врска и смеам да jа jадам рибата, дека комбинациjата не била баш добра? Малце застранив од тимата ама ми е страв
Веќе неколку дена поготово денес, имам многу низок притисок а пулс висок..пулсот доаѓа и до 111 а притисокот нај нисок што забележав е 87 високиот а малиот 54..има ли некој во таква ситуација, не знам што да пијам дали нешто би помогнало, кај матична дури во петок имам закажано. Инаку сум 7ми месец, не знам со бременоста ли е поврзано или нешто друго?
Женски бев на контрола попладнево бебка е супер си напредува супер, мрда, се тегне... Има 750гр. (23+1) сум, во 20+4 правев скрининг и беше 475 гр. Дали е ок тежината или треба да биде повеќе? На baby bump читам дека треба да било околу 600гр. А на почетокот ми рекоа дека од 6 месец натаму ќе напредува дупло повеќе.. Колкави се вашите бебиња?
https://forum.femina.mk/threads/Големина-на-плодот.6248/page-53#post-4190989 Види во темата. Но, сите бебиња не се исти, едни се раѓаат по 4кг, други едвај 3. Битно е да се живи и здрави килажата не е меродавна. Друго во мерењата има отстапки. Уживај во бременоста, ќе си порасне бебето колку е потребно.
@bella.s низок притисок = висок пулс, ако бираш од 2 зла подобро низок отколку висок притисок. Може да се онесвестиш само пиј вода повеќе, кока кола газоза кафе или јогурт со сол тоа го крева притисокот за кратко време. А не се паничи јас цело лето имав таков притисок и ок ми беше мали вртоглавици и малку повеќе срцебиење.... СЕ Е НОРМАЛНО ВО БРЕМЕНОСТА ШТО НЕ Е НОРМАЛНО
Јас сум од сам старт со низок притисок а висок пулс. На почетокот дури ми беше 80/40 а пулс 120. Многу лошо се осеќав. И сега имам такви денови. За притисокот ништо не ми кажа матичната, осведн дека е подобар низок. Неделава ќе прашам баш и второ мислење. За пулсот ме праша дали сакам да ми препише нешто за смирување, ама мене не ми е нити од возбуда нити страв. Од чиста мира ми лупа дури во уши осеќам. Ова почесто ми се случуваше од слабо железо, а сега осеќам кога едното бебе ми мава многу високо или кога сум многу гладна. Ако земаш прогестерон може и од тоа да е.
Мешиња јас вчера бев на преглед , бебето супер , ме ставија на Цтг и го слушавме срценцето Полна 28 недела ( незнам како јас се си мислам дека 27 сум ) Инаку некаде во 16 недела кога ме гледаше докторот рече изгледа девојче ке е кога тоа машко да ти биде веќе од наредниот преглед се воспостави дека е машко и така и си остана. Ке треба да пишам во термини на породување да ми сменат од женско , машко . И така , уште еден син
Моето го водат во напредок со +1 недела значи според ПМЦ сум 23+1 а гинекологот според мерење го води 24+1....тоа уште во 12 недела кога бев на скрининг.... Значи во ред би требало да е... Инаку нема никакви отстапки, максимално напредува
Од почеток го имам овој проблем, дури со неколку пати слошување. Никако не ми се крева мене притисокот ни кафе ни благо ни солено. Мислам дека само ако излезам да прошетам се стабилизирам, ама тоа сега, летото беше бетер. Пријател кардиолог ми препорача лимонада па сега тоа пијам кога ми е мака.