добро утроо женскии како сте. јас денеска подобро расположена си уживам по дома си гледам тв.. времето е убаво ќе излеземе на просетка на сонце малку убав ден поздрав
Јас баш така се чувствував пред да дознам дека сум бремена, уморна, како нешто да ме затегаше во стомакот кога го кревав малиот, не се ни сомневав на бременост бидејќи као се "пазевме" , уморот го препишував на промена на годишно време и се поголемата активност со малиот се додека не видов дека виновникот е ново мало натрапниче.
здраво ние сме добри,еве како два дена средувам малце низ стан. мешево е добро и бебуш е добар во среда ке си го видам вчера малце раката лева ме болише на горната страна исто и желудник малце како да ми потпежуваше,Mм рече можеби што се уморив малце?!!. сакав да ве прашам да не E некој проблем лежење во када,вечер ја наполнив малце вода и околу половина сат си седев внатре,мм вика не се плаши не се дави бебето не тоа туку ете малце страв ми беше после тоа дека да не е проблем?? поздрав
Битер, еве не знам кога и тест да направам. Ми каснеше минатиот месец пораги огромен стрес,на 18 после 9 дена доцнење ми дојде, задоцнета со тоа и овулација и сега на 16 као треба да добијам? И не знам кога да направам тест
не мила баш добро си напрвила си се упуштила.. како пливаат трудните жени во базени мориња... само не ставај некои купки или шампони да не ти се иритира пупата
јас не би ти препорачала лежење во када ни под разно, што знам мене шубе ми е, колку год да се чисти мислам дека неможе најнај да се исчисти, а башка да не ги спомнувам хемикалиите кои што се користат при чистењето...бремена си и си многу поосетлива на инфекции сега, мој совет ти е, избегнувај лежење во када друг пат, знам дека си уморна и ти доаѓа да се опуштиш...
Никако не смеете да стоите во када наполнета со вода , се полнат каналите на вагината и се создават бактерии. За истечни води како море или река да може да се бањате но многу кратко 5 до 10 мин , а во езеро никако најнечиста вода е .
за трудница е нешто нај добро да полежи во када тоа му чини добро и на бебето ова ми го имаат 3ца гинеколози кажано (20-30 мин)
Моја братучетка имаше спонтан во 3ти месец од лежење во када, а мајка ми прокрварила од истото. Мое мислење е дека не треба, јас цела бременост ја поминав под туш со млака вода од пусти страв да не ми се случи нешто такво, + некој спомна погоре, бактерии еден куп, неистечна вода итн итн. Сепак, твоја е одлуката. Поздрав
И мене ми препорачаа одмарање во када ама да не е многу топла водата и пливање во базен, море или езеро. Јас се утепав од пливање и од бањање и никогаш немав лажни контракции или други проблеми.
терминот ми беше до 7 октомври, еве една недела како бебушот води инает несака да излегува. сега почнувам да имам некои болки како стегање на стомакот и половината. може ли некој да ми ги објасни поубаво какви се болките и на колку време треба да почнат да се јавуваат за да одам во болница?
Такви се болките, како стегање во половината и стомакот. Гледај на саат на колку време ти се јавуваат кога ке почнат да се доближуваат земај торбцата и со лесно
коментариве ме збунија и јас кога се бањам се бањам со млака вода,иаку порано сакав потопла вода дA се испржам ама сега од потопла ми пржи стомачето и така се бањам со млака а и кадата ми беше полна со млака вода,сега за сега немам проблеми!. сепак за нареден пат ке размислам,и се разбира за ова ке зборувам и со гинекологор посигурно,поздрав до сите
Мислам дека веќе можеш да правиш тест, поминало 2 недели од односот, некои тестови покажуваат после 5 дена од односот, пробај ништо не губиш, со среќа нека ти е. На 20-тина минути ако се контракциите почни да ги сфаќаш сериозно, на 10-тина веќе треба да си во болница.
кликни на youtube и напиши ( aquagymnastik für schwangere ) и самата да видиш колку е добро за трудници
знам имам гледано тоа сепак секојA бременост е различна така да секое мислење беше потик да зборувам на ова тема со гинеколог,сепак мене ми е добро а нареден пат ке знам
Добро утро мешиња, како сте денес?! Ние еве се расонуваме, се галиме и се лекуваме со лимони и мед малку сме настинати Дали некоја имала во бременост мала настинка, со што ја излечивте ?!
^и јас сум се лекувала така, со мед, чаеви, инхалација и цеден лимон Инаку Добро утро и од мене....времево гледам не е нешто баш нај нај....ама тоа нема да ми го расипе расположението кое го имам од што сум возбудена што неска ќе го видам моето синче.
добро утро и од мене.. и не е баш некое убаво време многу тмурно у секој момент мислам ќе заврне... и јас нешто ко да сум настината затнан нос кашлица кивање... ај за тоа чаеви лимони ама за тоа што ме болат крајници некој спас???.... дали тие апчињата шо се за смукање како септолете и сл може да ги користат трудници??? имате ли искуство...